1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.482
    Ја слушам непрестано поради симболичниот наслов..
    http://www.youtube.com/watch?v=SmNZr8W1pjQ
    и цел ден го повторувам текстот..
    Ги склопувам очите,и си прешепотувам 'Се ќе биде во ред'..
    И така ги отварам насолзените очи,ја бришам солзата на ивицата од окото, воздивнувам длабоко и пак ќе си повторам 'Овоа е реалноста'..
    Се трудев,се трудев максимално,давав се од себе,понекогаш и повеќе од тоа,стискав заби и крик не испуштав,само добро да е.Во име на доброто.
    Ама еве,снемав сила веќе.Неуморна борба мислев дека ќе биде.
    Се изморив.Проклето се изморив од тебе,мене,нас,од се.
    Жал ми е.Ама јас се предавам.
    Немам веќе енергија,а ни желба да се борам.
    Потпишувам капитулација!
     
    На Barbie20 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Чудно колку и животот шамари да ми плеска,јас се појак се чуствувам,иако на моменти кукам дека цел свет ми се распаднал,но има нешто внатре во мене што ми вика ти си непобедливиот,најпрекрасниот,најубавиот,за тебе непостојат пречки во животот,и воопшто не е нарцисоидно,туку многу реално тоа што го чуствувам тоа и ви го пишувам,кој ми верува фала му,а кој мисли дека се фолирам тоа си е негово мислење.
     
    На Antoninaaa, Purrinn и EMoonlight им се допаѓа ова.
  3. EMoonlight

    EMoonlight Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    13.815
    Пол:
    Женски
    Денес сум расположена и се надевам така ќе биде до крајот на денот и утре и следните денови. :D
    Не е поради денот,не сум обожавател на празникот на вљубените (имам почит кон празниците,но не е наш празник и мислам дека нема потреба од толку потресување),ние го имаме Св. Трифун и мислам дека треба да го почитуваме. Како и да е,јас еве си седам ве читам вас тука на форумот,си пијам кафе па уште малку ќе почнам да се средувам полека,сакам убаво да изгледам за саканиот како и секогаш :) . :D Имајте сите прекрасен ден,уживајте во виното и љубовта со сите што ги сакате :) .

    :hug: :hug:
     
    На Mama25, SparkyAngel, Elennaa и 4 други им се допаѓа ова.
  4. summer-lover

    summer-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    1.265
    Пол:
    Женски
    Првин на сите би ви посакала среќен св. Валентајн/Трифун кој што си слави...
    Дали сте имале некој ден кога ништо не ви оди од рака..?Кога едноставно сакате да експлодирате ...
    Епа таков ми беше денов
    -ја удрија мојата другарка со бокс во око
    -во школото едно дете имаше епилептичен напад..доаѓаше брза помош
    -едно дете падна од скали
    -ми ја открија тајната
    -сите другарки плачеа пред мене...
    -изедов многу суво овошје и сега ми се лоши
    -се поквари компјутерот
    -цел ден шмркам со носот итн.
    Редоследот на настаните е измешан ,но тргнете од најнелошо до најлошо.Што да очекувам до крајот на денот..експлозија?? :worried:
     
  5. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.728
    Допаѓања:
    17.691
    Некој си слави Валентајн, некој Трипун. Кој како си ја наредил.
    Еве јас и мајка ми ве поздравуваме со чаша домашно црвено. :)

    [​IMG]
     
    На kala21, bubamara12345, Elennaa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Barbie20

    Barbie20 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    10.722
    Пол:
    Женски
    Живеам во свој свет. Свет во кој се` е совршено, во кој сум среќна и заљубена. Свет во кој нема грижи.Свет во кој се` е розово и нема ниту една црна дамка.
    Се трудам да избегам од реалноста, и засега добро ми оди.
    Се трудам да не мислам на реалната состојба и времето да си го исполнувам со работи кои ме исполнуваат и ми ги отргнуваат мислите од секојдневието.
    Иако, јас бев таа која и за најбанална работа беше песимистички настроена, тажна и нерасположена, последниве денови сум единствената која за прв пат во животот размислува позитивно и се обидувам тоа да им го пренесам и на другите.
    Ги видов солзите во нивните очи кога им кажав дека се` ќе биде во ред и дека ова е само уште еден лош период кој е дел од животот, и кој ќе помине . Доаѓаат подобри денови.
    Од друга страна душата ме болеше кога ги здогледав насолзените очи и се воздржав да не заплачам.
    Најважно е да сме здрави и живи. А ако се нервираме за секоја ситуација што животот ни ја приредува, ќе го изгубиме и тоа.

