Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.119
    Допаѓања:
    163.770
    Пол:
    Женски
    Не памтам од кога не сум се израдувала волку на временска прогноза. ^_^
    Доста беше веќе од денови во кои ќе ти затребаат цела листа на работи од очила за сонце до јакна, како да патуваш од земја во којашто е лето, во некоја земја у монсунски период. :D
    Мислам, јас сум особа што се обидува времето да не ѝ влијае на расположението, и баш ми е драго кога гледам луѓе што и на такво време се весели и се радуваат на дождот, ама летото не го давам за ништо. :D Оној тип на уживање со шлапкање во дожд, стуткани со чај под јорган и цртање срциња на замаглени прозорци нека почека месец - два. 8)

    Сакам вакви ведри денови, сакам да го слушам звукот на тивко разладувачко ветре во топол ден во којшто со лупа треба да бараш облаче на небото. А потоа да следат вечери полни со спокој и свежина кои едвај ги чекаме за да се разладиме. :mm:
    Почнав уште рано да го искористувам денот, со цеден сок од портокал и радио пуштено до даска на тераса - ете тоа веќе може да се нарече л-е-т-о, со сите букви на место! А така почнат ден не може ништо да ти го расипе. :sun:

    Уживајте во убавиот сончев ден и не дозволувајте ништо да ви го поремети расположението. :hug:
    Ве поздравувам со една песничка која ми е омилена во последно време, ариведерчи! :d:

    http://www.youtube.com/watch?v=-A-zu4vfMkA
     
    На ozbilnazena, 1209, Katerinceee и 13 други им се допаѓа ова.
  2. RockNroLLGirL

    RockNroLLGirL Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2014
    Пораки:
    1.598
    Допаѓања:
    5.755
    Пол:
    Женски
  3. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.278
    Како си чепкам низ форумов се повеќе наидувам на еден куп трол темички.
    Први април ли е, што ли е...Мада, и тој трае еден ден, ама тука изглеа се пребацува со екстрем продолженија.
    И како разлистувам, се повеќе среќавам тутуноберачки по селца со тажни судбини. Де турци ги запоседнале, де врагови. Не ќе да е коинциденција, не не! :wasntme:
    Ама јас знам од каде ваквата уникатна инспирација ја црпат!
    Лисја, свекрви, снаи, Фатмаѓули, Зејнапи, превари ни ги красат екраните веќе со години...Па не е ни чудо што овде се поврзуваат со таквите прикаски.
    И после сакаме здрава младина? Е аш, њама бе човек!

    Мислам, да не беше трагично ќе беше смешно..Особено ситуацијата во вторник, петок и сабота (се извињавам ако испуштив некој ден), веќе не ни знам колку гратиси попија пензионериве од ЈСП услугите.
    Таа јадна, не знае како крај со крај да скрпи, тоа ќесите ги распослала од еден до друг крај на автобусот, за да се однесе на пазар да спечали некој денар.
    Ама затоа сигурно знае што ќе се случи во следната епизода на Фатмаѓул и веќе има јасна визија, па со полн елан громогласно раскажува на исто толку кутрата женичка од соседната тезга, како Магира му ги мути јајцата на Полат небаре е тоа од суштинско значење.
    Абе, сфаштарии. |(
    Ама ај овие ќе речеш возрасни се, виделе мака од животот и немаат друга опција за релаксација па земаат тоа што им се нуди.
    За категоријата 11-15, што да се каже? Филмовите на кинотека ги укинале, секнала продажбата на карти за в кино и театар!?
    Не е ни тоа, ама си барам утеха за да им ја исполнам желбата на овие трол ликчиња кои како никулци се провлекуваат од тема на тема и си го пополнуваат вишокот слободно време.
    Се дур Виножитка не ги полие, оти од Билката абер нема. :hai:
     
