Секоја година без прескокнување секогаш присуствувам на според мене омилен настан и најубав што се организира во текот на летото,то ест Илинденски денови,каде што се среќаваат различни нации кои го претставуваат својот фолклор преку ора или танци.Оваа година најмногу ми се допаднаа фолклорниот ансамбл од Гвадалахара,Мексико кои го танцуваа танцот на Ацтеките. Дефилето беше исполнето и со ансамбли од Северен Кипар,Турција,Баскија,Бугарија и некои друштва од цела Македонија...па еве во спојлер видете ги моите омилени Ацтеки и нешто Шпанците таму Баскија Spoiler: Ацтеките бе брат
Многу ми е убаво зборчето "либе". Ми ја означува секоја една убава емоција што некој може да ти ја предизвика дефинирана заедно..шо знам..бар таква звучност ми има на мене. А уште поубаво ми е кога ќе ми текне дека само неколку часови ме делат од моето либе. И овој пат успеавме. И овој пат им докажавме на циниците дека можеме! Сакавме да можеме и со секој пат е полесно песочниот часовник трпеливо да се исчека да истече на другата страна со вистинскиот човек. Требаше да спијам веќе одамна, зошто за помалку од 2 часа треба да сум будна. Отиде тој воз. А јас како стареам се повеќе личам на мајка ми. Таа никогаш не легнуваше додека се не беше средено. Еве и јас. До сега чистев..ми иде да си удрам заушка сама на себе..како демек нема друг ден...а секогаш има што да се чисти. А да, ептен се нервирам кога поради гужва и брзање да се постигне се, се случува контра ефект. Како што на пример јас завршив со лоша депилација. Ај налет влакнава, ќе морам почесто брич да удирам одморов, туку што сум цела модринки и такви лоши црвенила по нозе што ме пецкаат на допир... Како не научија дека еден термин се дава само на една личност?!
Оној осеќај на лагани, позитивни сеќавања и рекапитулирање во главата од се што се дешавало, после повеќедневно, интензивно дружење со исти луѓе. Ден потоа, кога само сеќавања се прибираат,покрај сите обврски ...само посакувам доза од тие луѓе.Иако свесна дека веројатно нема да се дружиме со повеќето, а некои од нив можеби и никогаш нема да ги видам....
Тешко ми е, не знам како да го започнам постот а да не биде без кукање и жалење.Ама ќе биде. Бегав од Битола да не те видам, не сакав да те гледам со друга која не ја сакаш, не сакав да те гледам заедно со него, како можев со него да бидам и покрај то шо и тогаш те сакав.Која грешка ја напраив ни самата не сум сваесна.Али на крај ми се удри од глава.Сфатив дека никогаш нема да те имам, и дека џабе те сакам.Ама не излегуваш од глава бе, ќе пробам да не мислам на тебе и оп, 3 вечери ќе те сонвам и заеби се.Си знае психата како убаво да ме изе*и во здрав памет. Како кец на двојка го гледам Охрид.Поизмешани чувства не сум имала во живот.Ми идеше да му се фрлам в прегратки, а во друг момент да го плукнам во лице, да му речам дека го мразам, го мразам оти го сакам.Го мразам оти не ми излегува од памет, го мразам оти не можам никој да засакам заради него, го мразам оти уште му немам признаено шо осеќам за него, го мразам оти се дружи со мојот "бивш", го мразам оти знам дека и тој осеќа нешто ама повеќе му одговара да биде идиот. Судено ми е да немам среќа во љубовта ете.Можеби и ќе го дочекам моментот кога барем ќе поразговарам со него, копнеам , ама копнежот ме носи во бездна. Ете тоа сакав да го кажам, депресивно до коска ама гајле ми е.
Ако гледате дека некој џогира низ двор, јас сум. Слушалки, музиче и кучето околу мене и плус топката. Немам голем двор, но доволно за еден мал круг. Дефинитивно се преродив Ги снема симптомите на анкс
И оваа година да ти се заблагодарам Господи што израстив покрај татко,ти благодарам што го чуваше,знам дека најмногу за мене,бебе од неколку недели не смее да порасне без таткова љубов. Ти благодарам што не ми ја скрати љубовта на мојот татко,мојот херој,мојот другар,го сакам најмногу Цел живот нема да ти се оддолжам што го остави на земјата со нас,ти благодарам за најсреќното семејство кое е целосно и исполнето.
