Сакам да кажам дека си набавив тетратка и поради темата на @baba Rada Кога последен пат сте направиле нешто ново решив да си направам прибелешки на нешто ново што сакам да го направам и да го направам не само да кукам како ми е монотоно Ајде бабо давај предлози, животов ми е рамна линија не ни знам што сакам да правам
... дека во некои авотбуси на ЈСП ги откорноаа насочувачите на клима-вентилацијата (или како се викаат не знам) и кога е климата пуштена на најстудено, патниците немаат начин како да се заштитат освен со отворање на прозори за да влегува топол воздух.
Деца од 9-10 години се фалат каков телефон купиле. Јас на ваши години бркав мачки низ маалото и играв царица. Јбт модерново детство. Пардон,"детство".
Прочитав дека мало детенце од Србија го има најагресивниот облик на малигно заболување. За операција се потребни 191 000 евра. Цел народ се сплоти за донации, се собраа околу 120 000 евра, а остатокот од парите ги донирал човек кој сакал да остане анонимен. Еј 70 000 евра ги донирал човек со огромно срце. Детенцето сега ќе оди на операација. Кога ќе прочитам ваква вест се прашувам со кој памет луѓето кои имаат здравје се жалат? Како може некој да се жали дека е депресивен, раскинала со дечкото, немала пари да оди на одмор, другарките ја извиселе за искачање? Како немаат срам да се жалат и да бидат негативни? Ако имаш здравје и сите блиски се живи и здрави, тогаш имаш сè и секој „проблем“ е решлив.
сдк бев на трибина со зајко. вистина е дека исто размислуваме .. уште да ме убеди дека тоа навистина го мисли. 30 год имам, не сум обоена и немам партиска книшка. гласам без да сум фанатик и за тој што најубаво ќе ме излаже.
^ Депресијата е вистински проблем. Никој не одбира да ја има. И осаменоста што ја чувствуваме некогаш не зависи од нас, туку од луѓе на кои сме им верувале што ни забиле нож во грбот. Она типичното: "биди благодарна со тоа што го имаш, има луѓе кои се болни или умираат". Никој нема право некому да забранува да биде тажен за нешто бидејќи тагата не се става на кантар, исто како и среќата. Да му велиш на некој дека не смее да биде тажен затоа што има потажни од него е исто како да велиш дека некој не смее да биде среќен бидејќи има посреќни од него. Feelings matter. П.С. многу ми е мило што се собрале пари за детенцето.
Јас пак кога читам вакви вести се прашувам со кој памет луѓето цврсто веруваат во постоење на семоќен и добар Бог кој дозволува воопшто ова да се случува со мали и невини деца. Депресивен човек не е целосно здрав човек, и менталното здравје е дел од целокупното здравје. И само некој што не почувствувал ниту депресивни мисли, ниту сиромаштија - може да зборува вака. Некои луѓе за било што и да почнат да зборуваат, не можеш да се надеваш на вистински вредности и нешто позитивно од нив. Само некоја реченица им трае тоа и веднаш после им излегува од нив лажниот морал и негативноста.
Значи и тој што изгубил близок, девојка што била силувана, луѓе жртви на психичко насилство дома или на друго место, луѓе кои пропаѓаат во сиромаштија немаат право да се пожалат оти битно здравјето им е во ред. Ситуацииве што ги набројав иако не се физички здравствени проблеми, психички влијаат што пак е до негде дел од целокупното здравје.
Заборавив дека ти веруваше во Дедо Мраз, за Нова година посакај желба да не бидеш депресивна и да се подобри твое ментално здравје. Господ ќе ја ислушa твојата и сечија молитва. Детето е во премногу критична состојба, средствата се собрани, а сега е потребно молитва операцијата да помине во најдобар ред. Не може да се споредува твојата депресија со она низ што поминува детето. Јас сум морална личност со вистински вредности, жалам што немаш такви луѓе во твоето опкружување. Кога имаш здравје и твоите најблиски се здрави и живи, значи секој проблем е решлив. Но, тоа не можеш да го сфатиш бидејќи не си изградена на духовно ниво. Да те потсетам, ти Библијата ја нарече факинг книга. П.С. Не знаев дека моево мислење толку ќе ве погоди. Ајде сега почнете да пишувате мислења за депресија. Инаку на форумот има тема за депресија, па инспирирани од мене може во таа тема да пишувате.
Личност која е депресивна не прави ништо. И не се жали дека е депресивна. Едноставно има дијагноза - депресија. Депресијата е болест. За да се излечиш потребно е да посетиш лекар и да ги следиш неговите совети. Терапијата најчесто вклучува ад и бензодиазепин, апчиња кои се земаат долг период. И да не заборавам да напоменам, има луѓе кои си го одземале животот поради депресија.
Значи сите кои ме цитиравте сакаш да кажеш дека се депресивни и имаат дијагноза? Оваа тема беше секој да си каже свое мислење, без да има цитирање, ама едните исти членови мораат во секоја тема да цитираат и да се закачаат. Секоја тема ја оцрнивте.
СДК... „Јас сум морална личност со вистински вредности“ - рече ниедна навистина морална личност со вистински вредности сама за себе, никогаш. ФМП.
Какви споредби... Боже господе.. Едно со друго нема везе.. Најболниот не си го одзема животот, депресивните се самоубиваат....море на нива да ги пратиш и нека копаат цел ден, да немаат време да кукаат...
Јас имам дијагноза... И никому не би посакала да дознае, како изгледа, човек кога е во депресивна епизода.