Барав едно мислење и си прочитав дел од мислењата што порано сум ги напишала, ама заборавила. Уште стојам зад истите и во моменти на избувнување се гордеам со тоа што не сум потпаднала под влијание и дури и по цена да сум критикувана бидејќи сум на сосема непопуларната страна на мислењата.
Навистина е жално што некои личности џабе посетуваат лекари на некои им нема лек.подобро е да се фатат за работа.работата е лек за многу нарушувања живот без обврски те тера на секакви мисли
Конеќно ни замириса на пролет? Среќа е кога конечно можеш со отворен прозор/тераса да седиш. Добро Утро!
Времево ми е омилено. Топло (но не жешко), пријатно, мириса на расцутени дрва, некаде и косена трева, уште малку сѐ ќе почни да се раззеленува, слушаш птици пролетни, денот станува сѐ подолг, ти се живее повеќе.. Пролет златна. Не, никогаш нема да сфатам луѓе што преферираат зими, студенила и црнила пред ова, не ни сакам.
Какви жени — таква нација. Ова е само сдк мое мислење, без реплики ве молам. За ставот си имам објаснување кое можеби би го опишал во порака или на друга тема.
Еве ти тема кај шо не смеат да те цитираат. Иначе, на темава, јас сосема се согласувам на тебе. Ако жените, особено на Балканот, имаат некакви стандари и самопочит, би пазеле со кого се множат, и со тоа не би постоеле кхм мужи ко шо се мнозинството кај нас. Меѓу кои спаѓаш и ти, nice guy. Nice guys finis last...
Фокусирај се на СВОЈАТА цел. Гледај си ја СВОЈАТА работа. Грижи се за СВОЈАТА психа. Работи на СВОЈАТА само-грижа.
У право си.. А викав до пред некое време дека зима поише сакам.. Колку сум била делулу. Иако да, пак би бирала зима со минусни температури пред пеколно лето. А вакво временце може, најповолно е.
https://shilomagazine.com.au/2024/0...7qn5Q2ptNxYOcgJO1npO7-w0wStPEEXCVOEHDHljcD9XM Колку деца умреа у државава ради глупиов Тикток не? Со УСТАВ да се забрани!!!!
Јас сепак ако морам да бирам би одбрала жештини пред студови ужасни. Ама да, ова временце е најидеално.
Алал да ви е како можите да сте толку љубезни кога зборувате со некого, а коа ќе завртите грб.... Тоа скапана душа, тоа лошотија, потсмевања, озборувања.
Само на поминување, заспав на Јутуб со вести од светот. Гледам актуелно е случувањето со детето Данка, но да бидам искрена не сум баш у тек. Бидејќи го следам Бењак Илија на Јутуб и секое негово видео што го објавува ,па налетав на неговото последно видео од пред 2 саати. Не ме чуди и да е во право неговото дали Данка е продадена за 120 000 евра. До душа се се врти околу парите. Ништо не ме чуди. Пари, пари , пари, пари и само пари на секоја тема, цел живот пари и пари и само муабети за пари. Што се може да направи човек за пари ?
Има ли полошо нешто свој леб да јадеш а туѓо гајле да береш ?од досада ли го буткате носот во туѓи животи.мизерно многу мизерно!
Не сум nice guy туку сум N_I_C_E M_A_N, без фала. Убавите круши свињи ги јадат, ете слични ставови имаме. Само што крушите немаат мозок и избор, најс грл. кисс.
Кога и да сум чекала со количка со некое од децава на пешачки убедливо само мажи ми застанувале жените еве од 10 коли една дали застанала. И не сум била дотерана. Во тренерки и најобична маица. Не разбирам толку ли немате сообраќајна култура?
Незнаат ни да возат а богами ни да одат се гледа ли во телефон додека се вози и оди во сообраќај?епа имало сообраќајки епа ќе има жал ми е за децата само за овие другите. ич ама ич