Не се сомневам дека се надеваат, ама па мама и тате не можат да ги сменат нивните чувства. Ако родителите навистина си ги сакаат децата, ќе им биде сеедно дали ќе се оженат или омажат. И внуци може да имаат, не е невозможно.
Со мислите се навратив на некои времиња... Би сакала сега да има некој да ми свири тивко на гитара и да пиеме вино... Ахх времиња...Фалат....
Убаво е да се тегнеш по дома и да легачеш по цел ден во пижами како труден глушец.. Убаво е во дадениот момент а што понатаму?! Идинината?! Староста?! Ќе си приумри човек лежејки пред телевизорот бе!!! Што видел? Што добил? Што стекнал? Што купил? Колку спечалил? Што створил?! Ама сетики подруго е кога човек ќе се домкне од работа, сработи за денот, земал дневница и капата настрана.. ем допринел за себе пред се, ем за другите, ем знае што работи во животот и колку пари става во џебот! Е тогаш легнувањето во креветот со пижамите е најубаво и најисполнето. Искуства... само искуства! Човек созрева врз база на искуствата и никако на друг начин.
Секој од нас е приказна за себе. Но, некои параноидни содржини толку се повторуваат во ова проклето секојдневие што верувам дека се ужасно неподносливи за читање при првата средба. Добро е кога за се имаме мерка и граница, зашто спротивното поминува во хронична лакомост за која нема задоволувачка терапија. Тогаш и самите сме преобличени во некои други што барајќи повеќе и повеќе, го изгубиле и тоа што им припаѓа. Идентитет на личноста...
Кога ти претстои напорен работен викенд, петокот си го праиш сабота и недела. И затоа што одамна не те привлекува да излезеш и да се начукаш некаде во некоја дискотека, цел ден си го посветуваш само на себе па си средуваш соба, себеси, животот... Се шалам, хаосов за еден ден не може да се среди. Али бар се одморив ко што треба, си испив асално кафе со мили луѓенца без да брзам некаде, си се изнамуабетив, си шетав кученце па викам ај да шкртнам неколку реда тука, одамна не сум имала време за тоа. Времето лета, јас по него. Па брзам да стигнам секаде па после ТИ ПАК КАСНИШ. Да, каснам кога се тркам со лудово време. Ама магично после успевам се да завршам во краен рок па браво, па пофалби и јас задоволна од себе. Стварно, задоволна сум од себе. И среќна. Затоа што конечно сфатив дека се зависи само од нас и од никој друг. Сфатив дека не треба многу многу да се потпирам на никого и ако сакам нештото да си го завршам како што мислам дека треба, да го направам сама. Од никого ништо не очекувам па и разочарувањата ми се намалија. Правам секогаш по свое и онака како што мислам дека е најправилно па ретко и се каам. Си имам веќе свои круг на пријатели и не ни чувствувам потреба за запознавање на нови периодов. Смачено ми е од се што е лажно и од оној тип - со тебе сум додека имам корист. Ма чао. И забележувам дека секој ден си станувам подобра верзија од себеси. А тоа многу ми се допаѓа. Со него ми е одлично. И не сакам да го загубам. Интересен ми е, мил ми е, за многу кратко време ми се упика длабоко под кожа и прави постојано да се смеам. Ми дава желба да бидам уште подобра, за него. И поради некои скроз други причини, деновиве ми поминува мисла да го оставам. Ама на крајот на денов, сепак решив дека не е толку добар ден за донесување на такви одлуки. Сега ме чека топла бања па најверојатно филм и кревет. Убава вечер ви посакувам и на вас. Смејте се, сакајте се, кажувајте им го тоа - луѓето многу често го забораваат и гушкајте се.
Добро каде отиде светов...отварам и читам наслов во рубрика забава: девојката на синот на цеца направи утринско селфи. Незнам зошто јавноста треба да биде запознена со било кој елемент од оваа т.н. вест???
