Такви луѓе како овде ќе ги има секаде.Никаде не е совршено.Секако некој не сака да живее овде но тоа не значи дека треба да му пречат другите кои решиле да останат.Зошто мислите дела нема надеж? Зошто толку бргу се откажавувате кога можеби сепак ја има. Точно е дека овде многу оговараат и има многу прости луѓе но има и добри.Јас сега за сега не планирам да си одам од оваа држава.
Да се разбереме. Не ми пречат луѓето не ни напишав така. Има секакви, но постојат и добрите, и ги имам. Зборот е дека ми е скиснато од ваквите размислувања, додека секој ден секој месец и секоја година одиме само назад. Ако наоѓате малку надеж во она 0.5% од 100% "остварени проекти и добри дела" со што ни *замачкуваат очи* (и покрај тоа шо милионерите се кријат додека ние собираме средства за болните деца) тогаш немам потреба да се правдам зошто ми скисна од ваквите мислења и лажни надежи. Разочарение осеќам. Друго ништо. Треба ептен голем пресврт да се случи за да ми се смени мислењето, до тогаш си стојам цврсто на мојот личен став! Имајте убав ден.
Јас: „Ми се јаде нешто благо.“ Мајка ми, баба ми и други поединци околу мене: „Ене земи касни јаболко, има таму и мандарини...“ Јас: Ако не е чоколадно или нема доволно калории да те натераат да зажалиш после- не е благо. Навистина посакував да можев да си ги задоволам потребиве за шеќер со едно јаболко или мандарина.
Во НЛБ Тутунска Банка чекам ред, пред мене 10 стари луѓе и по некој млад, а до мене стои млад дечко. Шо се случува пази, доаѓа позади мене девојка и се среќаваат со дечкото до мене, па муабет ова она, гушкање, масирање, галење ...пред возрасни луѓе. Ми се згади. Остај тоа. Доаѓа мојот ред за неколку минутки, а типот ми го зима редот и пред него и дава ред на дотичната што си разменуваа страсти. Во еден момент ја гледам и неа и него во очи онака подолго, да им текне колку безобразни и безморални луѓе се. И тие ме гледаат засрамено ама од преголемо его неможеа да се извинат и побегнаа од банката свртувајки се 20 пати накај мене. Катастрофа! Ми се имат случено често такви неправди од стилот да ми го украдат редот на чекање во установите и сл. И тоа од стари луѓе. Е они ме вадат од такт, 60 годишен без култура и добро однесување.
Затоа што борејќи се и чекајќи ја таа надеж за подобро утре ни отиде менталното здравје. Затоа што појше од пола нација сме на дијазепами и лексилиуми. Затоа што деца од 12,13, 15 години се борат со панични напади, анксиозност и стресови кои не треба да им се познати во тие години. Затоа што не ни оставаат друг избор освен да пораснеме пребрзо и уште во 20-тите мораме да бираме помеѓу семејство и држава која ќе те измести од колосек или место во кое може да растеш како поединец, но далеку од најблиските.
Медиумите не ја даваат вистинската слика за некои држави. Во поголемите држави проблемите се поголеми.Тамошните власти не сакаат или не можат да се справат со проблеми исто како што не сакаат или не можат овдешниве.И таму има бездомници,силувачи и педофили,убијци и останати криминалци,анксиозни,напнати,намќори,оговарачи и останати луѓе,дури и во поголеми броеви од овде.И побогати држави од нашата банкротирале или и на нив им прети банкрот во блиска иднина. Плус,некои земји повеќе нејќат мигранти,а можно е и оние кои ги примиле пред некоја година да ги избркаат. Не постои сјајна или силна економија. Никаде не е идеално!
Смрдли од типот вчера дошла во фирма појма нема ни што треба да работи ти се праи шефица зошто мисли дека и се може а иста работа работите и иста плата зимате а она цел ден дреме и клати нозе ....Bitch please , epic eye roll
Србите: Халовин е сатанистички празник, ја сквернавите религијата, младите учествуваат во секташки и бизарни обреди! Also Србите:
Вежбам,трчам,се качувам на Водно,пазам на исхрана(колку што можам),не пијам Алкохол,не пушам цигари (ми сметале секогаш),давам се од себе да бидам здрав,да изгледам убаво.Доаѓаш дома 300 цигари во еден ден испушени,од еден таканаречен Родител и неговата Ќеркичка (35) годишна која НИКОГАШ не работела,нејзиниот Татко и гу чува децата,храни,плаќа се за нив и нејзе,здрава е ништо не и фали (освен мозок) ТАТИЧКО ТРЧА СЕ ЗА ЌЕРЕ,пушална задимено премногу,во станот 2 деца,едно Бебе од 4 месеци,и едно Дете од 4 годинки,им дуваат у фаца,ги трујат,се пуши секаде,во Кујна,Вц,Дневна,Спална,кај децата ама буквално секаде.Ги молам да не ме трујат,преплавен сум во шлајм,едвај веќе дишам,ама џабе,џабе кога зборам на НЕЛУЃЕ,на гнаси кој гледаат само за себе СЕБИЧНО,без трошка жал,совест,култура, немаат жал за тие мали невини душички,штетат на друг човек,штетат на 3 животи,ОНОЈ КОЈ НА ДРУГ МУ ГО ЗАГРОЗУВА ЖИВОТОТ,И САМИОТ НЕ ЗАСЛУЖУВА ЖИВОТ,ВЕ МРАЗАМ ГНАСИ ВЕ МРАЗАМ ШТО ЖИВОТ МИ УНИШТУВАТЕ
Мојата прва љубов која немав храброст на никој да ја кажам, ја чував само во себе и тоа толку долго време... Си оди во понеделник. Нема повеќе да го гледам секој ден и нема повеќе шеги од негова страна. Нема повеќе кој да ми го направи најужасниот ден посреќен од било кога.... Не знам како ќе живеам понатаму пошто немаше ден а да не помислам на него... Само поради него излегував само да го видам од далеку барем на минутка две... Чувствувам голема болка која тешко ќе ја преживеам
Со ова ме потсети на братучедка ми. Дома кај нив се имаа собрано 15 души, сите со цигара во рака. Отвараш врата прст пред око не се гледа од дим. Сите прозорци затворени, а она ни годинка немаше. Јас 5/6 години бев, и тоа уште од тогаш го памтам како најлоша глетка.Секој ден било така, братучедка ми така растела. Цел живот си има проблеми со белите дробови од тоа така што растеше дома. Цело здравје и се уништи. Едвај се породи сега, едвај преживеа, се тоа е ради се што трпела како дете од таквите родители. Разбирам што пушите, ај, и јас пушам. Ама мора да се има осет дали на некој тоа му смета, а особено забрането пред деца пушење. Страшно!!
Кога гледаме филмови или цртани со бебиња внука ми често ме прашува како излегувале бебињата И објаснувам дека дедо Господ така сакал тие да излезат од мешето (стомакот) на мајката, дека докторите и го сечат стомакот на мајката, леле кога се растажи дете, почна да паничи зошто и на мајка и' и го "исекле" стомакот, оди па разбери се со четиригодишно дете како навистина дошло на овој свет
Една жена ми филозофираше како бремените жени што биле пушачи не смееле никако да се откажат веднаш. Морало да си потпалуваат и дури се бремени зошто инаку штетно било. Ми се згади. Едни цигари им се побитни од здравјето на сопственото дете. Никогаш нема да разберам.
Тоа и овде го имав прочитано. Демек ако ги откаже, телото ќе почнело да се чисти од никотинот и ќе одел во бебето.