Ајде нека е среќен празникот на сите жени и од мене Јас не го славам, некако чувствувам дека уште ми е рано, девојка сум - не жена Иако синоќа за првпат отидов во ресторан со 200 жени собрани сите да го прослават 8ми Март. Не оти многу сакав, туку оти од фирмата не поканија сите вработени, а сите сме млади девојки до 25 години И да ви кажам, интересно беше да се видат жени на околу 40-50 години како се веселат како тоа да им е прв и последен празник во животот. Во воздухот се чувствуваше колку им е потребно внимание, не само тој ден туку и другите денови во годината. Сите гледаа да се расположат максимално, бидејќи знаат дека од утре се ќе биде исто како порано - ќе бидат малтретирани и понижувани, навредувани, дали дома или на работа, па затоа се трудеа да бидат најсреќни минатата вечер. Ете затоа не го сакам многу празников. А се сеќавам ко вчера да беше во средно кога трчевме по продавниците и цвеќарите да купиме подарок за нашата класна! Еј, ко некои будали биравме па се прашувавме дали ќе и и ја погодиме вазната, прстенот или белегзијата За на крај, таа да го задржи само златото а се останато да фрли. 8ми Март беше и уште е ден кога најмногу се истакнуваат наставнилките во градот. Нема шанси да не ги препознаете со еден куп цвеќиња, украси, разни подароци. Само оваа година се падна во сабота, за нивна несреќа, па можеби помала беше гужвата Или само мене така ми се чинеше оти одамна престанав да се заморувам со тие работи. Туку, прееска и го даваме подарокот со брат ми на мајка ми - знаете од оние чаши "Среќа е да се има најдобрата мајка како тебе...' и уште некои ситници, и се расплака жената. И мене ми се насозлија очите, а како ќе издржеме 1 месец сега кога ќе оди на гости кај татко ми, кој знае.
знае некој убаво да црта? Е, јас незнам. треба измислено кралство со кентаури да цртам, а јас само главата успеав да му ја нацртам на кентаурот. како вистински е, но нозете ќе излезат ко да бил во машина за перење.... Е лајтнинг затоа утре нема да биде на фемина туку ќе си цртка. Поздрав
Денес сите ми го честитаа празникот и си посакаа наскоро да станат баби, дедовци, тетки, чичковци, прабаби... И така. Почнувам да ги мразам празнициве. А да, дури и добив прашање дали сме се чувале. Ај ќе и простам, стара жена е.
А, жалосно е што половина од нив незнаат зошто се празнува денешниот празник, па меслат дека треба да си мажена за да го славиш празникот, а симболиката на денешниов празник е сосема друга. ?(Не се однесува ова за тебе само ја искористив твојата реченица за да не ја пишувам пак)
Никогаш не ми било досадно,ама сега сум на граница да кажам дека ми е и тоа ептен. Обично секогаш си наоѓам некаква занимација и секогаш имам еден куп обврски и работи што сакам да ги направам,што обично се жалам на немање време,а не на досада. Арно ама, деновиве сум настината и тоа асално! Кашлам,носот ми е за никаде,синусите ме убиваат. Немам температура,ама се осеќам како секој момент да ќе качам,така ме тресе треска.За никаде сум. Ги изгледав сите можни видеа од room tours на youtube, сите блогови на блогерки, сите направи сам проекти,ги изгледав сите можни излезени серии и филмови. И не знам веќе што да правам. Само се јавувам по телефон и замарам луѓе,да ми зборат. Налет на се, ради диетата не можам ни да се удавам во палачинки и крем или во некоја топла даска и пиво. Мх! Имајте убава вечер и бидете фини ако имате некое болно другарче,прашајте го како е и дали му треба некој да му се жали дека има затнат нос. И ако знаете иљач за синуси,кажувајте.
Многу неписмени луѓе. И не пишувам за да навредам некого, ниту пак некој ме изнервирал. Туку пишувам во буквална смисла на зборот. Многу неписмени и дури чудно ми е на 20+ години да не знаеш да напишеш точно некои зборови. Не зборувам за дијалекти. МЕНЕ МИЕ, ТЕБЕ ТИЕ. Сериозни сте?
