Не памтам од кога не сум се израдувала волку на временска прогноза. Доста беше веќе од денови во кои ќе ти затребаат цела листа на работи од очила за сонце до јакна, како да патуваш од земја во којашто е лето, во некоја земја у монсунски период. Мислам, јас сум особа што се обидува времето да не ѝ влијае на расположението, и баш ми е драго кога гледам луѓе што и на такво време се весели и се радуваат на дождот, ама летото не го давам за ништо. Оној тип на уживање со шлапкање во дожд, стуткани со чај под јорган и цртање срциња на замаглени прозорци нека почека месец - два. Сакам вакви ведри денови, сакам да го слушам звукот на тивко разладувачко ветре во топол ден во којшто со лупа треба да бараш облаче на небото. А потоа да следат вечери полни со спокој и свежина кои едвај ги чекаме за да се разладиме. Почнав уште рано да го искористувам денот, со цеден сок од портокал и радио пуштено до даска на тераса - ете тоа веќе може да се нарече л-е-т-о, со сите букви на место! А така почнат ден не може ништо да ти го расипе. Уживајте во убавиот сончев ден и не дозволувајте ништо да ви го поремети расположението. Ве поздравувам со една песничка која ми е омилена во последно време, ариведерчи! http://www.youtube.com/watch?v=-A-zu4vfMkA
http://www.cambio.com/2014/08/06/kanye- ... ey-spears/ http://www.nme.com/news/kanye-west/68934 Spoiler
Како си чепкам низ форумов се повеќе наидувам на еден куп трол темички. Први април ли е, што ли е...Мада, и тој трае еден ден, ама тука изглеа се пребацува со екстрем продолженија. И како разлистувам, се повеќе среќавам тутуноберачки по селца со тажни судбини. Де турци ги запоседнале, де врагови. Не ќе да е коинциденција, не не! Ама јас знам од каде ваквата уникатна инспирација ја црпат! Лисја, свекрви, снаи, Фатмаѓули, Зејнапи, превари ни ги красат екраните веќе со години...Па не е ни чудо што овде се поврзуваат со таквите прикаски. И после сакаме здрава младина? Е аш, њама бе човек! Мислам, да не беше трагично ќе беше смешно..Особено ситуацијата во вторник, петок и сабота (се извињавам ако испуштив некој ден), веќе не ни знам колку гратиси попија пензионериве од ЈСП услугите. Таа јадна, не знае како крај со крај да скрпи, тоа ќесите ги распослала од еден до друг крај на автобусот, за да се однесе на пазар да спечали некој денар. Ама затоа сигурно знае што ќе се случи во следната епизода на Фатмаѓул и веќе има јасна визија, па со полн елан громогласно раскажува на исто толку кутрата женичка од соседната тезга, како Магира му ги мути јајцата на Полат небаре е тоа од суштинско значење. Абе, сфаштарии. Ама ај овие ќе речеш возрасни се, виделе мака од животот и немаат друга опција за релаксација па земаат тоа што им се нуди. За категоријата 11-15, што да се каже? Филмовите на кинотека ги укинале, секнала продажбата на карти за в кино и театар!? Не е ни тоа, ама си барам утеха за да им ја исполнам желбата на овие трол ликчиња кои како никулци се провлекуваат од тема на тема и си го пополнуваат вишокот слободно време. Се дур Виножитка не ги полие, оти од Билката абер нема.
Само што пишав вчера во темава, после 5 минути прекина музиката! Е ај тогаш да се пожалам, дека се' се фаќа на мене и ваздух који дишем и издишем. Мајка природа, идиотка. Ајде семоќна фемино, помогни ми. Ќе пишев уште нешто, ама.проклето.ме.мрзи.да.копирам.спејс. Пријатно! Ќе.си.ги.гледам.легендиве.
