Oк, само уште ова ќе го кажам. Не сум мизандрист или како и да е терминот ама сметам дека не треба да се возвишува некој што не направил ништо посебно во животот, ниту пак е некаков херој, ниту пак има некаков проблем па да му треба поддршка, напротив, само проблеми самиот прави. Можда не тој конкретно, ама таков впечаток ќе даде на прв поглед секогаш. А немам девојка зашто не сум лезбејка ни би и не можам да се замислам со девојка да бидам повеќе од другарка. Не го мразам дм ама не му придавам толку значение, зашто обичен човек е.
Како бе не му придаваш значење, аман во врска сте Сакаш да кажеш дека меѓу дечко ти и некој обичен човек на улица не осеќаш ништо различно? Сакам да кажам, подобро да ме мрази некој отколку да ме игнорира
И ти си само обичен човек, па и јас. Но, последнава реченица треба да те замисли дали воопшто си задоволна од партнерот. За мене, мојот партнер не е само обичен човек. Туку личност која пред се ми е најдобар другар, потоа љубовник. Баш напротив, нему ќе му давам посебно значење, затоа што сум си го избрала, како сопатник, сродна душа, сопруг. Незадоволството кон полот, сметам дека е понесено од твоите чувства према твојот партнер. Кога би имала чувства према него, не би ти било проблем да го сослушаш. Треба да си среќна, што споделува со тебе. За жал, некои жени и ја немаат твојата среќа, остануваат само со прашалници, мислејќи дека се е во ред, а всушност, ништо не било во ред и резултира со немили чинови. Кога некој ти бара помош, дај му рака или во најдобар случај советувај да посети стручно лице. Мажите ги чувствуваат истите емотивни болки како и жените. Со тоа што верувам дека им е уште потешко, со оглед дека треба да бидат онаа фигура во семејството која е силна. Машката солза има поголема тежина од женската, а жена ко жена, цмиздри на редовна база.
Обичен човек во смисла - не е којзнае кој за светот, не дозволувам да се преминат некои граници само зашто сме во врска или јас да се менувам за него или да се измачувам, да глумам терапевт за него. Можам колку што можам да направам. Во врска сум да уживам.
Лелееее деца, каде со вакви генерализации? Мажите вака, жените онака. Дали ако не цмиздрам сум маж? Ко стереотипот на сликата сте понекогаш, традиционално азиско семејство, дефинирани полови и семејни улоги, уште да станете и да аплаудирате на авторитетот, и се ќе биде таман. Аригато
Горе долу и за мажи и за жени е денес исто. Ако не по пол тогаш ќе биде осудуван/ а поради религија, националност, физички изглед... Едноставно за сите психичкото здравје е битно исто колку и физичкото, а особено кај нас треба повеќе да се обрне внимание на тоа
Ако некогаш искоментирам нешто позитивно или пак да се пењавам на пост на фб од политичар имате дозвола со секира меѓу очи да ме здрвите. Најсериозно, денот кога некому кој живи не одрал ќе го величам поарно да ме рокне некој отколку да живеам. Што луѓе сте бе вие што им се пикате у шупак и ги величите небаре богови се. Еден ден паметот да ви го имам, да живеам во некој розов свет од розови идеали. Еден.
Често приметувам дека во општи дискусии користиш свои примери што звучат како обид да се оправдаш пред нас и да ни објасниш како функционираш и зошто го правиш тоа што го правиш.Многу лично ги доживуваш работиве што се пишуваат тука а што ги вклучуваат мажите.Зошто и како, ти си знаеш.
http://www.femina.mk/новости/животн...iDZ5H7E_wA0frgObaUzWzLdHrw481oPE1KGpcN3lPUtjE Третата слика ме скрши, ме разгневи, ја бакнува, а другите околу него се смеат и радуваат. Останав без зборови.
Ова е една од малте не бесконечните причини/докази дека "Секој сам си ја гради среќата" не е вистина, бидејќи да би била универзална вистина би требало да важи 100% за сите, но за жал не е така. Душичка, се надевам дека некоја организација ќе и' помогне. И на другите во иста ситуација...
Буквално само што тргнав во темава да си го едитирам претходното мислење и да допишам за ова. Додека ние тука филозофираме кој е поголема жртва во нашево општество, милиони девојчиња се вистинските жртви што живеат во ваков хорор без основни човечки права, продадени од деца и со одземена слобода.Страшно.
А ако истиот тој почине, девојчето пак нема да има живот. Според нивниот менталитет, ако направи нешто, сите ќе ја одбегнуваат. Во Авганистан, просечната возраст на која жените стапуваат во брак е 15 години. Малолетнички бракови не смее да има, а уште помалку такви во кои девојчињата се мажат за старци.
Само да не заборавиме дека станува збор за недоволно образовани и реално се' уште неверојатно примитивни луѓе со одвратна култура и воспитување. За среќа во многу предели на планетава таквиот примитивен однос е променет со многу едуцирање и евулирање низ текот на времето, вклучувајќи и го баш нашиов предел. Само кај нас има големи промени. Да, недоволно промени. Но има промени. За жал, човештвото споро еволуира, особено во одредени предели.
Се разбудуваш некој убав сончен ден. Решаваш да ја земиш судбината во свои раце. Почнуваш да се храниш здраво, вежбаш речиси секој ф@кинг ден, си правиш третмани за целулитче, ово, оно... Така цели три месеци. Ослабуваш, се стегнуваш, целулитот на минимум, хормоналните проблеми исто на минимум. Животот е убав, држиш гуру предавања за како си успеала и тако даље. После пресврт. Се заладува, се залежуваш, јадиш сваштарии, едвај го одлепуваш г@зот од кревет, не ти е битно како изгледаш, не си се нашминкала неколку недели... СДК сепак луѓето не се менуваат...