Јас ќе ги прескокнам коментарите околу денешниот празник. Се прашувам што е со новопечените мајки и должината на нивните здолништа/фустани? Здолниште до под г**, па уште и чизми над колена! На што личиш? На бугарска певаљка душо! Да се разбереме, не сум некоја млада, исфрустрирана, напротив задоволна сум со својата тежина, носам фустани (здолништа ретко), но со прикладна должина
Драга Angel4eeeeee,ја сфаќам дека се радуваш што си женско,ама дај скроти тоа нарцисот што е во тебе,барем малку. Прво-никој не е перфектен,ниту мажи,ниту жени.Ако мислиш на физички изглед,има и згодни мажи и згодни жени..а карактер? Баланс меѓу физичко и духовно? И мажите имаат интернационален ден,во случај да не си знаела,и тоа 19 ноември. И они можат да облечат сино и розево,само што нашиве не изживеани граѓани одма почнуваат со предрасуди од типот Види го педер или незнам што,слични глупости. За сигурност чиви се децата,постои ДНК тест,па така и мажите можат да бидат сигурни,само што природата не им дала да раѓаат. Тоа што како жени имаме првенство во случај на бродолом значи дека другите треба да испозагинат,што? Не плаќаме сметки во ресторани.Хм,дискутабилно прашање.Нема цел живот да се влечеш на нечии грб,или барем јас така мислам.Кавалерство е во ред,но не гледано од твојот аспект. Ако сме изневерени сме жртви.Сожалување и жртва ти дава лична сатисфакција? Размисли околу тоа,мажот не може да биде жртва на прељуба? Може,и тоа како.И,да,не се они рогоносци,туку таа треба да се преиспита зошто направила нешто такво,а не да префрлува вина на друг. И мажите можат да спијат со другар без да ги осудат,само луѓево денес се многу расипани. И мажите можат да обрнат внимание на повеќе работи истовремено,сите имаме сетила и рефлекси,а богами и мозок. И муабетот со амбасадорот и амбасадорката и слично не ти држи вода,од проста причина што прво сте маж и жена,а потоа све друго.Љубов,почитување,нешто? Слабо,а? Способни сме да правиме се што мажите го прават,и тоа на штикли?Размисли уште еднаш. И за крај,и мажите можат да прават се на штикли,само градбата на телото и достоинството,веројатно,не им го дозволуваат тоа.И да,кој не тера нас жените да носиме штикли кога луѓето измислиле рамни чевли? Тоа е твој личен избор,никој не те присилува.
Љутината истури ја одма, веднаш, во истиот момент кога некој ќе те навреди и извади од кожа. Не оставај за утре. Реши го проблемот додека е мал, со тек на време, нема да заборавиш, напротив, ќе се зголеми. Среќен празник женички.
Ќе бидам офф топик но SweetChild морам да ти кажам дека оваа е првото мислење кое ми се допадна од твоја страна, и самошто ја доби првата ѕвездичка од мене , бравоо за оваа се сложувам со се што си кажала
Како вистинска жена, денеска работев и се борев за своите права. Не бев со кафана во минич и пунџа, туку рмбав на ладното. Да знаела Роза дека жените нејзината мака ке ја слават качени на маса со запотени мишки, ке си одремела дома дента, и витлери ке ставала.
Среќата е избор.Избор кој е најблиску до нашите очи ама сепак не го гледаме.Избор кој ретко кој знае да го избере.Сите ние го сакаме тој избор,ама ретко кој од нас ке успее да го избере.Не бидејќи никој не може,не бидејќи никој не сака,туку бидејќи е избор кој не бара само да го покажеш со раката и да го посакаш.
Телото ќе се излечи.. Но душата, таа останува скршена! Во овие доцни часови ми се навраќаат старите чувства. Нешто што ветив дека ќе го заборавам. Некој што не вреди да го спомнам. Некој што ме уништи.. без да каже збор Јас останувам сама, со мислите и една чаша чај. А колку посакувам да беше нешто по жестоко од чај.. Само колку да ми ги отргне мислите. Боли. Имам само една желба. Да ме сака мене, како јас него.
Си работела за да земеш повисока дневница, оти е сабота. А не дека сакаш некоја страшна почит да им оддадеш на Клара Цеткин и Роза Луксембург.
Денес си шеткав низ град со мајка ми, и одамна немам забележано толку позитивна енергија од луѓето околу мене. Сите со ружи и букети во раката, подаруваат или добиваат подароци. Прекрасно. Срцето ми се исполни кога видов еден дедо со ружа во раката која сигурно ја дал на неговата женичка. И додека јас и мајка ми шетавме, брат ми и татко ми го подготвуваа изненадувањето за мајка ми, а јас секако бев задолжена да ја задржувам и занимавам мајка ми низ град. Купил брат ми еден огромен букет со ружи и и направил честитка во форма на срце, во која и кажува колку многу ја сакаме. Изненадувањето ја пречека веднаш кога влезе во соба. Пресреќна беше. Обожавам да ја гледам со насмевка на лицето, една е мајка! Ии среќен 8ми март на сите феминки!
На шишево пишува јако алкохолно пиче?! Шознам, некако слабо денес,нцук, не делува Или дека сум прерадувана од неочекуваните подароци, илиод вниманието на малиов...или дека сум задоволна од себе што успеав да видам мало разочарување во неговите очи...ликувам...да, баш ликувам, нека му, јас ќе си пијам. А тој за првпат во животот нека не спие зошто го боли Туку, најлоши се домашните пијаници...пив в кафич, пив дома, уште пијам дома...лошо...многу лошо...има да има прашања отсабајле...