И на ова ќе додадам дека никогаш никој во животов не ми рекол нешто во стилот на "нели ви е скапо?", "зошто не готвите за поефтино да поминете?", "зошто таму, а не ваму" и слични чудни работи кои нема логика некој да ти ги каже зошто секој си знае за себе што сака и што може.
Најбитно во животот да си среќен со тоа што го имаш. Се повеќе е само бонус и не е неопходно. И никогаш да не ти сметаат мали нешта. Идеално и многу интелигентно е да не се жалиш и нервираш.
Блазеси ви со луѓето што ги познавате. Мене една последно ми искоментира "како ми се давале 2500" за шминка и фризура. Да ме прашаше каде може таа да најде за поевтино, ако на неа и е скапо, може поинаку ќе ми звучеше муабетот, а не "мене како ми се давале".
Хахаха, мене мака може да ми биде ако дадам 2500 за јадење ама за шминки и облека никад мака нема да ми биде
Абе еве на пример и за јадење ако ти одговара тебе ќе си дадеш, нема ја или некој друг што да ти кажуваме дали ти е тебе скапо или евтино. Може ти се јаде октопод со ракчиња, мене ако ми е скапо тоа, ќе јадам пилешко со печурки и решен проблем, нема што да те прашувам "Добро не ти е скапо ?".
Апропо муабетов со скапо/евтино ама исто така ме нервираат луѓе што ем се жалат 24/7 дека немаат ем ги гледаш по скапи одмори или скапи ресторани. Значи у реду ако ти се троши ама што се жалиш тогаш кога ете имаш. Ако толку немаш што се жалиш нон стоп па ќе бидеш поскромен.
Точно дека иритираат ваквиве ликови кои се мешаат у све и туѓиот живот им е поинтересен од нивниот ама што и вие им се замарате толку, игнор само, не можете да ги смените таквите, и да си најдобар и најлош они пак се тука да се избацат со коментари секакви и постојано ќе си прашуват, а и нашиов менталитет си е таков. Остајте ги, можеби тоа придонесува да имаат исполнет ден и се среќни откако истрескале глупости, ако се, мило ми е за нив. Тие што се жалат дека немаат, а си се луксузираат најјаки ми се.
Лично, познавам такви како што ги опишувате погоре. Од стан, наместен со иста боја, слики, мебел па се до веспи, коли, дворови. И постојано нема за титкање, тешко и било во бракот, мажена е од 22 години, не брецка нас немажените што сме правеле со наши 30. Државна работа, тешко е. И така.
Јас лично, па никогаш не прашуам колку пари купил некој нешто, колку струја плаќ, колку му коштаат чевлите, фризурата, венчаницата, колата. Со блиски другарки да, знаеме да искоментираме колку, како што, но тие се бројат на рака. На познанички или ете така луѓе, најдени во муабет да прашам а колку ја плати декорацијата за роденденот на детето не ми се соодветни. Мене, барем. Нит прашувам, нит се осеќам лагодно некој не толку близок да ме праша нешто такво.
И шо ако рекла како ти се дава толку пари? Тоа е нејзино мислење, она не би дала. Нит ти рекла од кај ти пари, нит дека си улава. Голема работа кажала свое мислење. Многу си фаќате глупости на срце, немој некој стварно да ве увреди, у депресии ќе паднете. Оди си на фризер, и да не ти чуе.
Да видиш за каква личност станува збор, верувај ќе ти стане јасно. Еднаш да праша ајде де, а не ми е ни толку блиска, преку заеднички пријатели познаничка. Дали има бонуси кај вас на работа? Е добро еве и кажувам, одма ми прави споредби, во таа и таа фирма повисоки биле за исти позиции. Океј фала на инфо. Си бил некаде, ауу скап е тој град, само за три ноќевања 200 евра. Океј, никој не те тера да одиш. И вакви милион испади во врска со твои финансии, едноставно личноста ти станува одбивна и ја избегнуваш, пошто не дека ти е проблем или тешко да споделиш и да одговориш на прашање кога веќе ја интересира, туку имаш впечаток дека ако одговориш наредното е осуда, или скапо си платил нешто, или не си платен ко што треба, или таму било прескапо, а грдо било морето. За основна (не)култура станува збор. А со пријатели нормално, верувам дека секој споделил муабет за одмор, колку платил, каков бил хотелот, колку биле лежалките, дали се задоволни генерално од услуга од агенција, од превоз, за се и сешто ќе позборувате, дури и ако те прашаат, прашуваат информативно- можеби разгледуваат повеќе опции каде да одат, без потреба да мрчат.