Каков малер сум! Таман ќе приберете некој денар за тегличка Нутела,сонувате како ќе уживате во неа,кога таа од големи висини ќе тресне на врелиот бетон,така фино ќе си се размачка,ја гледаш со насолзени очи,се нервираш и со тешко срце го носиш остатокот од теглата во блискиот контејнер.О,зошто ми се случи ова?Ја замислував намачкана на палачинка,па дури и како тенок слој на кора за торта,а најслатка кога украдеш една лажичка ,па се вратиш по уште една.Како да ја оставам во оној контејнер ,душата ме боли а неа ќе ја јадат мравки,бубашваби и по некое заталкано глувче.А бев желна за Нутела како лето господово 2014-то.Ги исплакав 700 или 750 гр. не се ни сеќавам се уште сум во шок...за секој грам по една солза.И кој е крив? Не е Бранко крив,крива е кесата ,проклета. До следната Нутела,којзнае кога и којзнае каде...
Вечерва сум на име кај мојот најверен другар што се дружам уште кога носев пампрес. Има да се изнаиграм, да се веселам за сите пари, и секако, да се најадам.
Нашиве тутуноберачки, од пуста летна досада, имаат бујна имагинција. Чекај да дојде училишната сезона, кога перото нема да напише ниту една креативна проста реченица. Тек тогаш ќе бараат вистинска помош во темата "Состави"(за школо). Или пак ќе си ги препрочитаат на форумов тажните судбини, и ќе ги оплакуваат во писмените работи по Македонски јазик и литература, на тема "Како го поминав летниот распуст".
Излегов на кеј да возам точак демек и се вратив за пет минути. Го симнувам точакот по скалите, се вртам и гледам 5-6 луѓе на земја, пијат ли пијат! И уште се разгракале, како комшивки на кафе. Почнувам да возам накај Ново Лисиче. Возев до некаде и почнав да се враќам назат. Ги гледам истите пијандури, се качиле на точаци и возат. Ако може тоа да се нарече возење. Ко пијани кокошки по меандри. И тоа улетани, нема зафрканција! Почна паника да фаќа, што ли ќе биде сега? Му фалеа 10 сантиметри и на земја ќе бев. И како капак на се‘, кога се враќав дом, почнав да слушам некои неартикулисани крикови. Фатив точакот и да ме нема. Од сега сама надвор после 9, не, благодарам!
Сакам да сум сама. Далеку од се` што ми се случува. Далеку од мислите, далеку од допирот на солзите, далеку од звукот на смеата, далеку од болката во градиве, далеку од собава... Сакам да се исгубам за пак да се пронајдам. И да трае тоа наоѓање колку што трае една осамена година, ќе уживам во него, сигурно.
Што ти кажав јас да не се секираш се ќе биде во ред. Ај да не сум офф-топик, само да ви кажам никогаш не викајте никогаш, дефинитивно после дождот иде сонце. Kога не очекуваш баш тогаш се ќе биде во ред. Никогаш не се откажувајте од вашите соништа!
Да кажам ...дека :само на мене може да ми касни пред одмор !! За да се малтретирам таму Секој месец точно на денот ми доаѓа и овој ми доцни два,утре ќе биде трет,а може и не... Лани не бев на одмор,прехлани бев и не се бањав а оваа година со душа чекав да одам и види сега Дали по деца да трчам ,да мислам што да се носи за нив на плажа ,па сега да му ја мислам и тампоните дали ги земав,кафетинот и резервна облека...оф... Па и стомакот подуен...и ова пмс не излудуваааа
Штотуку дознав дека една моја соученичка од средно се омажила... ма мислам свака част, да се земам и да се мажам на 18год. па добро зарем немам некои планови за у иднина, зарем би можела да студирам и да се вработам негде а у истовреме да раѓам и да чувам деца! Не разбирам значи стварно, али како и да е секој различно, нема што јас да и се мешам туку и посакувам среќа у брачниот живот!
Неподносливо, некултурно, нечовечно, безобразно и безосетно - до пред 10 мин. кај комшијата се сечеа дрва за огрев, со моторна пила. Моментално ги цепат. Мислам дека ова го нема ни во Тунгузија.
Јас да сум на твое место одма че ги пријавам ич не му ја мислам па вознемирување е бе тоа ах мене да ми беа...
Работава како во вицон „Сеа нашол да спие комшијава јас баш кога имам работа, невоспитан.“ Све има по светов, а и не се спие на жештиниве ноќе, а не се ни работи дење.
Незнам колку сум во право ама денес повеќето девојки се мажат поради тоа што се бремени. Знам девојчиња кои и на 15 се омажиле оти биле бремени. Сега немора да значи ама поради која друга причина некој друг би се омажил толку рано.