Утре сум на натпревар. Државен. Досега никогаш не сум била на државен натпревар. Самата помисла ме стресува, се надевам дека се ќе биде ОК. Материјалот е совладан, подготвена сум како никогаш досега. Одиме! Прилеп, чекај ме!
И после сите навреди и осудувања добиени од нивна страна, сепак се надевам дека некогаш моите ќе ме подржат во некоја ситуација. Не знам зошто, но ете, еден мал дел од мене верува дека некогаш ќе застанат на моја страна и ќе ми речат "во право си" или "ќе успееш". А никогаш. Ниту еднаш досега не слушнав позитивен збор од нив упатен кон мене.
Пред некоја недела, ми беше период на потајни знаци. Оваа недела на превише случајности. Само за добро нека е, за остварување на соништата и подзаборавените желби!
Вистинската личност, но во погрешно време. Не сум подготвена за разделба. Верувам дека нема ни да бидам некогаш. Животот уште еднаш ме става на испит. Што и да се случи, ќе те чувам во сеќавањата и најдлабокото катче на срцево.
Веќе толку многу зборев што веќе не знам ни што да кажам. Залудно зборам. Како тенџере да тропа. Џабе кога од едно уво влегува од друго излегува. А за добро на своето дете зборам, ама нема кој да ме слуша. Од денес молчам. Да видиме тишината што ќе донесе, кога зборовите не можеа да сторат многу.
Ако нешто мразам најмногу на свет е пред цел кафич, кафана трговски или што и да е, на детето да му се раздереш " Петар седи мирен пи**а ти материна твоја" или "Петар доаѓај ваму да ти е*ам мајката"!!!!! Оооокееј. Дете е те изнервирало, бесно е, трча, прави глупости али брате припази малце како му се обраќаш. Прво ради детето, после ради сите други што те слушаат како се придераваш. А што ми е најтрагично се почесто и почесто ги слушам ваквите муабети помеѓу татко и син/ќерка. Ми иде да му залепам еден шамар на тоа говедото, Петар за рака и во парк да го шетам!
... ДА СЕ ИЗБРOИ МЕ... Сериoзнo сo вaкoв нaтпис излегле нa прoтест? Тие нaјпрoстите рaбoти нa мaкедoнскиoт јaзик не ги нaучиле, a земaле држaвaвa вo ред ќе јa дoведувaaт...
Уште не сум почнала да се тресам како лист, ама ќе биде и тоа наскоро. За да си ја намалам тремата, само ставам нешто во уста за јадење. Не знам зошто. Спиев само 6 часа, but I'm wide awake. Ме излудува часовников, бавно оди времето, затоа и седам и не се спремам, бидејќи знам дека полошо ќе биде ако седам во осум и пол цела спремна, тапкајќи со ногата. Во меѓувреме, граматиката е до мене, повторувам кога се става запирка, а кога не помеѓу дел-речениците во различни зависносложени реченици. Ептен сум возбудена не само поради натпреварот, туку и бидејќи ќе запознаам нови луѓе, една од нив е членла овде. Тоа е тоа, мене ми останува да покажам сè што знам, а вам како и секогаш да ми посакате среќа. Притоа, им посакувам на @Tan4ence и @HappyGirl:) да растурат. И толку е, не се секирајте, повеќе нема да има постови за натпревари од моја страна. Овој е последниот, најважниот. П.С. Fun fact: Кирил Пејчиновиќ ја отпечатил Огледало пред точно 200 години.
А кој е тој родител што го "учи"детето да биде геј? Не знам што ви е толку тешко да сфатите дека така се родиле, никој не ги учел, не е крива околината, разведените родители, западот итн. Што е толку битно кај им е потомството? Зарем сите жени/мажи кој не можат да имаат деца треба да не живеат, да извршат колективно самоубиство? Како мајка сакам децата да ми бидат среќни, не би се радувала да ми кажат дека се геј ама не би ги отфрлила, нема никогаш за ниедна причина да си ги отфрлам децата.