Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.710
    Допаѓања:
    24.181
    Пол:
    Женски
    Ајде нека е среќен празникот на сите жени и од мене :)
    Јас не го славам, некако чувствувам дека уште ми е рано, девојка сум - не жена :D Иако синоќа за првпат отидов во ресторан со 200 жени собрани сите да го прослават 8ми Март. Не оти многу сакав, туку оти од фирмата не поканија сите вработени, а сите сме млади девојки до 25 години :D

    И да ви кажам, интересно беше да се видат жени на околу 40-50 години како се веселат како тоа да им е прв и последен празник во животот. Во воздухот се чувствуваше колку им е потребно внимание, не само тој ден туку и другите денови во годината. Сите гледаа да се расположат максимално, бидејќи знаат дека од утре се ќе биде исто како порано - ќе бидат малтретирани и понижувани, навредувани, дали дома или на работа, па затоа се трудеа да бидат најсреќни минатата вечер. Ете затоа не го сакам многу празников. |(

    А се сеќавам ко вчера да беше во средно кога трчевме по продавниците и цвеќарите да купиме подарок за нашата класна! Еј, ко некои будали биравме па се прашувавме дали ќе и и ја погодиме вазната, прстенот или белегзијата :^) За на крај, таа да го задржи само златото а се останато да фрли. 8ми Март беше и уште е ден кога најмногу се истакнуваат наставнилките во градот. Нема шанси да не ги препознаете со еден куп цвеќиња, украси, разни подароци. Само оваа година се падна во сабота, за нивна несреќа, па можеби помала беше гужвата :D Или само мене така ми се чинеше оти одамна престанав да се заморувам со тие работи.

    Туку, прееска и го даваме подарокот со брат ми на мајка ми - знаете од оние чаши "Среќа е да се има најдобрата мајка како тебе...' и уште некои ситници, и се расплака жената. И мене ми се насозлија очите, а како ќе издржеме 1 месец сега кога ќе оди на гости кај татко ми, кој знае. :^)
     
    На SparkyAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  2. lightning123

    lightning123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    801
    Допаѓања:
    391
    знае некој убаво да црта? Е, јас незнам. треба измислено кралство со кентаури да цртам, а јас само главата успеав да му ја нацртам на кентаурот. како вистински е, но нозете ќе излезат ко да бил во машина за перење.... :( Е лајтнинг затоа утре нема да биде на фемина туку ќе си цртка. Поздрав
     
  3. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.338
    Допаѓања:
    13.077
    Пол:
    Женски
    Штета што секоја жена се чувствува моќно само денес.
     
    На crazylady, kala21, Decapitated.Hanna и 8 други им се допаѓа ова.
  4. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
    :!: :lol:

     
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.263
    Допаѓања:
    67.828
    Пол:
    Женски
    Денес сите ми го честитаа празникот и си посакаа наскоро да станат баби, дедовци, тетки, чичковци, прабаби... И така. Почнувам да ги мразам празнициве.
    А да, дури и добив прашање дали сме се чувале. Ај ќе и простам, стара жена е.
     
    На Someonespecial, zhap4e и Irrepleceable им се допаѓа ова.
  6. Osamena-Srna

    Osamena-Srna Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    108
    А, жалосно е што половина од нив незнаат зошто се празнува денешниот празник, па меслат дека треба да си мажена за да го славиш празникот, а симболиката на денешниов празник е сосема друга.
    ?(Не се однесува ова за тебе само ја искористив твојата реченица за да не ја пишувам пак)
     
    На Silver.E и sofijanoka им се допаѓа ова.
  7. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.905
    Никогаш не ми било досадно,ама сега сум на граница да кажам дека ми е и тоа ептен. :D Обично секогаш си наоѓам некаква занимација и секогаш имам еден куп обврски и работи што сакам да ги направам,што обично се жалам на немање време,а не на досада.

    Арно ама, деновиве сум настината и тоа асално! Кашлам,носот ми е за никаде,синусите ме убиваат. Немам температура,ама се осеќам како секој момент да ќе качам,така ме тресе треска.За никаде сум.

