Ќе мислам дека е готово. И ќе преболам. Ќе помине. Ќе помине време и болка. Па ќе го сретнам пак. И одново истото.
Spoiler Бев на гости и пишман сум што отидовзошто, како поарно никој да не ме прашува! Ми се наполни главата со куп негативности за болести, па ми го обезвреднија цел мој труд околу образование и работно искуство, ми пренесоа непотребни застарени информации кои во моментов би ми го изреметиле мирот...а ја отидов само за да си играм со бебето на кој патем очињата не му ги видов. Во меѓувреме ми пишаа за немил настан за кој немам никаква поврзаност со тон ко ја да сносам одговорност и најбитно таа личност никогаш не се сетила да ми пише онака за муабет, колку да праша како сум или да пише за добро ... Заклучок Времето поминато со погрешни личности е изгубено време и енергија. Наместо тоа истите може да се искористат за попродуктивни и корисни ствари па макар било пиење на кафе во друштво со сам себе, медитирање, слушање музика и сл. се што може да ви внесе енергија и оптимизам.
Што е наше, па да ни го земат? Значи дотичната го прифаќа озборувањето како вистинска одлика на жените. До кога бе луѓе со вакви job descriptions на половите? До кога со броба кои се појаки, до кога со вакви теми и истакнување на некои присилени разлики? Да ги слушав работиве од дедо ми, можеби и полесно ќе се помирев, ама млади, образовани девојки да размислуваат вака ограничено е тажно. Можеби порано ќе се изнервирав и разгневев, ама at this point, тажно е. Она што ме потсети на твитов: Бесмислени се вакви заклучоци донесени врз основа на набљудувањето на поединци. Според богот на gender stereotypes, мажите своите пријатели ги чуваат до смрт и им се на прво место секогаш, без разлика кој или што ќе проба да ги раздели. Спротивно на тоа (бидејќи според погоренаведениот бог жените мора да се целосна спротивност на мажите), жените при најмал проблем ги прекинуваат пријателствата, бидејќи не им се толку важни како проблемот. Проблемот being, најпрост пример, машка индивидуа, love interest. Што нѐ води назад кон коренот на стереотипов: Жените повеќе се приврзуваат за своите партнери, додека за мажите најважна работа им е, секако, cracking open a cold one with the boys. Сепак, најтажно е што девојката го мисли тоа за себе, а и останатите кои се согласиле со неа, бидејќи тоа укажува на перењето мозоци што се случува секојдневно во нашето општество. Затоа ни треба феминизам, луѓе. Бидејќи тажно на утре на мали девојчиња да им кажуваме дека се злобни бидејќи имаат одредена комбинација на хромозоми.
@Lella жените се прекомплицирани и најчесто се преувеличуваат, буквално знаат од 'мравка да направат слон', зошто таа потреба да жената толку се приврзува за партнерот? Зошто да биде толку зависна да не може да функционира без него или зошто кога ќе најде партнер се оддалечува од друштво, а од друга страна кај момците си продолжи другарувањето
Жените единствено што ги уништува е болната потреба за натпреварување во секоја сфера што кај мажите ја има во значително помала мера. Од таму и толку лесно се уништуваат пријателства. Општеството такво какво што е и во насока во која се развива им го наметна тоа на жените кои пак без да размислат за поголемата слика(секоја чест на исклучоци, ендемски вид се) така слепо се придржуваат кон тоа и се касаат како хиени. Насекаде го гледам тоа. Жално е.
Женската суета е поголема од машката. Жените повеќе се замараат и тешко им е да простат, од што се поемотивни. Многу далеку од тоа дека сета злоба е во жените, последен пат кога проверив, мажите беа тие кои највеќе прават криминал, војни...
Изгледани две сезони од по 180 епизоди во рекордно време. Навистина не знам што да правам со слободното време сега. Крај на серија, крај на една ера.
Сдк Кога дечкото не ви се јавува, секогаш ќе се најде некој швалер.. на пример Ване Е тој Ване затоа што му е досадно, ќе ви обрати повеќе внимание него ли дечкото ... И тогаш Ване станува поинтересен .... приказната продолжува .... Животот е игра.. играјте ја по ваши правила
Ееее тој Ване е е ликот што им ја мати водата на коњите....секогаш знае да го погоди тајмингот кога да се јавикога ќе зачкрипи тој подмачкува.
