Добар ден, се јавуваме да ви кажеме дека ќерка ви имаше тешка сообраќајка, прегазиле девојче мигрант - мртво е. И тука шок доаѓа и полека ти изнудува иформации, јас мислам дека татко ми скроз се изгубил и се што требало му кажал. Дека сме на Шапка, дека има зет, внук. И, као зетот да не лежи затвор, за се да прикриеме мора да потплатиме, абе не знаете какви филмови, татко ми е во бунило, не ни знае се што се случувало, се блокирал.... Му побарале 25.000,00 евра, мобилен за да го контактираат, а фиксниот да остави отворена слушалка. Потоа му побарале што кола вози, и регистарска табличка, и во која банка ке ги вади парите.... И негова претопставка дека го следеле цело време. И му кажале на кое место, на некој човек да му ги предаде парите... На автопат!!!
Апсолутно. Потпишвам дека Дуолинго е вистинскиот негативец. Некогаш поставува незгодни прашања како "кој се грижи за тебе?" И место да преведуваш те фаќа криза на идентитет. Е сега кога веќе учев и за смрт ... Oh boy. Треба да почнам скриној да мавам.
Што е обратно од говор на омраза? Говор на љубов ваљда Па вика- Ој ти Убава Министерке на соседна држава Они ова озбилно бе Spoiler: линк до Фото доказ? https://time.mk/?q=убавата захариева&search=news
Страшно!! И кај нас се имаат јавено, на дедо ми. Бидејќи имам тетки што живеат во странство му кажале дека имале страшна сообраќајка таму и дека се во критична состојба. Му барале 3000 евра мислам, дури и жена се јавила и се преправала дека е многу лошо повредена (дедо ми инсистирал да му се јави тетка ми, да му каже што како е). Среќа имало и братучеди со нив и им пишале веднаш и се слушнале со нив и сфатиле за што се работи. Од полиција им го имаат кажано истото, дека се случува и да се внимателни. Дедо ми дури и им побарал број на тие и се договорил каде да се најде (откако сфатиле дека лажат) и во меѓувреме викнале полиција, ама не ги фатиле. П.С. Знаеле и многу информации за дома, значи многу можно е да е некој сто го знаат.
Имам читано многу вакви случаи и никогаш никој не бил најден. Им го дале ли твоите бројот од кој ги барале, зошто секој бр е регистриран на име, од таму може да се тргне? На маж ми му се јавија за работа, као да дојде таму на лице место во Катлановска бања и демек му се јавува директорот, му требало да се заврши работата итно. Тргнува мм со колегата и по пат им се јавува пак он и вика "До сега бил мајстор за водовод и треба да му се плати, јас не бев моментално таму, па може ли вие да му дадете 4000-5000 па кога ќе стигнете тука ќе ви ги вратам, греота човекот да чека". Ајде овие да искочат во пресрет, си викаат ок е ќе ги врати директоров, му даваат на дечково на договорено пари, идат до Катланово и обезбедувањето им вика аааа и вас ли ве зезнаа, па денес само сте не знам кој број зезнати... Ок, идат во полиција и таму као ажурниве викаат аАа ДаА зНаЕмЕеЕ, многу луѓе имаат зезнато, ќе видиме што можеме. Ми се јавува после мм, му викам ти го земаа ли бројот од кој ти се јавиле? Ми вика не. Епа браво.
@apple12 Жал ми е за стресот што твоите родители го доживеале, нажалост многу луѓе имаат потклекнато на овие “луѓе”. Еве ја истата приказна: https://faktor.mk/lugje-otvorete-ochi-povtorno-izmamena-zena-za-5000-evra-za-izmislena-soobrakjajka Цела година наназад по социјални мрежи се споделуваше слика за случувањава, велејќи да ги предупредиме нашите дома да не веруваат доколку некој се јави и истото им го соопшти. Некои биле информирани, еве во твојот случај не. Се претпоставува дека се поврзани некако со полицијата која им дава податоци од луѓето што планираат да ги измамат и најголема мета им се постарите кои не би можеле одма да стапат во контакт со децата. Работата е што кога ќе се заостри ситуацијата се повлекуваат на некој период за да се заборават случувањата и потоа пак напаѓаат со иста приказна со сообраќајката, со плачење, вриштење, со сѐ. Исто, пред некое време имаше на вести дека е “пронајдена” групата која стои позади ова, но сигурно било и тоа дел од играта за да се покаже дека и полицијата работи на случајот.
Им се кренале акциите, помалце бараа. Да си ги трошат за свеќи само, будали. Се прашувам дали имаат фамилии и што им е одговорот, од каде толкави суми носат по дома. Оперирани од секакви емоции. Гнаси со еден збор.
Не ми е јасно како на 18 декември 2020 година уште се употребува „еј остави го, пи*ка е тој“. Како се уште еден ваков израз може да е океј и да се користи насекаде, додека сакаме еднаквост? Како тоа женскиот полов орган е синоним за слабост, додека машкиот за неповредливост и сила? Како сите се расфрлаат со изразот „к*р ме боли“ за да покажат колку се несоборливи? Што, демек к*р никогаш не може да боли нели? Да ја испитаме теоријава со колено во меѓуножје во пракса? Или ако веќе употребуваме, нека биде за мажи „слаб си ко к*р“, а за жени „слаба си ко пи*ка“. Одговара вака, мислам таман е.
Сакав да резервирам некаде Маврово и остало за нова година, ама све полно, ме претркаа... Ништо. Ај барем ќе им викам на луѓето дека поради што сум одговорен нема да славам по викендици и ќе ги карам тие што слават таму како се неодговорни.
Недај боже некој со слабо срце може свашта да му се случи, па тек после ќе биде вистинска случка и они ќе носат некој на душа, со што се занимаваат луѓево за пари, катастрофа.
Ги читав и јас вчера.... многу луѓе имаат измамено. Навистина сакам да слушнат што повеќе луѓе, затоа сите предупредете по дома, зошто верувајте не сакам никој да го доживее тој стрес.... Татко ми по природа е див човек, ме нема гушнато никогаш (дури ни на свадбата), вчера како ме има гушнато... Тоа ми е знак дека стресот кој што го поминале бил преееголем
И за машкиот полов орган имаш глупи називи како пример: "глуп си ко к*р", "грд ко к*р". Треба и ова тогаш да го смениме, нели? СДК и за двата полни органи има називи во погрдна конотација. Треба да се бориме и двата да се исфрлат од употреба. П.С "ме боли п*чна жила" е другата верзија на "к*р ме боли".
Многу сакам кога мажи доаѓаат на женски форум да им кажат на жените дека немаат право ни за својот полов орган мислење да имаат. Како да ти кажам, омилено ми е. Ете, не мора "глуп си ко к*р", може да промениме во "напаст си како маж на женски форум".
Ако е до мене ништо од тоа да не се користи. Ама во случајов, на жена не сум слушнала да и се рече глупава си ко к*р а од друга страна на машко, пи*чка си и тоа како често се користи (од маж до маж). Така да ако веќе се навредувате мажите со користење полови органи, користете ги вашите. А за жени кажано е се веќе, мизерно е тој израз да го користат, тотално самодеградирачки.