И нас жените не чеша понекогаш 'таму долу', и понекогаш гаќите ни се пикаат кај што не треба, па не се дрпаме по улици ко неандерталци! Имајте малку осет!
Улица по која често минеш, одеднаш еден ден ја гледаш раскопана заедно со извадени плочки од тротоарот, ставени некои ленти и знаци демек нешто се работи ама не гледаш работници или некои машини. Приморан си да заобиколуваш или да газиш по камчињата и песокот на раскопаниот тротоар, а ако си со кола да поминеш плус 5 километри за да одиш кај што треба или да се пикаш по тесни улички оти по оваа не можеш. Ама за цело ова време, пак поминуваш покрај таа улица и никако да видиш работници. Се нервираш така едно 10-20 дена, и после одеднаш гледаш вратени плочките на тротоарот и асфалт на улицата. И ти останува мистерија зошто било раскопано и што се работело (демек), ако воопшто се работело нешто. Само во Македонија се случуваат вакви чуда. Додека во други земји, за два дена поправаат дупки или менуваат пукнати цевки.
СДК фрази од типот "живот иде даље" "не се замарај" ми се нешто најужасно. Не, нема да се откажам животот е постојана борба, ако се откажувам после 1 неуспешен обид каде би стигнала? Каде воопшто би бил светот денес ако никој не се борел да смени нешто? Не, нема да оставам тука така да си тече и да чекам нешто од небо да ми падне и само да ми дојде, да навистина некои работи не можат да се сменат ама може барем да се проба. Подобро да пробувам и да неуспеам отколку цел живот да живеам со мисла "а што ако успеев?". Што сакате кажете, зборете колку сакате нема да ме премислите, ќе се борам до крај па макар и сама по трнлив пат, верувам во себе и знам дека еден ден ќе се искачам на врвот.
СДК на улица,на автобуска,по кафичи,пред Црква,сретнувам многу ромчиња кои питаат пари,да не речам се молат,на некои им давам понекогаш,а да бидам искрена често и не им давам,душата ме боли и се осеќам бедно,ама што да им правам кога и јас не сум многу моќна финансиски и плус од секој ќош излегуваат и на кој да дадеш побрзо. Ама денес се случи нешто многу грдо,две Албанки или што и да беа,цели забулени,а дотерани и со торбици околу нив,ни побараа пари со мајка ми за автобус,и не им дадовме,мајка ми ќе одеше во друг правец и баш тогаш ми даваше пари за на заболекар,и тие тогаш ни побараа пари,одеа од човек на човек и никој не им даде од 20 луѓе,и почнаа да не навредуваат"вие сте богати неверници,има ова,има она,не знаете како е,ќе ве стигне ова,ќе ве казне она",не можев да ги слушам веќе....дојде автобусот и ќерката од задна врата влезе,не ја накодишивме ние патниците,а мајката му вели на шоферот дека нема пари и да ја вози така,и тој и рече дека не смее,а ќеркава насмеана и мафка(мислеше се снајде)ама стана шоферот и ја избрка,виде дека нема ни карта и дека не му платила се сети. Значи имам одено во најголемото жешко пешки од болница до дома(околу 10 км,бидејќи не ми стигнаа само уште 20 денари за градски превоз)можеа и тие да си одат пешки а не да ги навредуваат луѓето дека не им даваат пари. Ем шуто,ем боде,ајт таму!!! Оние не дека немаа пари,така сакаа да се рчкаат или да искористат само.
Ако постои реинкарнација и следен живот, би сакала да се родам како кокошка Ем без мозок, ем ништо да не осеќам Да одморам малку
Многу ќе беше поарно, ако се вклучувавте во дебата, откако ќе се информирате за темата. Вака... нема поента...
- "Не можам да дочекам да умрам сама " - ми прелетува низ мислите почесто од потребно кога размислувам за огромните љубови потфати кој ги ги "преживеав" за моја возраст. Едноставно ,потценето е секое искуство гледано плитко и оддалеку низ туѓа преспектива. Емоционално те истоштило нештото, те натерало да созрееш во умерено себична личност , своја и независна. Визијата за иднината се менува , добива нови поразлични форми и правци каде очекувањата се неретко изолирани од ризик да бидат изневерени. Не сум од оние луѓе кои клин со клин избиваат. Кои гаат надежи и непресметливо се втурнуваат себеси во врска чисто да се вклопат во нормативите наметнати од општеството. Безброј погрешни причини, стравот да се издвоиш од останатите, стравот од осаменост. Единствено преостанува да го прифатиш стравот да сакаш некого. Затоа што искуството те повредило до таа мера што едноставно сакаш да ја исклучиш секоја можност да поминеш низ истото . Вечера за еден, на одмор сама. Не се нездрави таквите луѓе , нездраво биле емотивно линчувани. Се наоѓам себеси некомпатибилна за љубов. Наместо да го прифатам она какво и да е што ми се нуди, со куп маани и недостатоци, јас одбирам да не земам ништо. Фала, пријатно.
На форуми како си препорачуваат лекови една на друга, па така на своја рака лекови си купуваат. Абе луѓе здравје е во прашање, како може за проблеми здравствени помош на форумот да барате, па дури и да има стручни лица, друго е кога ќе одиш кај специјалист по таа област, кога ќе утврдат што ти е. А не, мене тоа ми помогна, сигурно и тебе ќе ти помогне, да си го купиш. Не си играјте со здравјето.
Многу ја сакам есента и едвај чекам да почнат лисјата да се бојат во преубави бои па прошетки во шума во тие бои убавина едноставно. Уживам во есенското време.
Кога ќе ги затворам очите и ќе го напуштам овој суров свет само посакајте ми : Добра ноќ. ПС: Ќе ве замолам да не ми реплицирате. Ви благодарам многу на разбирањето.
Она кога занесено читаш книга, забораваш на време и на место.Толку се восхитуваш на креативноста на писателот, што ја забележуваш некаде на страна таа реченица и ја препрочитуваш одново и одново. Нешто толку едноставно, а така убаво напишано. Потоа стигнуваш до оној дел каде што мислиш дека конечно ќе се потврдат претпоставките што си ги имал од почетокот. И потоа, од само неколку збора и сосема неочекуван пресврт остануваш без коментар, се ежиш од глава до пети. Priceless.
Овие од визаир кога планирааат да ја снижат цената на летот ? Скап ми е сега за два дена ми се не исплаќа 150€да лупнам .
@Anabelle.Amorette Што читаш? Искрено, вести слабо пратам, а за политикава се немам заинтересирано извесно време. Не дека мојот интерес ќе промени нешто, само да се нервирам. И сега слушам реклама за европска Македонија, како да не се гласа за Северна туку додавката ќе биде Европска Толку се напорни како да гласаме дали да влеземе во ЕУ, а не името да го смениме. И си мислам, има ли некој што стварно верува дека ќе влеземе во ЕУ со ова? СДК не е за у оваа тема. За во оваа тема е да кажам дека сум почнала да се однесувам како некоја тетка. Гледам слика од братучетка ми и си викам што е убава. На другарките слика од внуката матурантка им покажував да видат што е убава. И братучед ми кога ќе стави некоја слика на фб фаќам залет да му пишам во коментар што е убав. Зашто се убави луѓе и кога ќе ги видам среќни си подрипнувам. И не зборам за физичка убавина, туку за убави топли пријатни луѓе. Колку посакувам сите да сме здрави и среќни...