Поради последните реакции во врска со темата Сакам да кажам и тамошното цитирање решивме да отвориме нова тема во која ќе нема цитирање, надоврзување и тагнување. Постовите со навреди кон членови не се дозволени, продолжување расправии од други теми ќе бидат избришени. Сликите ве замолуваме да ги постирате во соодветната тема. Старата тема ќе си остане за слободно разменување на мислења и таму ќе може да се цитира. Постови од оваа тема не е дозволено да се цитираат по други теми.
Другарка ми ми рече дека секогаш кога ќе слушнела песна од Сиа, ја потсетувала на мене. Поубав комплимент мислам дека одамна немам добиено Бај д веј, cheers за темава
Слаткото мјаукање и предење на мачињата ми ги лечат душата и срцето,па заборавам на раните нанесени од луѓето. Терам некако,живеам. Можеби утре,можеби задутре,можеби за неколку дена или кога и да биде,ќе наидам на човек кој потполно ќе ме разбира. Надежта никогаш не умира.
Каква сум станата стварно крајот не ми се наоѓа. Дома кога седам -еве сега болна сум морам да седам, досадно ми е и сакам во школо да одам од забава Кога ќе дојдам во школо се нешто ми смета се нервирам, пцујам и сакам дома да си одам. Преку недела пекам викенд да дојде да искочам.Викенд кога ќе дојде кукам како правам се едно исто и како се ми е здосадено. Сфаќам дека како растам се потешка станувам.Како мала се што ќе ми дале сум прифаќала, не сум се бунела.И месо дури сум јадела Нема везе, сакав да го изнесам ова ,,јавно” одамна го мислам
Виде дека вози женско,и почна да свири. А таа ни едно ни две,излезе од кола и му го скрши носот Кој бокс човече
Ми треба некој во животов кој постојано ќе ме поттикнува да размислувам, да читам и да учам за различни работи а не за истите 3 теми да вергламе на секое гледање.
Не дека нешто посебно сакам да кажам, ама многу ми е мерак да плеснам пост на првава страна. Музите ми се некако во аут. Никој не ме шмиргла. Имам јас по некоја вечито инспиративна личност која кога и да ме седне во дуел ќе го добие најискреното, најтоплото, највистинското, најемоционалното. Таквите личности знаат да ме буцнат да мислам на се што нема да ми текнело пред двобојот. Периодов сите ми се на годишен одмор, а темава сама по себе уште ми ја нема таа мека атмосфера па немам никаков матерјал за тука. Имам само радост што може да се врати СДК во живот, макар и клонорана. Со љубов, ваша М,
Како ќе спијам отсега па натаму кога сè околу менталитет и желба за прогресивност во државава, феминизам, критика за постари или било што потенцијално „тригер“ кое го пишував во другата тема со намера само да се искажам, ќе го пишувам тука : Само нека проработи темата и да се навикнам на неа.
Секогаш кога пишувам постови во СДК,истресувам фрустрации и нервози преку пишувањето или пишувам за да се надоврзам на нечие мислење доколку го мислам истото или имам спротивно гледиште.Но,не ги цитирам сите,а подобра опција за мене е означувањето. Но,имаше и цитирање на мои постови,а јас не сакав да ме цитираат во тие моменти. Сакам да кажам дека се надевам дека модераторите овде повеќе ќе пазат на она што е во насловот на темава.
Македонец не е македонец ако не уплеска се до крај.. Па и кога ќе е таму на крајот ќе те убедува дека сивото е бело
СДК дојде и тој ден,со овој мој голем г*з да си ги "наседнам" наочарите за видот, конечно јер како бајаги несмасна личност, повеќе од одлично е што здрави издржаа дури 4 месеци....не сакате да знаете колку наочари имам искршено сите овие години Од мала имам така некоја грда навика да ги оставам на кревет, и кога ќе седнувам да ги смачкам, ама ќутете, овие последниве се покажаа истрајни, ги однесов во оптика, ги корегираа
Когa ми е пореметен биоритaмот, пореметенa сум и јaс. Ми фaли структурa, некој требa диктaторски режим дa ми воведе со строги дисциплински кaзни.
Темава ми е како mindfulness на мозокот - дијар дајари моменти инкаминг. И знам дека кога ќе отворам ќе нема чет муабети. И ќе нема цитирања. Иииииии. Не дека кажав нешто битно ама ете така, нека си стои.
Здраво фемина. Збунета сум. Во која тема по ѓаволите да пишувам? Што ако некој не ја чита оваа, а ја чита таа, или не ја чита таа, ја чита оваа? Може ли да си ги копирам мислењата за да добијам повеќе лајкови? Навистина ли требаше ова? Имам толку многу одлуки за донесување, ме боли мозокот. Се зафркавам. Или не... Сеедно, вие си знаете. Ама не ми е лесно да си кажам
СДК дека главно оправдание за неоправдано однесување стана - во ПМС сум Некои болести ( или состојби на организмот), како на пример : хистерија, шизофренија, депресија, еуфорија, анксиозност, афективна раздразливост... си имаат име и има лекарства за нив за да се одржува контрола. Ама... не се викаат ПМС
Сдк, браво за темава! Да можеш да пишеш нешто што ти е на душа, а да не мора да се мислиш дали ке бидеш цитиран едно 15 ппати.Многу е поубаво вака. Во конотација на ова сакам да кажам дека сечиј мозок размислува различно, секој човек има свои ставови. Не сме сите по ист калап направени. Едноставно не. Сум за дебати со луѓе со спротивни ставови, но има многу теми на кои тоа може да се направи, поточно сите теми се наменети за тоа. Сдк треба да е тема каде што навистина треба да се чувствуваш како да пишуваш во дневник.