Кога бев Италија си купив едно чанте-буфче и го крстив Сергеј (имам еден мајтап од порано кај што си ги крстувам омилените чанти со руски имиња nvm). Преслатко ми е. Секој ден кога шетавме го гледав јас онака со мерак и после неколку дена дечко ми ме фати за рака и ми рече - ајде купвај го! Секој ден го гледаш земи си го ко ти е толку ќеф. И си го зедооооооооов Вчера бев излезена и си го носев, и врвам покрај еден „господин“ демек со сако в кафич седнат на кафе и како што врвам го слушам онака гласно наменето за моето буфче- „Лелеее шо не ќе напрат за мода ХАХАХА“. Ми идеше да му се вратам и да му речам- тие цицките и газојте ги извадоја за мода ама МОЕТО БУФЧЕ е то шо не е во ред со модата. Ама ај си реков. Со сељаци не се расправам. Да можам на сегде ќе го влечкам, само што е мало и не бери многу работи. Хејтерс гона хејт
За мене најголема доблест што ја почитувам кај луѓето е кога од срце ќе се израдуваат за нечија туѓа голема среќа и успех што лично не го доживеале или дури и сè уште се стремат да го постигнат, или пак искрено сочуствуваат со нечија тага, дискриминација или неправда што лично не ги засега и не го почувстувале истото. Споделувањето позитивна енергија и емпатијата се најдлабоките и најчистите чувства кои нè прават луѓе...
Preku glava mi e od se, a najvekje od toa da bidam tuka za sekogo, sekogas i za se... a koga kje imam potreba od nekogo, site imaat nekoja rabota, zafateni se, umorni se....
Не се жалам за ниту една болка која сум ја претрпела. Дури и благодарна сум. Бидејќи, сите болки и сите падови ме направија да бидам ова што сум денес. И горда сум на ова што сум денес. Господе, давај ми уште такви лекции. Не дозволувај да имам се што ќе посакам и да се вообразам! Сакам да останам призема и скромна. Најважното си го имам. Моите сакани се тука. Сеуште можам да ги видам, да разговарам со нив, да ги гушнам. И за тоа сум многу среќна. А кога веќе спомнав гушкање... прегратката е лек за се. За секоја болка што го мачи човека. Прибежиште од секојдневните проблеми, место каде си го наоѓаш мирот. Гушкајте се почесто и додека се имате еден со друг. Утрешниот ден не се знае што ќе донесе...
Колку и да е тежок животот,колку и да е напорен денот,главата горе Бог им ги дава најтешките битки на неговите најсилни војници.
За некои луѓе наоѓам време и кога го немам, а за некои немам и кога го имам. Многу вистина во една реченица. За жал во послендно време се се гледа од корист. Срека со годините сфатив на кого треба да му помогнам, на кого не. Иако сум тука за сите,не сите го заслужиле тоа. Пред се помагам за себе, глупаво ми е ако знам нешто да не го кажам. Штета што секоj не го гледс тоа и сака да те искористи максимално.
Кога некој те навредува пред сите, оној кому не му значиш ќе се сврти за да ја види твојата беспомошна реакција. Оној што те сака ќе те фати за рака и ќе те извади од толпата. Престани да се плашиш да ги пронајдеш вистинските луѓе.
Денес не се чувствувам баш добро ... И не знам како и што ќе биде. Чудно е кога некој ни кажува што проблем има и мислиме дека го сфаќаме 100% .. а колку само не ! Кога некој ни бара совет само прашајте го што би се советувал тој самиот ? Од сега ова ќе го практикувам. Кога некој ќе побара од мене да му кажам што мислам дека треба да прави ќе му речам: Што би ме советувал ТИ мене кога јас би била во иста ситуација? Така всушност се советуваш самиот себе! И така е најдобро Грдо е кога не знаеш кој пат да го избереш, не знаеш што да одлучиш.... ми треба некој да се потпрам на него и само да ми каже дека верува во мене ..
Секој ден почнав све повеќе и повеќе да те мислам,зарем е можно ова да ми се случува?Е од ова се плашев,да не се заљубам,не сакав никоја да ја мислам,едноставно се плашам.Многу пати бев повреден во животот,па болката си го направила своето во моето тело.Години наназад све ме влече кон тебе,ке се оставиме,па ке се смириме,цело време планови како ако бидеме во врска ке правиме,како ке ја носиме врската во посериозно нешто,аххххх што ми направи.
Жолти дуњи, калинки и црно вино. Студени утра. Есен. Обоени прозорци. Шарени улици... И...застанав тука... се мислев како да продолжам. Да пишувам за тебе и сите оние чувства што ги преживувам одново и одново додека ти го чистам гробот или да пишувам за него, изворот на мојата сила и светлината на денот дури и во оние најтмурните како овој... Ниту ти можеш да ме прочиташ ниту тој може. Но нему секогаш можам да му кажам како се чувствувам. Само од тебе глас не излегува...веќе некое време... Пола литар кафе ми стои на маса. Денов ќе биде долг...
Сите најголеми љубови, ми се случија во есен. Катаљарда бои, мирис после дожд и печени костени. Моментот кога зеленото спонтано се прелева во жолто-црвенкасто,ама кога не се менува цела природа со исто темпо,па се е шаренко.Креативен неред. Цимет,јаболки,сонце .Го има уште,ама не прже толку многу. Најубавите зајдисонца се во есен,свеж зрак и нема спарнина. Помалку нервоза и почетоци, еден куп, после летната стагнација.Какао во Ли и лажиче брцнато во него, блешти од сонцето кое се поткраднува Магловити вечерини, кожна јакна и опивање од младо вино. Потполно мистична атмосфера. Менада, паркови и држење за рака. Кино и многу музика, длабоко во ноќта Изложби, слики и хулахопки. Ја обожавам есента затоа што можам да капитулирам пред чоколада и колачи. Колачи да печам и да ги јадам. А потоа да се прикријам со слоевита облека. Есенска гардероба,портокалово и смокви. Лисја натопени од дожд,меланхолично и романтично, створено за уживање.
Колку треба човек да е забеган за да промаши автобус бе? И наместо во Битола тој во Кавадарци да замине ц ц....