Едвај чекам да дојде утрешниот ден да си ја видам внука ми. Не сум ја видела еден месец и многу, многу ми недостига. Од сега мислам утре што ќе правиме, но знам дека се ќе биде како она сака Знам дека кога ќе ја видам ќе ја изгушкам силно на што ќе ми каже тето пушти ме, ај да си играме Неможам да сватам каков ми бил животот без нејзе, што сум правела. Никогаш не сум мислела дека можам некој толку многу да го сакам, да не ме нервира туку да ме релаксира. Што би рекла мајка ми цел месец те нема, а од утре секој ден ќе доаѓаш
Немoжеш нa некoгo дa му прaвиш рaбoти зaд грб и дa oчекувaш декa сетo тoa ќе имa пoзитивен исхoд. Karma is a bitch !
СДК... Од се што имате, најмногу ценете ја љубовта што ја добивате. Со неа не можете да владеете, можете само да ја заслужите. Таа останува долго откако проценливите нешта ќе исчезнат.
А јас... секој ден учам... и растам.... и создревам... и некогаш за миг се преплашувам и самата себе...
Pak prvoto e losha odluka mi gi razbudi kosmarite i pak ne mozam da spijam. Site spijat ko zaklani jas ke si rabotam. Koga ke pominat kosmarite ne znam. Ne pojke pivo
Мојот одмор нема да почне уште 20 дена, а во мислите ми е почнат уште од месец мај. Осеќам многу нетрапеливост во мене, сакам да помине перодов и сакам да го видам исходот. Имам толку многу планови, а немам воља да почнам да ги остварувам и тоа е лошо, карактеристика на некој што чека од небо да му падне. Јас не чекам само не знам на кој да му дадам преоритет. Се мислам да земам да полагам за кола, ама ако одиме во странство попаметно ќе ми е да полагам тојфел за да можам барем да аплицирам за работа на струка или мастер, по некое време си велам ама не е лошо да земам курс по германски за во случај да не испадне планот за Англија...на крај си велам, а да земам 3Dmax курс ќе ми треба сертификат...заебано е кога цел живот си без големи приходи и не си можел на време да земеш нешто да научиш а си знаел дека ќе ти треба. Сите пари ми одеа за факултет и немав лице ни срце да им барам на моите за овие работи кои сите знаеме дека не се ефтини. Сега се мислам која плата за што да ја преодредам. Се мислам колку ќе е тешко кога тој ќе замине, најдобро друштво ми е и без него па макар биле неколку месеци, деновите ќе ми поминуваат нецелосно. Знам дека е за наше добро, за добра иднина, ама тешко ми е и само што помислувам на тоа ми идат солзи. Од друга страна тешко ми е кога помислам дека кога ќе се споиме ќе бидеме далеку од сите, сами, препуштени еден на друг. Никогаш не сум сакала да бидам далеку од фамилијата, за мене замислата на живот далеку од сите не ми е пријатна. Сакам да одиме на неделен ручек кај баба и дедо, сакам децата мои да бидат опкружени со љубов од баби и дедовци и тетки...сакам сите да сме на куп и радосни и тажни моменти да има со кој да споделиш, така сум растена и одвртно е што си принуден да бегаш и да оставиш се зад себе ради тоа што нема иднина таму каде што си роден. Не сакам да ги гледам моите еднаш во годината, да не можам да седнам да пијам кафе со мајка ми или да направам муабет со татко ми. Не сакам да не можам да ги гледам децата на брат ми и да ги чувам и да ги гушкам и да гледам како растат секој ден...и одвратно ми е што веројатно ќе морам. И не само ради пари туку ради менталитет и подобро образование и подобро здравство и се што немаме овде. И знам дека кога ќе отидеме ќе ни треба најмалку година да се стабилизираме, а да не зборам колку ќе треба да чекаме за деца и за да си го средиме животот како фамилија. Многу ми е тешко, многу.