Таквите луѓе не се замараат за твоите финансии per se, гарантирам дека е иста со сите. Комплекси се у прашање, не се замарај, смешна е дури од тоа што кажуваш. Опседнати со пари и материјални работи, само тоа им е на умот на некои.
Мислам дека за ова треба посебна тема да се отвори. Често се прашува зошто машките ( не сите) не сакаат да ги напуштат своите родители и да заминат со партнерката во странство. Имам неколку другарки кои ПОРАДИ МАЖОТ останале да живеат во МК или во градот каде што се. А, женското секоаш мора да нели, напушти куќа, освен ако нели не појде он да живее кај неа, што не е редок случај.
Бабиве на кои им е грозно татко на дете да му покажува љубов, да го бацува и гушка ми се најгадни! Тоа мајката требало! Мрш одвратна!
Главата ме заболе од муабетите за пари погоре пошто секој се надоврзува со пример за друг тип на луѓе, па други се надоврзуваат со трет тип на луѓе и така натаму. И јас да се надоврзам, секогаш сум uncomfortable кога ќе прочитам по темиве дека македонскиот народ би требало да е сиромашен, а као не е пошто сите се со коли, со направени нокти или одат на три одмори... what? Многу чест коментар, само во последниве 2-3 страници го сретнав неколку пати. Прво, тој коментар вришти од злоба и горчливост, зошто тие имаат, а јас немам. Второ, на социјални мрежи сите го претставуваат најдоброто од нивните животи и треба да сте свесни за тоа кога користите инстаграм. И општо не треба да доаѓате до такви заклучоци кога ќе видите дека некоја има гел нокти и пуши цигари и као вау, џабе се жалиме во Македонија. А оние што навистина има пари признајте дека секогаш се со некоја врска во странство, 90% семејства каде што мажот никогаш не е тука пошто вози камиони и работи во Германија. И тоа е океј, сите знаеме како се снаоѓаме ние во Македонија. Ама таа ваша злоба и горчливост потшо сте љубоморни и немате исти буџетни приоритети со други е... гадна. И глупа спрема оние кои стварно немаат а ги има многу, многу.
Не знам зошто велиш злобни или љубоморни. Јас, еве за мене кажувам, велам дека ТИЕ СЕ ЖАЛААТ дека НЕМААТ ПАРИ, а си одат на одмори и нз ти што. Не е љубомора, туку поентата е ШТО СЕ ЖАЛААТ, а не се за жалење. Во животот има и луѓе што немаат пари ни за леб
Na mene stvarno ne mi e jasno tie roditeli na toa devojče od 14 15 god.u koja slama spijat. Neli gledat deka na FB nivnoto dete ima po 400 500 lajkovi od razni maži so razni godini, nacionalnosti i slično. Bog da čuva i da brane. Ušte pološo da e majkata so razgoleno dekolte zaedno so kerkata pravat faci nesto igraat tamo za nekakvi si tiktokovi. Da ve e u nenormalnite. Namesto toa dete da ide so drugarkite da se šetat da sedat na slatka i sokče da si pravat muabet za školo za filmovi ae može i za simpatii. Oni ludi kravi bas stanale, možam da zamislam u idnina kakvo ke bide i so može da mu se sluče. ..
Јас сум се нашла во непријатна ситуација некој ден после тоа жалење дека крај со крај врзуваат да ме поканат дома на ручек. И сега нели, јас од култура треба да одбијам да не бидам трошок. Можда тоа и очекувале, ај ќе ја поканиме колку да испаднеме фини, она ако малце има осет ќе нѐ одбие. Е ако прифати, јбг, ќе се снаоѓаме и пак жалиме. И не дека еден ручек е ту мач трошок ама ајде нека не ти падне незгодно да отидеш на туѓ трошок да гнетеш, а знаеш дека едвај имаат за нив. Ко со сила да им се имаш упикано, џабе гостопримството.