Има едно непишано правило кое вели дека не можеш со секого да се разбереш на мирен и културен начин. Епа таквите личности ќе се најдат на листата која е потенцирана на сликата.
Сакам да кажам дека многу сум среќна што конечно тргнав една многу лоша навика од животов - ги откажав цигарите и за тоа најмногу ми помогна дечко ми. Фала love
За жал ова општество ќе си остане такво да не бидеш прифатен доколку си поразличен, да не бидеш прифатен доколку не си како нив и не ги правиш истите работи како нив.
Буквално! Се стаписав од постов, и други слични на него. Не ми се верува, какви манипулатори можат да бидат некои луѓе! Лажете се меѓу себе, па после чудете се зошто има вонбрачни врски, и теми по форуми за тоа! Абе нема никогаш да ми биде партнер, некој кој треба да ми глуми, или јас нему да му глумам! Па да си правиме шеми, па да си кажуваме приказни во лично сценарио.. Па никогаш нема да ме знае мене , ќе знае некоја фиктивна Вајлд, што нема благе везе со реалноста, и ќе ја сака таа Вајлд, лажната... а не мене!! Е*ати таквиот брак, во кој ни дома не можеш да бидеш свој, да бидеш оној што навистина си!! Нема ништо, апсолутно ништо!!! побитно во една врска, од искреност !! Ако нема искреност, не сте ни заљубени во тие што мислите, туку во лажна слика за нив (и обратно) апро-по, вашата љубов е лажна !! Ваквите, ниту себе си се почитуваат, ниту некој друг! А од вистинска љубов, појма немате! п.с. се извинувам ако не е за овде постот, оригиналната тема е: Врска со оженет човек
Си прочитав старо мислење Кил ми нау !! Во моја одбрана, воопшто не памтам дека јас сум го напишала истото, па дали може да сметам како никогаш и да не сум го напишала?! #прашањакоимемачат
СДК дека папочната врвца кај некои бебиња се кине на време, после раѓањето, а кај некои машки бебиња откога ќе се оженат. И тоа, не на нормален начин, туку целиот чин личи на тегнење јаже меѓу нееста и мајка
СДК... Посакувам да се врати минатото за некои работи да ги исправам, да не ги направам истите грешки, да посветам повеќе внимание на себеси... Како поминуваат годините сваќаш дека ништо не е како порано и нема да биде за жал. Остануваат само оние проблеми за кои си немал сила-храброст да ги избришеш..
Гледам некои луѓе, со нивната појава шираат само негативна енергија што почнав да ги избегнувам. Не дека сакам, туку нешто ме тера во себе да бегам настрана од тие личности. Не дека им немам помогнато, но упорно терат по свое. Разбирам, сите сме имале лоши периоди кај што сме кукале, цвикале, сме се жалеле, ама сме слушале совети, сме ги користеле, а некои намерно, свесно и упорно ко да сакаат да тонат во амбис и намерно сакаат ги тапшаш по рамо и да ги жалиш. Не иде така постојано, треба да размислиш каде грешиш, што е потребно а што не. И доколку самиот себе не сакаш да си помогнеш, џабе ти се сите солење на памет од страна. Ама кому да објасниш, кога никој не те слуша.
СДК дека изминативе три недели иако беа мачни, но исполнети со слатки маки... Ја зацврстив вербата и љубовта кон мојот сакан. Грижејќи се за него, како тој за мене за овие скоро 3 години, ме натера да созреам уште повеќе. Да ја сфатам уште повеќе суштината на љубовта, градењето на една силна врска помеѓу нас двајца... Да сфатам колку всушност, сме си потребни еден на друг. Поминавме доста пречки, кои во споредба на некои други се банални и не се споредуваат со овие изминати неколку недели. Го сакам уште повеќе што би го превртела целиот свет само тој да е среќен и да е све во најдобар ред. Од ноќи непроспиени до радост како мали деца на секој направен нов потег со оперираното рамо. Колку вреди да се бориш за некого, колку вреди да се посветиш некому заборавајќи на себе. Преземајќи ја некогаш неговата одговорност за носење тешки торби, облекувајќи го и спремајќи го излегување. Ја сфатив и моќта на една мајка, колку само беше пргава иако истоштена и ненаспана... Таа, мојата идна свеки, во овие недели порасна уште повеќе во моите очи... Како вистинска хероина, за која титулата ЖЕНА, МАЈКА, КРАЉИЦА совршено и одговара. Посветеноста на едно семејство, сложно и без караници, сите сплотени за членот кој е повреден.... Тоа е она за кое вреди да живееш! Се друго е миновно, само љубовта и сплотеноста е вечна! Те сакам љубави.... И едвај чекам да станам законски твоја ЖЕНА!
Сакам да кажам дека родителите и браќата ми идат на нерви со нивните постапки и непочитта кон мене.Недостиг од љубов,денови со расправии.....Таков ми е животот.Но,тие се тие.Не можев да ги бирам.Не можам да ги сменам за други.Но,од друга страна,и да можев, и да можам,не би го направила тоа. А,и не сакам. Со Божја помош,можеби ќе си најдам дечко кој ќе ја пополни празнината.