    Ги изгледав сите можни видеа од room tours на youtube, сите блогови на блогерки, сите направи сам проекти,ги изгледав сите можни излезени серии и филмови. И не знам веќе што да правам. Само се јавувам по телефон и замарам луѓе,да ми зборат. :D

    Налет на се, ради диетата не можам ни да се удавам во палачинки и крем или во некоја топла даска и пиво. Мх! :D

    Имајте убава вечер и бидете фини ако имате некое болно другарче,прашајте го како е и дали му треба некој да му се жали дека има затнат нос. :D И ако знаете иљач за синуси,кажувајте.
     
    На Sexybaby86, sofijanoka, Lella и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Scar.Tissue

    Scar.Tissue Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    1.045
    Многу неписмени луѓе. И не пишувам за да навредам некого, ниту пак некој ме изнервирал.
    Туку пишувам во буквална смисла на зборот. Многу неписмени и дури чудно ми е на 20+ години да не знаеш да напишеш точно некои зборови. Не зборувам за дијалекти.
    МЕНЕ МИЕ, ТЕБЕ ТИЕ. Сериозни сте? :worried:
     
    На Daydream, Monna.Monna, Sexybaby86 и 6 други им се допаѓа ова.
  9. rainlover

    rainlover Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    969
    Допаѓања:
    633
    Јас ќе ги прескокнам коментарите околу денешниот празник.

    Се прашувам што е со новопечените мајки и должината на нивните здолништа/фустани?
    Здолниште до под г**, па уште и чизми над колена!

    На што личиш? На бугарска певаљка душо!

    Да се разбереме, не сум некоја млада, исфрустрирана, напротив задоволна сум со својата тежина, носам фустани (здолништа ретко), но со прикладна должина :!:
     
    На cresa-jagoda, Silver.E, QueenElena и 2 други им се допаѓа ова.
  10. LittlePinky

    LittlePinky Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2013
    Пораки:
    1.421
    Допаѓања:
    4.392
    Пол:
    Женски
    Колку само не е фер животот...
     
    На Barbie20 и Sunshine02 им се допаѓа ова.
  11. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски

    Драга Angel4eeeeee,ја сфаќам дека се радуваш што си женско,ама дај скроти тоа нарцисот што е во тебе,барем малку.
    Прво-никој не е перфектен,ниту мажи,ниту жени.Ако мислиш на физички изглед,има и згодни мажи и згодни жени..а карактер? Баланс меѓу физичко и духовно?
    И мажите имаат интернационален ден,во случај да не си знаела,и тоа 19 ноември.
    И они можат да облечат сино и розево,само што нашиве не изживеани граѓани одма почнуваат со предрасуди од типот Види го педер или незнам што,слични глупости.
    За сигурност чиви се децата,постои ДНК тест,па така и мажите можат да бидат сигурни,само што природата не им дала да раѓаат.
    Тоа што како жени имаме првенство во случај на бродолом значи дека другите треба да испозагинат,што?
    Не плаќаме сметки во ресторани.Хм,дискутабилно прашање.Нема цел живот да се влечеш на нечии грб,или барем јас така мислам.Кавалерство е во ред,но не гледано од твојот аспект.
    Ако сме изневерени сме жртви.Сожалување и жртва ти дава лична сатисфакција? Размисли околу тоа,мажот не може да биде жртва на прељуба? Може,и тоа како.И,да,не се они рогоносци,туку таа треба да се преиспита зошто направила нешто такво,а не да префрлува вина на друг.
    И мажите можат да спијат со другар без да ги осудат,само луѓево денес се многу расипани.
    И мажите можат да обрнат внимание на повеќе работи истовремено,сите имаме сетила и рефлекси,а богами и мозок.
    И муабетот со амбасадорот и амбасадорката и слично не ти држи вода,од проста причина што прво сте маж и жена,а потоа све друго.Љубов,почитување,нешто? Слабо,а?
    Способни сме да правиме се што мажите го прават,и тоа на штикли?Размисли уште еднаш.
    И за крај,и мажите можат да прават се на штикли,само градбата на телото и достоинството,веројатно,не им го дозволуваат тоа.И да,кој не тера нас жените да носиме штикли кога луѓето измислиле рамни чевли? Тоа е твој личен избор,никој не те присилува. :hai:
     
    На Cherry03, Daydream, Golden и 11 други им се допаѓа ова.
  12. Irrepleceable

    Irrepleceable Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    1.071
    Допаѓања:
    1.361
    Љутината истури ја одма, веднаш, во истиот момент кога некој ќе те навреди и извади од кожа. Не оставај за утре. Реши го проблемот додека е мал, со тек на време, нема да заборавиш, напротив, ќе се зголеми.

