А бе за мене синџири не кеси после кречење дојдов, се е вратено на место. Само треба да исчистам се детално. Ама сине маме се што било месено претходната недела треба да се проба.
И то е еден вид на чистење, фрижидерот внатре. Поддршка, посебно кога е за месено. На сè можам да одолеам ама на месено не, добро и на торти.
Скоро пред некое време идев нешто до град со автобус а уште имав малце болки после операцијата. Седнувам и иде еден дедо, му викам извини би станала ама не можам. И дедово ок, најде друго место. И еден друг постар што седеше кога фати да ми пцуе мајки, шајки и све до 7мо колено Гуска невоспитана, култура сум немала, млада здрава права сум седела. Абе просто да се чудиш од кај толкав бес насобрал. Го игнорирав и к ме болеше да ти кажам. Доволно давав на почетокот за такси кога морав до болница неколку пати.
Значи се почесто среќавам „компетентни„ луѓе во случај да имам некое прашање. Еве последно што се издешава. Ми се расипа лаптопот и купив нов. И пробувам да се логирам на Амазон и внесувам меил адреса и точен пасворд, арно ама следен чекор ми дава дека ќе пратат код за верификација на телефонски број кој што ми е стар и не го користам. Се јавувам фино лепо да им кажам да ми го обноват телефонскиот број за да можам да се логирам и ми вика дечкото од таму, извини нема да можам да ти помогнам. Притоа сите информации ги спореди, му велам, слободно види внесено е во делот кај лиферунг адресе и новиот тел број,плус ти се јавувам моментално од тој број , така да се точни информациите и се се поклопува. И он се запна, НЕ И НЕ И НЕ МОЖАМ , ТУТ МИР ЗЕР ЛАЈД. Епа баш ти фала на помошта. И седнав да пребарувам маил контакт за Амазон и нема, само телефонски функционираат. И сега шо ? А ме остави 20 минути да чекам на телефон, за тоа време успеав да си се истуширам и да си ги излакирам ноктите на рацете и нозете. За копилето да ми рече дека не можел да ми помогне. Значи ОБОЖАВАМ луѓе што идат на работа и притоа ем не им се работи, ем поима немаат зошто се дојдени на работа, барем 1 % да се потрудеше нешто утешно да кажеше, ама шо може да ти каже германец НЕ та НЕ отсечно. И сега додека го пишувам постот вријам. @Gosh , може слободно да те заменам, од денеска јас сум мразачка на луѓе, не ти. Па и времево надвор пекол топло , уфффффф
Ич и да не те боли тоа старите сакаат да им стануваш во автобус,да ги пушташ преку ред во маркет.А одам на матичен и доаѓа една жена со бебе седат старци еден куп и никој не и станува на женава.Далеку беше од мене и не ја приметив од прва дека стои на страна и чека.Па кога се изнервирав па јас ги отерав кај што нетреба и не се чувствувам ич виновно искрено.Сакаат се ама они не стануваат на едно бебе срамота и после да им станувам а неее не им станувам веќе.
Не бе најјаки ми се на станицана кај зелено пазарче коа ќе се качат ко магариња натоварени и ајмо сите помлади групно да рипаме оти пази не можат да стојат ама 10 ќеси м'кнат. Ако толку не можеш да стоиш, ќе купиш ќеса -две само или крај крајова од локална пиљара ќе земеш ако е зорт. Ми се случи еднаш да побарам една повозрасна да стане и ми преврте очи и си заврте глава. Значи види, фала богу не може секој секогаш да стане, не сум можела и јас, ете кажав. Ама едноставно извини се речи не можам. Толку. Сфаќам и старост ама од лично искуство сфаќам и здравствен проблем кај (по)млади. Они само првото
Знаеш, слично ми се има случено. Си одам накај дома и штракам телефонот, на тротоар секако. И еден чичко позади со точак ми испцува се и сешто, само у телефон вие младите зјапате ми вели. Си викам пушти го не е арен очигледно, инаку неможеш на непознат да му кажуваш што да прави. Невоспитан и без општа култура
The best feeling во зима е кога ќе седиш на компјутер,и кога од предолго користење ќе ти се загрее ,,куќиштето,, и можеш да си ги ставиш нозете да си ги топлиш
Ауу па и они старите поарни да не се, начукале по 70+ сите фб имаат и млатат празна слама таму, праат селфи, се модернизираа и они, да не останат покуси па после све младите не чинеле.. Абе и они коа биле млади некад, старите им се чуделе може, затоа нека не го тупат многу. Иам чувство дека љубоморат шо остареле и све им смета, место да си уживаат во староста и пензионерскиот живот кој си има свои убавини ама не, мора да се мрчело за све нешто.
Си гледам некои стари слики и сфаќам колку сум се трудела да изгледам десет години постаро. Пеплум сукњи, пуш ап три броја поголем, едно кило шминка уште во осум саат сабајле, бижутерија од бит пазар, перфектни фризури. Интересни времиња за потсетување, ама сега па ми е онака смешно зошто воопшто толку сум брзала...
Има нова латино серија на хрватската Perdona nuestros pecados изгледав неколку епизоди се откажав не ми се бендиса https://www.facebook.com/telenovele.serbia?mibextid=ZbWKwL Еве на странава ставаат линкови ако не можеш да следиш на хрватската можеш да ја гледаш тука
Имам 7 ампули Progesteron depo од 250 мг со рок на траење до 2026. Ги купив ама после примени неколку инекции, ми ја прекинаа терапијата и овие ми останаа. Да ги вратам не можам, а да останат вака да им помине рокот, скапо сум ги платила... Ако случајно и' треба на некоја, нека ми пише.
На двајца од осомничените им беа доделени 19год. затвор. 19 ГОДИНИ за убиство!! Третиот беше пронајден во Германија, по што нема никаква информација дали беше и на колку години осуден.