Ja prasav zebrata..dali e crna so beli prugi ili bela so crni prugi..ne mi odgovori ama taa me prasa: dali sum sreken covek so po nekoj los den ili nesreken covek so po nekoj ubav den... Veke nikogas zebrata nema da ja prasam za prugite.. --Sell Silverstin--
Леле бе. Општ впечаток од темава денес. Тапа сте. Со своето мислење несебично придонесувам кон вашите натприродни напори да се одржи духот на високо ниво во овие тешки и непредвидливи моменти за овие наши осиромашени души. ... ноуп, не ми оди со стилсково изразување, пак ми излегува со смисла кога си го читам, а требаше без. Ај чао.
Си дојдов од Италијаааааааааааааа! Интересни две недели, од утре ќе ви се фалам денес ми е премногу мака. И плус ми е роденден ама ми е премногу мака да си го славам на било каков начин хаха. Ќе заспијам кај и да е. По две недели без компјутер, чудно ми е дури хаха. Интересно. Се надевам вие сите океј сте, се читкаме.
Среќен роденден. Како птица Феникс ќе се излечам со сопствените солзи од секоја болка, повреда, рана на срце , во душата, ќе се издигнам од дното кое го допрев поради црни мисли, лоши луѓе, негативни чувства. Ќе го пронајдам повторно својот пат, повторно ќе тргнам во постигнување на моите цели, соништа. И најмалиот чекор ќе ме однесе на вистинската патека. Мракот низ кој поминувам е потребен за повторно да блесне мојата ѕвезда и да ми го осветли патот. Ќе ги променам мислите на позитивно, ќе започнам со реконструкција на своите мисли и чувства. Нема повеќе со своите мисли да му дадам моќ некому, нема повеќе со своите солзи, своето пропаѓање и самоуништување да хранам злобни луѓе. Напротив ќе бидам среќна, ќе се борам за себе и својот живот.
На форумов деновиве се изгуби позитивната енергија Само мрачни мисли Единствена ли сум што и фалат шалите и смеата?
Расположение нула , во овие моменти не ни очекувам насмевка. На работа сум втора смена , се прашувам дали луѓето се сигурни во кафана да дојдат или надвор на клупа да седнат? Сакам вондредна состојба , да се затворат сите јавни места , да бидам покрај фамилијата.. Господ да не чува сите !!!
Не ми се верува дека се што можеше да тргне надоле последниве неколку години тргна. Ич не е фер,цело време чекам некакво подобрување во некој аспект. Ценам и се радувам на минимални среќички. Стварно ќе почнам да редам амајлии по дома,фенг шуи ,ќе почнам да проучувам протоци на енергија и чуда.
Вечерва ќе си легнам со него во мислите и сигурна сум дека таа убава помисла ќе ме зашемети и успие Ноќва не дежурам
Сдк Чуството кога веке немаш зборови а имаш толку многу да кажеш.... Све оди надолу и надолу..немат подобрување ..немат повеке надеж ..нема и што да очекувам од судбината ...таа е онаква каква што е , неправедна , турбулетна , кога мислиш дека све е ок , она те турнува на дното ....Најлошо е што нема некој што ке ти подаде рака и да каже Ке биде све во ред ....Многу прашања ми останаа неодговорени , и веке не очекувам одговори ... Немам надеж за подобро !
Најлесен начин за заработка на пари во денешно време е да имаш канал на youtube, и да правиш будала од себе.... Миранда се опседнав со будалава....таа се прави малоумна по видеава, јас си ја гледам и се смеам сама ко ненормална во 3 сабајле. Епа кога немаш нешто попаметно да правиш Ѕирнете ја, во вакви стресни периоди знае да опушти и да те насмее од срце. Посебно кога ждрига и сама си се плаши од звукот на ждригањето, па почнува да плаче Па тие фаци и гримаси...
Само да знаете ич не е убаво кога не му отстапувате простор на соговорникот,не давајќи му право на сопствено мислење,и слободно изразување. И сто дипломи да имате џабе ви се,ова е од основна култура. Ниедна диплома нема да ја покрие вашата некултура и вашата надменост демек сезнајковци сте Ех,се почесто се среќавам со ваков тип на луѓе за жал.
Па различни вкусови на хумор, што знам. Има 7 милиони претплатници. Мене ми е интересна пошто девојкава во реалност (според видеата кај што е нормалната) е многу фина, тивка, нормална девојка, ама штом стави кармин и се облече како Миранда и готово, сосема друг лик е. Плус и мајка и ја неќела кога се правела како Миранда ама кога ќе и легнат парите на сметка, изгледа ја сака не и смета тогаш толку. Дупло повеќе време троши за снимање обично видео кога има гостин, пошто никој не може да се воздржи од смеење.
Покажете колку љубов имате во себе,докажете,насмевнете некој и усреќете за подоцна да не биде касно. Велат лошото се памети доброто се заборава но јас не мислам така,нема човек кој не памети добрина.
@fallenangel еј ке помине и ова. Ке се преродиш после периодот. Издржи, уште малку само. Не знам што ти се случува ама го знам чуството, низ исто минувам од Јануари еве, ама знам дека се ближи крајот на мракот, ке изгрее уште малку. Како велат, најтемно е пред зорите Ке блеснеме у нов почеток со свежа енергија, чуствувам П.с. не ми се работи значи, ме мрзи оххх а уште малку имам, а ми требаат пари... идам да досработам ајде...
Хелоу! Се одморив јас. Гледам вие сите испотресени сте од земјотресите... Прочитав на твитер дека имало земјотрес ама не разбрав дека толку било страшно. Ајде со убаво да е само. Еве јас сега ќе ве позанимавам со моите авантури да ви го тргнам малце умот . По 2000 километри направени до Италија и назад- се уморив. Се одморив малце вечерва по 12 саати спиење ама се уште се чувствувам преуморно. Релацијата ни беше Битола-Игуменица-Бриндиси-Тропеа. А на враќање уште подолга оти сакавме и да прошетаме. Бевме до Парга и до Врахос онака роденденски хаха. Италија е прекрасна, барем она што го видовме ние. Тропеа е совршено место. Интересни плажи има наоколку Гротичеле, Замброне, Санта Марија итн. За Тропеа конкретно, е мало гратче со една од најубавите плажи што сум ги видела. Луѓето се пријателски настроени и помагаат кога треба но за жал никој не знае ни збор англиски. Малце тешко се разбиравме, ама сепак многу пати ни се најдоја и се разбиравме практично со пантомима и гугл транслејт. Се изнајадов пици и тестенини ааахххх мераци! Пробавме и морска храна ама бљак. Не ни се бендиса. Не сме ние така научени. Тестенините ми беа рааааај! Сега желудник ме боли од толку тесто ама ако вредеше. Посетивме интересни плажи со карпи и се качувавме сегде, имаше и доста пештери- се на се интересно! Навечер имаше многу убави акустични свирки во мали улички испикани. Да си седиш со сати да си пиеш винце или мохито. Романтично до коска! Во ферибродовите ми беше најтешко бидејќи на земја спиевме. Цела сум со модринки хаха ама интересно беше. Не беше страшно како што мислев дека ќе биди и на крај тие 8 саати на вода ми поминаа доста брзо. И такааа. Сега ме чекаат уписи на факултет, работење онлајн и работење на самата себе психички. Spoiler: Слики