    Среќен празник женички.
     
    На crazylady, Barbie20, Daydream и 5 други им се допаѓа ова.
  13. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    6.273
    Допаѓања:
    91.955
    Пол:
    Женски

    Ќе бидам офф топик но SweetChild морам да ти кажам дека оваа е првото мислење кое ми се допадна од твоја страна, и самошто ја доби првата ѕвездичка од мене , бравоо за оваа се сложувам со се што си кажала :bow:
     
  14. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.803
    Допаѓања:
    142.154
    Како вистинска жена, денеска работев и се борев за своите права.
    Не бев со кафана во минич и пунџа, туку рмбав на ладното.
    Да знаела Роза дека жените нејзината мака ке ја слават качени на маса со запотени мишки, ке си одремела дома дента, и витлери ке ставала.
     
    На Papillon.Papi и Lella им се допаѓа ова.
  15. Maria.Vampire

    Maria.Vampire Нов член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    387
    Допаѓања:
    437
    Среќата е избор.Избор кој е најблиску до нашите очи ама сепак не го гледаме.Избор кој ретко кој знае да го избере.Сите ние го сакаме тој избор,ама ретко кој од нас ке успее да го избере.Не бидејќи никој не може,не бидејќи никој не сака,туку бидејќи е избор кој не бара само да го покажеш со раката и да го посакаш.
     
    На Papillon.Papi му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.418
    Пол:
    Женски
    Телото ќе се излечи..
    Но душата, таа останува скршена! :u:

    Во овие доцни часови ми се навраќаат старите чувства.
    Нешто што ветив дека ќе го заборавам.
    Некој што не вреди да го спомнам.
    Некој што ме уништи..
    без да каже збор

    Јас останувам сама, со мислите и една чаша чај.
    А колку посакувам да беше нешто по жестоко од чај..
    Само колку да ми ги отргне мислите.
    Боли.

    Имам само една желба.
    Да ме сака мене, како јас него.
     
    На crazylady, Papillon.Papi, Barbie20 и 6 други им се допаѓа ова.
  17. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Си работела за да земеш повисока дневница, оти е сабота. А не дека сакаш некоја страшна почит да им оддадеш на Клара Цеткин и Роза Луксембург.
     
    На crazylady, sweet-star, Someonespecial и 8 други им се допаѓа ова.
  18. mili4ka123

    mili4ka123 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2012
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    2.333
    Пол:
    Женски
    Денес си шеткав низ град со мајка ми, и одамна немам забележано толку позитивна енергија од луѓето околу мене. Сите со ружи и букети во раката, подаруваат или добиваат подароци. Прекрасно. Срцето ми се исполни кога видов еден дедо со ружа во раката која сигурно ја дал на неговата женичка. :angel:

    И додека јас и мајка ми шетавме, брат ми и татко ми го подготвуваа изненадувањето за мајка ми, а јас секако бев задолжена да ја задржувам и занимавам мајка ми низ град. :lol: Купил брат ми еден огромен букет со ружи и и направил честитка во форма на срце, во која и кажува колку многу ја сакаме. Изненадувањето ја пречека веднаш кога влезе во соба. Пресреќна беше. Обожавам да ја гледам со насмевка на лицето, една е мајка! :inlove:

    Ии среќен 8ми март на сите феминки! :*
     
    На Papillon.Papi, Barbie20, Golden и 11 други им се допаѓа ова.
  19. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.854
    Пол:
    Женски
    На шишево пишува јако алкохолно пиче?! Шознам, некако слабо денес,нцук, не делува :^) Или дека сум прерадувана од неочекуваните подароци, илиод вниманието на малиов...или дека сум задоволна од себе што успеав да видам мало разочарување во неговите очи...ликувам...да, баш ликувам, нека му, јас ќе си пијам. А тој за првпат во животот нека не спие зошто го боли ]:) Туку, најлоши се домашните пијаници...пив в кафич, пив дома, уште пијам дома...лошо...многу лошо...има да има прашања отсабајле...
     
  20. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    3.519
    Пол:
    Женски
    фемина, спори сте со хороскопот. Веќе 00:15 е, а уште нема. Да не може човек на раат да си легне :D