Ја слушам непрестано поради симболичниот наслов.. Spoiler http://www.youtube.com/watch?v=SmNZr8W1pjQ и цел ден го повторувам текстот.. Ги склопувам очите,и си прешепотувам 'Се ќе биде во ред'.. И така ги отварам насолзените очи,ја бришам солзата на ивицата од окото, воздивнувам длабоко и пак ќе си повторам 'Овоа е реалноста'.. Се трудев,се трудев максимално,давав се од себе,понекогаш и повеќе од тоа,стискав заби и крик не испуштав,само добро да е.Во име на доброто. Ама еве,снемав сила веќе.Неуморна борба мислев дека ќе биде. Се изморив.Проклето се изморив од тебе,мене,нас,од се. Жал ми е.Ама јас се предавам. Немам веќе енергија,а ни желба да се борам. Потпишувам капитулација!
Чудно колку и животот шамари да ми плеска,јас се појак се чуствувам,иако на моменти кукам дека цел свет ми се распаднал,но има нешто внатре во мене што ми вика ти си непобедливиот,најпрекрасниот,најубавиот,за тебе непостојат пречки во животот,и воопшто не е нарцисоидно,туку многу реално тоа што го чуствувам тоа и ви го пишувам,кој ми верува фала му,а кој мисли дека се фолирам тоа си е негово мислење.
Денес сум расположена и се надевам така ќе биде до крајот на денот и утре и следните денови. Не е поради денот,не сум обожавател на празникот на вљубените (имам почит кон празниците,но не е наш празник и мислам дека нема потреба од толку потресување),ние го имаме Св. Трифун и мислам дека треба да го почитуваме. Како и да е,јас еве си седам ве читам вас тука на форумот,си пијам кафе па уште малку ќе почнам да се средувам полека,сакам убаво да изгледам за саканиот како и секогаш . Имајте сите прекрасен ден,уживајте во виното и љубовта со сите што ги сакате .
Првин на сите би ви посакала среќен св. Валентајн/Трифун кој што си слави... Дали сте имале некој ден кога ништо не ви оди од рака..?Кога едноставно сакате да експлодирате ... Епа таков ми беше денов -ја удрија мојата другарка со бокс во око -во школото едно дете имаше епилептичен напад..доаѓаше брза помош -едно дете падна од скали -ми ја открија тајната -сите другарки плачеа пред мене... -изедов многу суво овошје и сега ми се лоши -се поквари компјутерот -цел ден шмркам со носот итн. Редоследот на настаните е измешан ,но тргнете од најнелошо до најлошо.Што да очекувам до крајот на денот..експлозија??
Некој си слави Валентајн, некој Трипун. Кој како си ја наредил. Еве јас и мајка ми ве поздравуваме со чаша домашно црвено.
Живеам во свој свет. Свет во кој се` е совршено, во кој сум среќна и заљубена. Свет во кој нема грижи.Свет во кој се` е розово и нема ниту една црна дамка. Се трудам да избегам од реалноста, и засега добро ми оди. Се трудам да не мислам на реалната состојба и времето да си го исполнувам со работи кои ме исполнуваат и ми ги отргнуваат мислите од секојдневието. Иако, јас бев таа која и за најбанална работа беше песимистички настроена, тажна и нерасположена, последниве денови сум единствената која за прв пат во животот размислува позитивно и се обидувам тоа да им го пренесам и на другите. Ги видов солзите во нивните очи кога им кажав дека се` ќе биде во ред и дека ова е само уште еден лош период кој е дел од животот, и кој ќе помине . Доаѓаат подобри денови. Од друга страна душата ме болеше кога ги здогледав насолзените очи и се воздржав да не заплачам. Најважно е да сме здрави и живи. А ако се нервираме за секоја ситуација што животот ни ја приредува, ќе го изгубиме и тоа. Некоја сила ме тера да размислувам позитивно. Не знам. Никогаш не сум била ваква. Длабоко во мене нешто ми вели дека се` ќе се среди. Дека конечно секој од нас ќе си ја пронајде среќата. Сакајте, смејте се, извлечете го најдоброто од секоја ситуација и не дозволувајте да потклекнете пред предизвиците на животот. Вечерва напијте се вино и љубете се. Среќен празник.
Денеска се се врти околу СВ Валентин абе луѓе не треба само денеска толку внимание да и се посветува на љубовта,таа треба да се негува секој ден и не е само денеска да купиш подарок за саканиот или саканата тоа треба да го правиш и во обчен ден(нормално ако имаш можност).
Денес сум среќна и сакам ова чувство да потрае... Јас не добив подарок за Денот на вљубените од саканиот.Едно што не сум романтичен тип и не го славам овој ден,а друго е тоа што тој не е во државава. Денов ми го исполни неочекуваниот празничен гест од мојата шестгодишна внука.Глетката од начинот на кој се обидуваше да ме изненади секогаш ќе ми остане во сеќавање.Таа ја замени улогата на партнерот,па ми подари црвено срце кое сама го изработила во градинка.Иако никој никого не може да замени сепак нејзиното присуство за миг ми ја надополни физичката празнина. Во погледот се забележуваше неизмерна детска среќа Насмевката ми упатуваше само искреност и љубов.Ме облеа неописливо пријатно чувство и тогаш силно ја прегрнав и ја бакнав.Децата многу можат да направат за нашето расположение со нивната чиста душа.Се уште сум под импресии.Можеби причина плус за задоволство е тоа што ова ми е прв подарок кој сум го добила на овој празник. Навистина малите нешта многу значат.Ниедно богатство не може да ме направи толку среќна, колку нечие внимание... Сакајте се и чувајте го тоа што може да ви го разубави секојдневието.