    На Gea, Elennaa, Tikvice и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.173
    Пол:
    Женски
    Само што пишав вчера во темава, после 5 минути прекина музиката! :rofl: Е ај тогаш да се пожалам, дека се' се фаќа на мене и ваздух који дишем и издишем. :D Мајка природа, идиотка. Ајде семоќна фемино, помогни ми. :D

    Ќе пишев уште нешто, ама.проклето.ме.мрзи.да.копирам.спејс.
    Пријатно! :rofl: Ќе.си.ги.гледам.легендиве. :rofl:
    [​IMG]
     
    На Moonstone.17, mileystar и Anabelle.Amorette им се допаѓа ова.
  5. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.870
    Допаѓања:
    101.816
    Пол:
    Женски
    Каков малер сум!
    Таман ќе приберете некој денар за тегличка Нутела,сонувате како ќе уживате во неа,кога таа од големи висини ќе тресне на врелиот бетон,така фино ќе си се размачка,ја гледаш со насолзени очи,се нервираш и со тешко срце го носиш остатокот од теглата во блискиот контејнер.О,зошто ми се случи ова?Ја замислував намачкана на палачинка,па дури и како тенок слој на кора за торта,а најслатка кога украдеш една лажичка ,па се вратиш по уште една.Како да ја оставам во оној контејнер ,душата ме боли а неа ќе ја јадат мравки,бубашваби и по некое заталкано глувче.А бев желна за Нутела како лето господово 2014-то.Ги исплакав 700 или 750 гр. не се ни сеќавам се уште сум во шок...за секој грам по една солза.И кој е крив? Не е Бранко крив,крива е кесата ,проклета.
    До следната Нутела,којзнае кога и којзнае каде...[​IMG]
     
    На Adi888, Monna.Monna, rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr и 16 други им се допаѓа ова.
  6. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    5.517
    Допаѓања:
    35.197
    Пол:
    Женски
    Вечерва сум на име кај мојот најверен другар што се дружам уште кога носев пампрес. :$ :D
    Има да се изнаиграм, да се веселам за сите пари, и секако, да се најадам. :wasntme: :hai:
     
    На cresa-jagoda, Someonespecial, Elennaa и 2 други им се допаѓа ова.
  7. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.482
    Нашиве тутуноберачки, од пуста летна досада, имаат бујна имагинција. :D
    Чекај да дојде училишната сезона, кога перото нема да напише ниту една креативна проста реченица. Тек тогаш ќе бараат вистинска помош во темата "Состави"(за школо).

    Или пак ќе си ги препрочитаат на форумов тажните судбини, и ќе ги оплакуваат во писмените работи по Македонски јазик и литература, на тема "Како го поминав летниот распуст".
     
    На cresa-jagoda, Valerin и Gea им се допаѓа ова.
  8. TheBlueMoon

    TheBlueMoon Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2014
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    645
    Пол:
    Женски
    Излегов на кеј да возам точак демек и се вратив за пет минути.
    Го симнувам точакот по скалите, се вртам и гледам 5-6 луѓе на земја, пијат ли пијат!
    И уште се разгракале, како комшивки на кафе.
    Почнувам да возам накај Ново Лисиче. Возев до некаде и почнав да се враќам назат. Ги гледам истите пијандури, се качиле на точаци и возат. Ако може тоа да се нарече возење. Ко пијани кокошки по меандри.
    И тоа улетани, нема зафрканција!
    Почна паника да фаќа, што ли ќе биде сега? Му фалеа 10 сантиметри и на земја ќе бев. И како капак на се‘, кога се враќав дом, почнав да слушам некои неартикулисани крикови.
    Фатив точакот и да ме нема.
    Од сега сама надвор после 9, не, благодарам! :|
     
  9. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.231
    Допаѓања:
    13.247
    Пол:
    Женски
    Сакам да сум сама.
    Далеку од се` што ми се случува. Далеку од мислите, далеку од допирот на солзите, далеку од звукот на смеата, далеку од болката во градиве, далеку од собава...
    Сакам да се исгубам за пак да се пронајдам.
    И да трае тоа наоѓање колку што трае една осамена година, ќе уживам во него, сигурно.
     
