Времето како да лета. Се навикнав веќе да живеам во оваа гужва, место преполно со различни народи и култури. Сепак длабоко во срцето ми недостасува моето родно место, моето семејство, моите пријатели. Ми недостасува да го пијам утринското кафе со мајка ми. Ми недостасуваат долгите разговори со сестра ми во доцните вечерни часови. Ми недостасува нејзината насмевка и секоја нејзина блесава направена работа. Ми недостасува татко ми, да го слушам додека ми зборува за најразлични теми. Ми недостасуваат другарките да испијам чаша вино и да се забавуваме до раните утрински часови..
Често кога се изразува оправдана осуда кон одрази на некултура/кршење основни морални норми/нечовечност, знае да се појави по некој со вакви релативизаторски претпоставки: – Абе ајде, па вие никогаш ли не сте оставиле неред и ѓубре зад себе по излет во природа? – Не се правете паметни, сите барем еднаш сте се бутнале преку ред на шалтер... – Голема работа, не постои родител што барем еднаш го нема удрено детето... – Не драматизирајте, небаре има некој што ниеднаш досега во животов нема возено пијан... – Доста морализирате, зарем постојат веќе луѓе кои барем еднаш немаат изневерено? Епа одговорот е да, драги мои – замислете, уствари постојат доста луѓе околу вас кои ниту еднаш досега немаат сторено, а немаат намера ни во иднина да си дозволат да сторат вакви и слични постапки – на кои воопшто не е тешко да не ни помислиш на вакви грешки ако имаш основно воспитување, осет и чувства. Нема простор за генерализирање ниту со цел жалење дека „не останале добри луѓе и манири во времињава што дојдоа“, ниту за оправдување на случаи спротивни на вистински вредности кои, contrary to the popular belief, секогаш ќе се ценат.
Ја не им го сфаќам ни аргументов - демек, ако еднаш си направил нешто лошо тоа значи дека по автоматизам го поддржуваш? Или у тој случај не смееш да кажеш дека нештото не чини?
Сакам да кажам дека луѓе кои седат по цел ден дома и глумат психотерапевти на оние кои имаат распоред за цел ден да си се здружат и самите да си најдат дијагноза за нивното безделие.
Кога дете од 5 години си го плука во лице другарчето во градинка, родителот реагира на соодветно место и добива неколку одговори: - за кавга се потребни двајца - сама си го барала - жали си се на негувателките, не замарај родители во групата - де па ти, деца се, до утре ќе заборават - само ако за мое дете збориш вака, нема да реагирам мирно - научи си го да враќа, да биде појако (е, ај ако не нека се испоплукаат) Ако на 5 години плука во лице другарче, му вика ќе те убијам, ти да умреш, ќе ти ја залепам устата со фластер, смрдиш, 100 години не си се избањала, што да очекуваме од нив кога ќе пораснат?
Како мал ме обвинија дека на комшијата сум му ја дупнал гумата од колата. Дојде кај нас дома да се жали,мојот татко му даде пари да ја залепи,а мене ми залепи шамар,мојата мајка му се развика на мојот татко,дека јас такво нешто не би направил. После неколку дена дојде комшијата да се извини,му кажале дека го виделе кој му ја дупнал гумата,сакаше да ги врати парите но мојата мајка му рече: Шамарот што го доби моето дете нема да се врати,ако ги вратиш париве,затоа земи ги не ми требаат,ми го обвини детето на правдина. Сдк:Лесно е да те обвинат,но тешко е да се обештети обвинениот кој испаднал невин
Она кога сите рамења за плачење ти плачат на твоето, а ти немаш резервно. И ќе си буташ глава во перница, и ќе се разбудиш со болки во желудник и ќе почнеш да се преиспитуваш за тумори и ракови и сите одвратни болести. Ќе си пукнам. Тешко ми стана на форумов кога ќе отворам да пишам, како да треба мисливе форма да добијат, па трчкарам во Труднички муабети, зашто позитив ми е на денот. СДК деновиве ужасно многу сакам да заминам некаде, некаде покрај море. Сакам да седам покрај вода, завиткана во ќебе, да зјапам во вода и да ми дува морски ветер во лице. И да не мислам на апсолутно ништо. И да ме боли само студот што ќе дува во мене. СДК на многумина навистина им недостига евалуација на сам себе. Тек тогаш може да разговараме за тоа како другите се однесуваат, што треба да превземат и какви луѓе се. Мислам показалците да имаа мозок сами ќе почнеа да се свиткуваат. СДК ми се дискутира на многу теми, ама фокусот ми бега. Ми нема тежина. И пишувам, како да не сум пишала. Ова е некое бледо постоење. Тмурно. Како и се друго.