Дали знаеш .. Кажими дали знаеш колку е убаво тоа чувство. Чувството кога го гледаш небото. Кога го гледаш небото и облаците кои го украсуваат. Сонцето се виснало над нив како бог. Бог кој ги осветлува. И од никаде,крстот на Водно блеска. Ветерот ги дува облаците. Си игра со нив,а тие се бркаат. Создаваат некои форми,а ти замислено ги гледаш. И си размислуваш,колку убав поглед. Чувствуваш мир и спокој,уживаш. Лицето ти е топло,сонцето го топли. Посакуваш вечно да трае...
Петелењето кога Британец ќе ти каже дека имаш совршен акцент. Јух бре, жени, полетех. Е, сега, малку од нечовечката страна. Ме вадат од такт жени-вештерки чија цел во животот е само тие да бидат задовол(е)ни. Мајка ми ме потсети на приказна за детенце кое расне без мајчинска љубов. Го сретнав пред некои 7-8 години и се сеќавам дека солзи ми навреа бидејќи баба си ја ословуваше со „мамо“. Сега малото има 10ина години и живее со маќеа. Маќеа која е најтешкиот ништожник што постои на светов. Не постојат доволно погрдни зборови со кои би ја опишала. Па верувам дека било кој од нас да види детето да му си игра со некое друго дете, би поделил чоколатце или што и да е, а не да живееш со дете за чиј татко си омажена, нели, од љубов и зашто го прифаќаш онаков каков што е. Е, да, оваа...кретенка си излегувала во двор и си давала закуски на нејзините деца, а сонцево стоело на страна и само ги гледало. Пуста баба дури не излезела од соба, малово стоело и чекало некој и нему нешто да му пружи. Секој.факинг.ден...душичево било отфрлано. Па како ми кажуваше мајка ми, почнав да ровам пред неа ко да ми умрел некој бре луѓе. Не можам ни постов да го сврзам од што ми врие, па звучам ко третоодделенка или старка на чешма. Жими јас, да знам која е, во живот не сум се заколнала дека ќе бидам сељанка да истепам некого, ама овојпат би направила исклучок и не би внимавала на ништо. Не е ПМС, ништо не е. Едноставно, ме боли за дете чие ни име не знам. Ко веќе да не го примило најтешкиот удар, па уште некоја крава да лечи комплекси на него. Да ти се плукнам и во „мажот“ и „таткото“ што го дозволува ова. Само бабата нека поживее, бар 50 и нешто години е. Како може да постои некој без толку душа или бар култура? Какво е бре тоа срце? Разум, нешто? Ветете ми дека каде и да ве однесе патот, никогаш нема да гледате со потценување кон невино детенце само затоа што не е ваше.
Второто послание на Павле до Коринќаните. За љубовта. Ако зборувам на човечки и ангелски јазици, а љубов немам-тогаш сум бронза што sвони или цимбал што sвечи. Љубовта долго трпи, љубовта е љубезна, не љубомори, љубовта не се фали, не вообразува, не се однесува непристојно,не го бара своето, не се раздразнува, не памети зло, не и се радува на неправдата, премолчува се, на се верува, на се се надева, се поднесува . Љубовта никогаш не престанува, додека ако се пророштва- ќе престанат. ако се јазици- ќе замолкнат. ако е знаење-ќе исчезне . Среќни Празници на љубовта и виното.
Ништо од свети Балантајн. Свети Трипун пропадна заедно со планот за кафана. Детето има грип. Наместо на вино, домот ни мириса на вински оцет. Наместо на ракија, на 70% алкохол за мачкање. Како што цела вечер мерев температура иделев терапија, а и следнава ќе биде таква, нема ни од Валентајн ништо. Здравје, во подобри времиња. Само да му помине побрзо. И ние другите да бидеме добри. Џабе зборам, кога веќе чувствувам слабост. Ај, може и ќе куртулам.
Имам едно прашање до вас, помлади од 19 години ете.. Кој ви е филмот со #bitch/ #bitches??? Боже Господе помагај!
Кој ќе кажи дека е супер без љубов, лажи! Некои работи се убави кога си сингл, ама дефинитивно е поубаво кога имаш некој покрај себе, ама без услови и тракатанци. Среќен Св. Трифун и Св. Валентин на тие што празнуваат!
Никој освен вас не ми го честита Св. Валентајн Хехе денес не е за џабе денот на вљубените секаде срциња,љубов,насмевки.Денот никогаш нема да го заборавам (полош ден здравје).Секако денес е роденденот за сестра му,иако го мразам и го честитав роденденот.Кога ја испратив пораката ме фати паника,а после си викам ништо лошо не направив.Девојчето културно ми се заблагодари и толку,а јас чекав да си почнеме муабет де. Али ај можеби ке ми пише некој ден или еве ми се ближи и роденденот. Една мисла ми се врти во главата "За кого црташ срцињаааа?? "
СДК каков народ има,какви глетки сме принудени да гледаме, во моментот кога во автобус, женската спроти мене што седеше, си го извади телефонот кој во таа прилика и служеше како огледалце,си извади несесер и почна да се шминка пудра и такви бакрачи... ооо ти богињо на простотијата и глупоста..