Постот е пишан врз основа на мое окружување, јас немам пријател криминалец ни војсководец, ниту па сметам дека мажите немаат чувста и емоции, тука друго нешто лежи
Не реков јас дека немаат, туку реков дека жените се поемотивни. И тоа не е предност, патем. Го намалува објективното расудување.
You tell me. Ја фрламе вината на општеството како општестово да е Федора што нѐ гледа отстрана и ни командува. Ние го градиме општестовото, а креваме раце од него. Не знам како очекувате магично да се смени кога самите поддржувате стереотипи дека жените се комплицирани и заврзани за партнерот и емотивни и не знам уште што друго. Да, велам стереотипи, затоа што ако имплицираш на некоја биолошка карактеристика, тоа апсолутно не е точно и ти тврдам дека секоја можна карактеристика која мислиш дека ја имаш како жена ти е презентирана како таква уште кога си била мала. А знаеме дека ако на мало дете доволно долго време му кажуваш дека е вакво и онакво, секако ќе ти поверува и ќе почне да се идентификува со тоа. Обликување мозоци, ви велам.
@Lella гледам имаш доста да кажеш, повели отвори тема. Ниту мене од мала, а верувам дека на ниту едно детенце не го учат дека жените се злобни, злоба не е стереотип, само сведок сум дека е така во глобала, било момент на афект сум пишала, а ти ми извртуваш. Мое мислење е океј е зашто да ја полниме темава со офф.
Во овој дел јас се пронајдов затоа што погоре имав спомнато за влијанието на општеството врз жените и притисокот кој индиректно им се наметнува психички и им се пере мозок на дневна база. Факт е дека општеството, а под општество не мислам буквално она што си го напишала,(да не вадиме од контекст некои работи) туку начинот на живот во 21 век, влијанието на медиумите каде што нонстоп се пика под нос некоја агенда за тоа каква треба да биде идеалната жена, од таму и трката меѓу денешните жени до крајната цел- да се биде подобра од оваа или онаа, љубомората која се чувствува во воздух секогаш кога ке имаш нешто подобро од некоја околу тебе, било другарка, било познаничка, колешка, па неретко и сосема случаен минувач покрај тебе која те гледа како очи да ке ти ископа ако случајно изгледаш поубаво и посредено од неа.. и мнооогу други примери. Јас сум поборник за женски права и општо ги поддржувам жените, се залагам за тоа да се креваме едни со други наместо да се спуштаме на овој или оној начин поради некоја ниска желба за истакнување несфаќајки дека сите ние сме посебни и уникатни. Примерите погоре се олицетворение на површноста на големиот дел од жените денес, сакале ние да признаеме или не, тоа е тоа. Или ке свртиш глава и ке се преправаш како сето ова да не постои и ке продолжиш да се бориш против стереотипите или ке го пронајдеш коренот од кој излегува најголемиот дел од проблемите на жените и ке работиш на тоа да ја подигнеш свесноста за истиот. We all have a choice.
Сте разврзале муабети жените се она, ова а заборавивте дека и вие сте жени. Сакам да кажам дека мило ми е што научив како да разликувам сопка кога се прави. Само уште како да се справам, бидејќи накнадно ме нервира. Нема да останам должна.
Сум кажала 100 пати, па зошто да не и по 101 пат ... Не секој е створен да биде родител.. Денес детенце загубено шеташе низ Сити мол, затоа што некоја таканаречена мајка шопингувала до бесвест.. Колку бездушна личност треба да бидеш, незаинтересирана за сопственото дете, за да си го правиш меракот низ продавници, без притоа да ти текне дека си тргнала со дете.. Еееј со дете. Не со чивава, за да ја изгубиш на пола пат ... Малечко расплакано девојче си ја бараше мајката, а таа не ја бараше неа.. дури и обезбедувањето се чудеше како никој не пријавил.. Некој ќе плаче за детенце, некој ќе го губи по молови.. Ооојјј судбино ... проклета да си.
Отсекогаш ми биле олеснати многу работи за кои скоро сите се мачат да ги добијат. Животни околности, што да речам... И убаво ми е тоа. Денес достигнав една од нив. Но, не ме направи среќна како што би била ако сама се борев за неа. Многумина мислат дека ми е лесно што ми е се на послужавник ставено. И ми е. Не се жалам. Но, не ме исполнува. Не ме усреќува. Сепак, подобро вака отколку некои работи воопшто да ги немав.
Има разлика од очај до вистинска смисла за хумор. Штета што некои не ја гледаат разликата. На што човек се смее, кажува се' за него.