Трчајќи низ градов да си ги завршам сите работи, на крајот на денот се гледа дека добро е завршена работата. Не рекле за џабе, ако не си ја завршиш работата сам,никој нема да ти помогне. После еден бурен период од мојот живот, се надевам на еден помирен дел. Се исплатело толку трчање низ градов, толку километри изодени.
Сериозно треба да се воведе некаков закон кој ќе забрани турски серии и квази-новинари од типот на: Саше Поликлинико, Миленко, Мирка, Геро и.т.н. зошто благодарение на овие работи поголемиот дел од народов живее во заблуда. Наместо турски серии и филмови подобро би било да се прикажуваат филмови и серии од кои човек би можел да научи нешто. И не би било лошо да почнат да прикажуваат и документарни. Од документарни ќе научи доста исто така и Миленко кој тврди дека Земјата е рамна а и сличните на него. Емисијата „Јади Бурек“ вредела триста илјади евра еј, и се жалат телевизииве како немале пари. После народов не бил свесен, епа не е. #огандагогоритојштоќемизборидазабораваммакедонија
Понекогаш реалноста ја доживувам како илузија, додека илузијата ја доживувам како реалност. Можеби мислам дека сакам да побегнам бидејќи константно сум заглавена во исто место, иако тоа фактички не е возможно; - Никогаш не можам да бидам во истото физичко место двапати бидејќи Земјата, сончевиот систем и галаксијата заедно се движат низ вселената. Но и покрај овој факт, јас се уште копнеам да ги удавам моите кошмари, самата да се спречам да се сеќавам на оние моменти кои ме потсетуваат на времињата кога се прашував што барам во овие чудни места, ден по ден, ноќ по ноќ. Знам дека можев да се сетам претходно, ама секогаш заборавам. И во истиот тој миг, се разбудувам...
Ми се оди на планина некаде на чист воздух. Каде што е мирно и тивко. Без луѓе, само јас со моите мисли. Да седам на земја и да гледам некаде во далечините. Спокој.
Времево надвор ме потсетува на пролет. Ја сакам пролетта зашто пред две години ми донесе љубов. Оваа есен ми ја зема, но само на кратко, ја зема физички, но не и од срцево. Затоа чекам да помине зимава. На пролет се враќа. Се враќа конечно и засекогаш. Бројам денови. Срцево те зборува по цели денови
Oнa кoгa си депримирaн, aмa ти текнувa декa дoпрвa ќе дoaѓaaт стресoвите и мaките вo живoтoт и се депримирaш уште тoлку. Немa пoтребa ништo дa се зaбрaнувa, тoј штo мoже дa прoцени квaлитет и сaкa вистински дa се едуцирa ќе нaјде нaчин, имa дoбри дoкументaрци нa дoстa нaши кaнaли кaкo Мтв1, Мтв сoбрaниски, Телмa, Кaнaл 5 плус и се рaзбирa Дискaвери и сличните стрaнски кaнaли. Нa телевизијa oпштo имa емисии oд рaзни теми, не мoже некoј дa нaтерaме дa гледa нештo штo не сaкa, тaквите серии oдaт нa кaнaлите бидејќи имa зaинтересирaнoст. Џaбе е неквaлитетнo кoгa имa луѓе штo им е интереснo, немa пoтребa oд цензурa, секoј сaм требa дa си сфaти штo вреди a штo не вреди дa се гледa. Убaвo ќе беше нaшите телевизии дa дaвaa сoвремени и квaлитетни серии, знaм пoрaнo нa Телмa oдеa Orphan Black, Friends, Black Mirror и Sherlock, a нa мтв House of Cards и тoгaш гледaв телевизијa. Нaјверoјaтнo не им билo исплaтливo бидејќи немaм приметенo уште дa дaвaaт.
Добро, Телма може да се каже дека се двои од повеќето телевизии. Ама искрено јас досега не сум сретнал една документарна да прикажуваат по телевизииве, по другиве телевизии. И да бидеме реални, луѓево се преплавени со глупости и со емисии во кои се тврдат крајно бесмислени работи. Инаку да, можат да се најдат документарни и на интернет (како што правам јас на пример), ама треба да имаш во предвид дека не сите луѓе разбираат англиски и други странски јазици. Зошто да нема на пример документарни синхронизирани на македонски јазик? Можеби претерав со цензурата и законот ама искрено револтиран сум од тоа што сè им се сервира на луѓево, години и години уназад.