    На eliesaab и Anabelle.Amorette им се допаѓа ова.
  10. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.405
    Пол:
    Женски
    Што ти кажав јас да не се секираш се ќе биде во ред. :!: :!:


    Ај да не сум офф-топик, само да ви кажам никогаш не викајте никогаш, дефинитивно после дождот иде сонце. :sun: :dance:
    Kога не очекуваш баш тогаш се ќе биде во ред. :D
    Никогаш не се откажувајте од вашите соништа! :D
     
    На Valerin и nevermet18 им се допаѓа ова.
  11. SimonaTino

    SimonaTino Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.735
    Допаѓања:
    1.575
    Да кажам ...дека :само на мене може да ми касни пред одмор !!
    За да се малтретирам таму |(
    Секој месец точно на денот ми доаѓа и овој ми доцни два,утре ќе биде трет,а може и не...
    Лани не бев на одмор,прехлани бев и не се бањав а оваа година со душа чекав да одам и види сега :@
    Дали по деца да трчам ,да мислам што да се носи за нив на плажа ,па сега да му ја мислам и тампоните дали ги земав,кафетинот и резервна облека...оф...
    Па и стомакот подуен...и ова пмс не излудуваааа
     
  12. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.893
    Допаѓања:
    11.287
    Пол:
    Женски
    Само јас ли мислам дека балетанките се најгрди обувки. :D
     
    На SparkyAngel и Captain-Omni им се допаѓа ова.
  13. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.231
    Допаѓања:
    13.247
    Пол:
    Женски
    Не, и јас го делам мислењево. :D
     
  14. luci22

    luci22 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2014
    Пораки:
    742
    Допаѓања:
    1.503
    Пол:
    Женски
    Штотуку дознав дека една моја соученичка од средно се омажила... :o
    ма мислам свака част, да се земам и да се мажам на 18год. па добро зарем немам некои планови за у иднина, зарем би можела да студирам и да се вработам негде а у истовреме да раѓам и да чувам деца! Не разбирам значи стварно, али како и да е секој различно, нема што јас да и се мешам туку и посакувам среќа у брачниот живот! :D
     
    На fighter и GirlLove им се допаѓа ова.
  15. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    6.527
    Допаѓања:
    17.075
    Навечер у 12 саат во сабота сум вежбала...ејјј...хаха сум откачила значи :D ама па што убо ми дојде... :)
     
  16. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.609
    Пол:
    Женски
    Неподносливо, некултурно, нечовечно, безобразно и безосетно - до пред 10 мин. кај комшијата се сечеа дрва за огрев, со моторна пила. Моментално ги цепат. |( Мислам дека ова го нема ни во Тунгузија.
     
    На SparkyAngel, Valerin и anggell им се допаѓа ова.
  17. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034


    Јас да сум на твое место одма че ги пријавам ич не му ја мислам па вознемирување е бе тоа
    ах мене да ми беа... :D :D :D
     
  18. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.609
    Пол:
    Женски
    И јас помислив едно време, ама излегов почовечна и се предомислив. Едвај го успав бебето, едвај.
     
  19. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.770
    Допаѓања:
    23.801
    Пол:
    Женски
    Работава како во вицон „Сеа нашол да спие комшијава јас баш кога имам работа, невоспитан.“ Све има по светов, а и не се спие на жештиниве ноќе, а не се ни работи дење. :D
     
    На Gea, Valerin и kikav им се допаѓа ова.
  20. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Незнам колку сум во право ама денес повеќето девојки се мажат поради тоа што се бремени. Знам девојчиња кои и на 15 се омажиле оти биле бремени. Сега немора да значи ама поради која друга причина некој друг би се омажил толку рано.