Понекогаш,човек едноставно е изморен, ниту е лут, ниту е осамен, ниту е заљубен... Многу точна реченица што ја прочитав предмалку, јас ниту сум лут, можеби малку осамен, ниту заљубен, но едно со сигурност сум, изморен. Кога човек ќе се измори, се препушта на околностите, тогаш е најтивок, најсмирен и најкроток. Можеби сонцево што неодамна ми ја изгоре толку многу кожата, ми ги отвори и толку многу порите, што покрај жештината ми излезе и ............ I SURRENDER
По тоа што гледам по профили и колекции на weheartit, изгледа крајно време е да се менуваат школките, плажите и коктелчичите со слики со есенски мотиви за позадини и кавери. Нели веќе по тоа се одредува датум за менување на годишно време, мислам дека треба да се предложи без разлика на времето 1 септември официјално да се прогласи за почеток на есента, да нема забуни. Ама ете, ме фати и мене еуфоријата, денеска на петочен шопинг, конечно си купив едно од оние винтиџ цветни ранчиња, најкјут на свет ми е. Нема нешто поубаво кога за крај на работната недела ќе се наградиш со нешто што одамна си го меркала. А сега па почнав да си разгледувам autumn блогови на тамблр, пуштам фантазијата во есенски правец. Знаете, секое годишно време има своја магија, своја идила со која го поврзуваме истото и која сонуваме да ја искусиме барем неколку дена, за полнење на батериите. Јас идеални есенски денови ги замислувам во некоја идилична селска или планинска куќичка полна со топлина, дрвена и исполнета со предмети во есенски бои. Со мирис на топло чоколадо и кроасани, и звук на дожд придружен со крцкање на листови од стари книги под прстите. Во душата мекост и топлина како есенските џемперчиња, гушкање со посебна личност без разлика дали е со цел за затоплување или страв од грмотевици при невреме. Единствената обврска и план да ти биде листата на книги за уживање. И секако, залихи ајвар и сиренце, скромно нели? Аххх... Jaс со своите фантазии и летања на мозокот ве поздравувам, имајте убав викенд!
Можеби не си мислела лошо, но она што го тресна во мислењево, според мене е за осуда. Каков е тој речник-ретардирана внука? Како прво се работи за твоја внука а како друго-знаеш ли воопшто што значи тој збор ретардација? Или пак некој за некого кога ќе каже-ментален, ментиш, ретард и сл. , добро бе луѓе, контролирајте се со изборот на зборови, внимавајте на речникот, тоа се медицински поими и прво едуцирајте се истите што значат, па нареден пат размислете пред несоодветно да ги употребите (особено да ги употребиш како "епитет" за десетгодишно девојче). Или кога ќе слушнам родител (неодамна бев сведок на такво нешто и страшно бев револтирана, ми беше жал децата да се воспитуваат во таква средина) да му рече на своето дете - стоко една, говедо, глупаво или збори имаш ли уста. Страшно, јас би им рекла ако децата ти се говеда, тогаш си и ти како нивна мајка.
Со деца краставици не се сади! Ово во буквален смисол на зборот, вчера да го искористам убавиот сончев пролетен ден решив да си ја средам градината. Имам едно ќоше во дворот каде садам малку зеленчук, повеќе зачини, да се занимавам, плус да не трчам на пазар за работи кои не бараат многу време а лесно се одржуваат и во двор, да не зборам за сатисфакцијата кога ќе си направиш салата од сопствената градина. И така јас и Матео наведнати садиме чери домати, моркови вакви такви, повеќе видови на зачини и едно време кревам главата кога го гледам малиот се што сме насадиле со Матео, искорнал и си се смешка ич око не му трепнува...ете со некои деца краставици не се сади. Матео го кара брат му, му вика затоа што бил љош немало да му дадиме да јаде од тоа што го садиме, го затворив малиот со некоја играчка во каби хаус колку да спасиме нешто од тоа што насадивме, ќе треба сега кога сме надвор во двор постојано да го надгледувам за да успее нешто од насаденото. Друго што сакав да кажам а е малку така creepy барем за мене е, дека бебево внатре си прави хај фајв со братчињата, а стават рака на стомакот одма се појавува нога кај што им е раката, нив им е интересно ама мене ми е како да имам вонземјанин внатре кој смислува начин како да излезе низ стомакот, убаво си кажав creepy.
Колку би било подобро кога луѓето би почнале да се грижат за тоа зошто не се сакаат самите себе и зошто ним не им е пријатно исклучиво во нивно присуство.Наместо да се грижат зошто другите не ги сакаат и да се трудат на другите да им е пријатно со нив. Како викаат:Луѓето што живеат за туѓо одобрување,умираат од туѓото неприфаќање. А,јас велам умираат и од туѓото одобрување,со цел да се прилагодат и да се допаднат некому,секојдневно убиваат скапоцен и единствен дел од себе.
Еее Рејчел сега ја фатија будалите... Така како што истура тука кај нас,си излегов на дождов и си дремев и изигравав индијка на дожд ... си викам ај и онака треба да се пресоблечеш за спиење.
СДК да не ми ги редактирате повеќе мислењата на темите, не е интересно И СДК2 навистина има неписмени во темата Правопис, што е страшно ако им речам? СДК3 Ако некој ме нервира, ништо лошо да си знае
Колку нетачни луѓе постојат, па тоа со лопата да земеш и да ги ринеш! ... си бев на гости прееска и ме понудија со сок, како што е редот нели.. и прашувам јас од што е сокот заинтересирана онака, и добивам одговор од Г‘З, уште се чудам брееј.. сок од г‘з! па поштовани публикуме мислим ово нема ни у Србију!
Парфем на вредните домаќинки. Пријатен за нос, опоен, што бе опоен, цело маало го намирисува. Знае дека ајвар се спрема. Е не, само познатите да имаат свој Те дига до облаци кога тој ќе ти се залепи за врат и ќе ти каже дека мирисаш на чад и пиперки. Иди бегај, на сите да им се јаде, тебе да ти се одјаде. Налет и ајвар и се, печи, лупи, мели, пржи, мешај мале мешај. Да не ти загори Е во мешање ми нема рамна фрц натака фрц навака, бидна работата. Епа мене ми умре циганката, мора сама да си се пофалам Јас се ратисав, сега вие мешајте
Ами Озбилна, таман најдолготраен парфем ќе имаш, ќе ти трае година, две Е ако се пофали, убав е ајварот, за разлика од купечкиот, поубав дури, мор Озбилна што ти текна ајвар да спомнеш ќе ми се пријаде, не за друго, до тука ми се чини се осеќа миризба :geek:
Овој мој мозок се навикнал дека мора другите да ги слуша и така си тера. ПОтоа си западнувам во невољи. И се` така често. Лошо ми се пишува ако не научам да кажувам НЕ на другите, а ДА на себеси.