Дали твоја мисија е форумот да го направиш посреќно место или ми се закачи баш мене од некоја друга причина?
Непријатен статус сингл?? Дечки, ако сакате да сте со некој, одете и молете. Ајде, бидете со било кој, само не дај боже да сте сингл. Оти тоа е пупу скраја да е. Вечно ќе сум сингл, ама ради реда не
@Rebecca_R грешиш. Сфаќам дека си нервозна, сите знаеме колку е нервозно влечкањето по шалтери во нашава држава, па уште и кога ќе ти се испонаша некој/а така. Ама сосема е неправедно да ја нарекуваш со навреди кои немаат врска со она што таа е. Можеби е лоша, подла и сл. но не е таква затоа што е дебела. „Дебела“ не е карактерна особина. Несвесно се навредуваат многу други што се пронаоѓаат во тој епитет, а не се лоши и подли како неа. Боли чувството кога некој што не те ни познава те навредува и удира онаму каде што можеби најмногу боли, нели?
Како да објасниш некому дека ако си добра мајка не значи дека имаш добар карактер и дека си добра личност.
Каква ли онаа мајка што го носи детето по марктети со сипаници? Како Мајка би требало да размислува и на другите деца.
Ако исфрлило не е опасно за другите деца. Но е опасно за него јер имунитетот сеуште е паднат па може свашта да закачи...
Апсолутно те разбирам. Ама ваквото вреѓање не е на место, па не знам што да е. Дебела, грда, нос за бурек сечење, слаба сучка, низ нозе воз да и помине, коса метла, прсти ќебапи.... итн, по ни еден основ не е во ред да го кажеш. Делот "маж и' не ја е*е оти е дебела" - парафразирам, едноставно е грозен и низок удар, не кон неа, оти веројатно нема поима од ништо од муабетов тука, туку кон сите нас останати дебели на форумов. Ако одам подалеку, зборот "шалтеруша" е деградирачки, ама знаејќи какви колешки имам, џабе ќе објаснувам дека не сите административни работници се идиоти.
Абе добро, се слушаш што зборуваш? Јас еве ќе ти верувам дека те третирала лошо и немам респект за неа, ама за твојата реакција уште помалку? Дебела била. Оф леле.
Наметнува, бидејќи го прави како јавен чин - дава пример како јавен функционер. Да беше во приватноста на неговиот дом, ќе беше сосема друго. Уназадување е за глобалната свест но и за економијата на грчкиот народ кој што продолжува да живее во теократско општество, иако формално се нарекува демократија. Се создва впечаток дека таа традиција треба да се прави за да им тргне на сите добро, но во реалноста тоа значи повеќе пари за верската организација отколку за реалните потреби на народот. Од тоа произлегуваат многу натамошни проблеми кои и те како можат да бидат страшни, а почнало со едно „е ништо страшно де, чисто традиција...„.
Откако влегов во пубертет како негативно да се одрази сето кај мене што се насобра, што се соочив во тој период со многу сиромаштија, расправии, префрлање на вина, помалку внимание, тешки периоди.... се до ден денес, ме следи едно црно облаче (некогаш е ептен поголемо), а тоа облаче ме прави да размислувам многу, аргументирам и да бидам напорен. Тоа облаче е наречено анксиозност, и секој ден се борам со него да биди што е можно помало и да биде негде долу во петиците.
Абе си има тема, https://forum.femina.mk/threads/Испукајте-се.1993/page-445 Само некои луѓе кажуваат погрешни работи на погрешно место.
На фб коментари за невремето во Грција: Ако им било,и секој што ќе стапнел таму да не се врател. Тоа е коментар од овој гнасен болен народ. После јаделе ќотек,па ќе јадат. Болен народ ми се гади од вакви затуцани умови. И секој што размислува така,у такво нека оди,и на форумот и надвор од форумот.
Многу ми е убаво откако ги исфрлив токсичните луѓе од мојот живот. Си уживам покрај луѓе кои сум одлучила да ми останат во животот, кои знам дека се секогаш тука за мене и искрено ме сакаат. На тие првите што ги спомнав, можам да им кажам само фала за убавите спомени (барем тогаш ми било убаво), а уште поголемо фала за одржаните лекции