Она кога твоите сограѓани Албанци протестираат против диктатурата на Груевски, а истите излегуваат по улиците во државата во која живеат, за поддршка на убер диктаторот во подалечна Турција. Слобода на говор, што беше тоа?
Кретеноиди кои се исмеваат на другите во фаца .... Да гејмер е , да таков си го сакам , да го поддржувам во тоа , да ке научам ако треба и ДОТА, WOW, и се што иде во комплет со тие да играм само да го видам насмеан . И да копук ниеден глуп среќни сме ! За разлика од тебе и таа до тебе што ми вреѓа интелегенција што и е најбитно за коментирање што облекла Милица ТодоровиЧ на настУП во Македонија , село весело! Јас него таков си го сакам и го поддржувам во се што прави , затоа сме ние среќни , а таквите ко тебе далеку не тераат !
Пред малку ги извадив парите од новчаникот да ги избројам да видам колку имам и случајно на 10 денари книжна видов некој напишал Add na fb и си напишал и име и презиме. Уште тоа немав видено и ете видов ама не сам го побарала на фб а ни не планирам.
Spoiler Нема поголем непријател од лош родител! Секогаш сум се чудела и сум се прашувала што е полошо да имаш лош родител или да имаш лошо дете? Никогаш не сфатив зошто добри родители кои најмногу ги сакаат своите деца, се трудат да им помогнат, да им дадат се, да ги воспитаат, да ги обрзуваат имаат деца кои застраниле од вистинскиот пат. НО и покрај сето тоа застранување тие сеуште ги сакаат своите деца и се грижат за нив, никогаш не прават работи со кои би ги повредиле. Никогаш не прават нешто што би им ја уништила радоста, среќата, напротив ги штитат од секој и ги поддржуваат, ги крепат, ги држат во рацете како да се новороденчиња. За жал има и лоши родители со добри деца. Има родители кои им пакостат на своите деца, им нанесуваат огромни штети со своите постапки, штети кои никогаш нема да можат да се отстранат. Каков е тој родител кој секогаш моментот на малку среќа и радост ти го уништува? Никогаш не разбрав зошто добри деца имаат лоши родители? Зошто ти е мораат да бидат казнети и да минуваат секојдневно низ стресови, нервози, низ солзи дури и кога најмногу треба да се радуваат за себе, за своите постигнувања се да пропадне во вода само поради лош родител? Зошто некои деца што и да направат никогаш немаат да имаат љубов, среќен дом, мир како што секој заслужува да има? 1000 зошто а нема ниту еден рационален и логичен одговор со затоа што... Колку и да имаме години, колку и да ги оствариме своите соништа, колку и да сме успешни сепак еден дел кој е скршен во нас тешко дека ќе може да зацели, во нас ќе остане скршено срце на дете. Сето тоа ќе се одрази на околината, на луѓето околу нас, тешко ќе се впуштаме во разговори, тешко ќе веруваме во другите, тешко ќе ги пуштиме да ни се приближат, а откако ќе се приврземе уште потешко ќе можеме да се разделиме, ќе бидеме емоционално незрели личности. Никогаш не сакав да верувам дека е потребно да имаш добар родител за да бидеш успешен, почитуван и уште не верувам. Но едно е сигурно потребно ти е да имаш грб, заштита. Ако стоиш сам ќе бидеш лесна мета и плен за другите. Ако те напаѓаат дома, ако те газат дома ќе те газат и надвор. Ако дома не вредиш и за другите надвор нема да чиниш. Ако дома не те сакаат нема да те сакат ниту тие надвор. Напротив ќе си земат за слобода да те газат, да те плукаат, да те повредуваат.
...И како после да не плукаш по својата држава, у којашто спектакл на годината со неверојатна посетеност од 100.000 души е, ни помалку, ни повеќе - Аца Лукас?!
СКД една уба работа ќе ти се деси за после 500 неубај да ти се десат, за да се искупиш за таја убата. Ех животе.
Пред некој ден ја симнав Покемон.. Па не ја отворив 2 дена. Кога решив да ја отворам, серверите беа отидени у пм.. Кога конечно ја отворив, го видов видеово на Кејси И си реков, добро ма, зарем ќе се заразиш со ваква глупост?! И ја избришав. Со кој памет се сполетаа луѓево до толку
Заврши и одморот,се прослави и мојот роденден и се чувствувам среќно задоволно и исполнето. Со наполнети батерии од следната недела до нови победи.
После цели пет години се видовме за прв пат во живо. Пресреќна сум, уште не можам да поверувам.. Најдобро лето до сега.
Не знам дали некој од вас ја следи Лукавата девојка, ама јас пред извесно време го открив нејзиниот блог, се заљубив на прв поглед и морав овде да го споделам Барајќи еден рецепт на интернет, налетав на нејзиниот, па почнав да ги разгледувам сите рецепти и слики што ги поставила, додека не почнаа лиги да ми течат Многу убави рецепти има, неколку веќе ми се најдоа во тефтерот, особено тие за домашни пици. И многу ми е интересно што секој специјалитет го поврзува со некоја песна, на пример вкусен пинџур придружен со звуците на Бакни ме Многу сакам луѓе што готват со љубов, особено сакам со нив да одам на викенди Пред малку на фејсбук ме пречека последната објава на лукавата девојка - печен камемберт во пченкарно лепче со мајчина душица и лукче Па ми текна да ја споделам овде, зашто дефинитивно заслужува многу повеќе followers! Веќе ја замислив во нејзино ресторанче, мало, но со многу пријатна атмосфера и уникатно мени со превкусни специјалитети Редовен посетител ќе ѝ бидам
СДК... Низ животниот времеплов научив да ги сакам боите без некој посебен повод. Темни, светли, неутрални... Сите имаат убав изглед со можност за различни комбинации. Со лицата на луѓето, не е случајност да ги доживувате поинаку од начинот на манифестирање познати гестови... Кога еднаш ќе ја препознаете темната страна, белата го губи интензитетот.
Кога некој ќе не праша:-"Ќе ви смета и ХХ особа да дојде со нас?" И, ако одма речам - НЕ, а другите да, одма идат прашања - па зошто да ти смета, зошто не, ајде можеш да седиш со неа на маса, не мора да збориш со неа, ама поради мене ќе издржиш. Епа тогаш стварно не им ја сфаќам поентата да прашуваат-"Дали ќе смета....?" Поарно ич нека не прашува.
Зошто?! Едно од прашањата кое е најчесто поставувано по искажан став или мислење. Но и едно од оние прашања кои не заслужуваат одговор. Зошто?!… - Е па затоа што… Зар навистина е важно, зошто? Мое мислење, мој став, моја работа...И онака и со каков и да е одговор да ве удостојам, повторно ќе прашате :-Ама зошто така мислиш? Или пак веднаш ќе донесите заклучок дека не требало така да мислиш. И што фајде што ќе ви одговорам, зошто? Да си трошам време? … Не фала