Кога некој ќе каже не вреди да си добар, туку ќе те почитуваат повеќе ако се однесуваш одвратно со сите значи ми се превртува све во мене. Дури овде на форум такво нешто прочитав од член дека таков бил со девојките во смисла да не изгледал пред нив наивен па немало да го изневеруваат така. Океј, слободно бидете си идиоти, тие што мислите дека ве почитуваат демек со тоа, на крај само ќе ве треснат од земја. А и таквата почит се должи на страв.
Каков профил на луѓе се оние на кои им е забавно да навредуваат непознати на интернет? Не ми е јасна сатисфакцијата... Ако можеш да придонесеш некако, направи го тоа, ако не можеш... не мора да одмагаш и растураш. Обиди се да си го исполниш денот со конструктивни дејства и мисли... никој нема бенефит од деструкција. Незадоволство much?
Како е можно радоста да има толку краток рок, а болката мислиш престанува во истиот миг кога и нас ќе не нема.
Ne se nekakvi si misli,tuku se raboti koi se zabelezhuvaat od vselena kaj osobi shto zaedno leb jadesh. Zlobata im se poznava na lice,deka nie nekoi naprednavme so nekoj chekor,a taa osoba ostanuva kade shto e. Se siti na toa shto nie naprednavme za razlika od nea iako so pomali prava,a ne e svesna deka taa ostana vo beda. Zamisli do koj stepen idat lugjevo,iako se vo beda,se sitat na toj mal uspeh da go kazham shto go imaat kolegite koi jade leb so nea. Mi se gadi od takvite
@filip4 секакви има, помири се со тоа. Нека не те трујат со неубави чувства. Биди си среќен нека се јадат одвнатре тие на кои не им работи мозокот. Таквите луѓе, злобни и завидливи, се за жалење. Најмногу си штетат на себе... немаат мир.
Сакам да кажам дека премногу се разочарав од некои луге кои на едно дете не сакат да помогнат ,се чудам како може некои да бидат толку лоши и да мислат само на себе.... Си викаш таман све се среди се е ок конечно да тргнат добри денови и оп одеднаш ти се руши цел свет на глава како некој јак земјотрес што ќе те разбуди од сон... Дури ми доага на сите све да им изнакажам во фаца ама ете моето воспитување и мојата култура и почит кон постарите не ми дава да го направам тоа...
Сакам да кажам дека знам дека застудило кога не сум мотивирана да вежбам дома туку размислувам дека одам до теретана. Ни ќебе не ме топли.
Ветрот ни го издува летото. Велат го однесе некаде далеку на исток. Децата под балкон уште се чудат како есента ни дошла за 2 саати. Не се секирај. Каде за нова, каде за стара, априлилили, каде за 1ви мај и пак ќе зaмириса липата, пак ветрот ќе го врати летото. И уште десетина такви залади затопли и нови генерации ќе трчаат под балконот, а ти ќе видиш друг лик во огледалото. Во меѓувреме некој ќе трча по пари, друг по болници, трети по девојки, дечковци, ама сите заедно ќе трчаат по ветар и магла. На аеродром луѓе ќе слетуваат, ќе полетуваат, ќе брзаат некаде, но стрелката на големиот часовник ќе врти за сите исто. Таа ниту брза, ниту успорува. Си врти смирено, стабилно, моќно, постојано, за сите исто. Ќе шеруваме слики, ќе ставаме сториња, ќе се фалиме кај сме биле, што сме јаделе, какви облини сме направиле. Побрзо види кој ти го видел сторито, зашто уште 5мин ќе го снема. Ќе ги снема и сите бои, ефекти и цензури со него. Фотошопираме реалност пред луѓе кои и онака ретко ги гледаме, додека сенката на реалноста не одминува нас. Поминав покрај геријатрија. Слушнав како еден дедо во последните воздишки од животот се жалеше што во младоста не спечалил плус 100 евра за да го купи најновиот ајфон. А до него една баба офкаше велејќи ах да се врати времето кога бев млада, па да направев уште 100 скватс, ќе имав поголем задник од колешката. Ах да се врати времето, па да положев уште еден курс, да земев уште една диплома, да изедев уште една пица... никој никогаш. Сите жалеа зошто не љубеле повеќе или не побарале прошка некому. Жалеа за секоја минута потрошена без оние кои ги сакале и без оние од кои биле сакани, ценети, кои биле тука за нив секогаш, во добро и во лошо, дури и кога немале корист од нив. Посакуваа да го вратат времето, да вратат некој збор, да исправат некоја постапка, да простат некому, да гушнат некого, да поминат време со најблиските... за кои немаа време. За жал доцна сфатија што е навистина вредно во животот. Некои се плашеа од смртта, во неизвеност од она што следи потоа. Бараа прошка за своите гревови и ги исповедаа на тие што лежеа до нив. Од милијарди луѓе што посакале да го вратат времето, на ниту еден не му успеало, освен на еден глумец на еден филм. Времето еднонасочно поминува. Кога ќе сватиме дека сме како полскиот цвет кој денес го има, а утре веќе не. Ветрот дува, а лисјата веќе го спремаат танцот на временоста. Јас и ти сме само една нота од таа песна. Доволно е Диригентот да го спушти стапчето и излегуваме од петолинието.
Шанси да станам веган еден ден, би имало само ако некако ми се избрише од меморија дека некогаш постоеле и постојат поховани јадења.
СДК... Кога ќе направите нешто добро, оставете ги работите да мируваат. Посветеноста е подеднакво важна како и епилогот. П.С. Тоа што ја прави розата убава во светот на Малиот принц е времето.
Денес остварив една од моите цели. Малечка, навидум беззначајна а всушност толку важна. Ми доаѓа да се дерам на цел глас од среќа. Но засега ќе си се радувам безгласно.