    Некоја сила ме тера да размислувам позитивно. Не знам. Никогаш не сум била ваква.
    Длабоко во мене нешто ми вели дека се` ќе се среди. Дека конечно секој од нас ќе си ја пронајде среќата.

    Сакајте, смејте се, извлечете го најдоброто од секоја ситуација и не дозволувајте да потклекнете пред предизвиците на животот.

    Вечерва напијте се вино и љубете се. :inlove:
    Среќен празник. :)
     
    На eliesaab, rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, Elennaa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. RockNroLLGirL

    RockNroLLGirL Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2014
    Пораки:
    1.598
    Допаѓања:
    5.755
    Пол:
    Женски
    Среќен Валентајнс за сите што го слават и другите што дремат пред компијутер на фемина ... :inlove: :inlove:

    [​IMG]
     
    На t.i.n.k.e.r.b.e.l.l и kikav им се допаѓа ова.
  8. sagittarius57

    sagittarius57 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2013
    Пораки:
    1.013
    Допаѓања:
    2.270
    Пол:
    Женски
    Еве јас кршам традиција со Пиво наместо вино и си гледав олимпијада :lol: Имајте сите убава Вечер :P
     

    Прикачени фајлови:

  9. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    Денеска се се врти околу СВ Валентин абе луѓе не треба само денеска толку внимание да и се посветува на љубовта,таа треба да се негува секој ден и не е само денеска да купиш подарок за саканиот или саканата тоа треба да го правиш и во обчен ден(нормално ако имаш можност).
     
  10. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.028
    Допаѓања:
    36.094
    Пол:
    Женски
    Денес сум среќна и сакам ова чувство да потрае...
    Јас не добив подарок за Денот на вљубените од саканиот.Едно што не сум романтичен тип и не го славам овој ден,а друго е тоа што тој не е во државава.
    Денов ми го исполни неочекуваниот празничен гест од мојата шестгодишна внука.Глетката од начинот на кој се обидуваше да ме изненади секогаш ќе ми остане во сеќавање.Таа ја замени улогата на партнерот,па ми подари црвено срце кое сама го изработила во градинка.Иако никој никого не може да замени сепак нејзиното присуство за миг ми ја надополни физичката празнина.
    Во погледот се забележуваше неизмерна детска среќа :)
    Насмевката ми упатуваше само искреност и љубов.Ме облеа неописливо пријатно чувство и тогаш силно ја прегрнав и ја бакнав.Децата многу можат да направат за нашето расположение со нивната чиста душа.Се уште сум под импресии.Можеби причина плус за задоволство е тоа што ова ми е прв подарок кој сум го добила на овој празник.
    Навистина малите нешта многу значат.Ниедно богатство не може да ме направи толку среќна, колку нечие внимание...
    Сакајте се и чувајте го тоа што може да ви го разубави секојдневието.
     
    На Marossa, rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, Gioia и 10 други им се допаѓа ова.
  11. lana.del-rey

    lana.del-rey Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2013
    Пораки:
    690
    Допаѓања:
    1.300
    Дали знаеш ..
    Кажими дали знаеш колку е убаво тоа чувство.
    Чувството кога го гледаш небото.
    Кога го гледаш небото и облаците кои го украсуваат.
    Сонцето се виснало над нив како бог.
    Бог кој ги осветлува.
    И од никаде,крстот на Водно блеска.
    Ветерот ги дува облаците.
    Си игра со нив,а тие се бркаат.
    Создаваат некои форми,а ти замислено ги гледаш.
    И си размислуваш,колку убав поглед.
    Чувствуваш мир и спокој,уживаш.
    Лицето ти е топло,сонцето го топли.
    Посакуваш вечно да трае...
     
    На Silver.E, rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, anabel-a и 5 други им се допаѓа ова.
  12. fatamorgana123

    fatamorgana123 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2013
    Пораки:
    1.273
    Допаѓања:
    1.530
    [​IMG]

    :wasntme: :wasntme: :wasntme:
     
    На girlx3 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.997
    Пол:
    Женски
    Петелењето кога Британец ќе ти каже дека имаш совршен акцент. Јух бре, жени, полетех. :$

    Е, сега, малку од нечовечката страна.
    Ме вадат од такт жени-вештерки чија цел во животот е само тие да бидат задовол(е)ни.
    Мајка ми ме потсети на приказна за детенце кое расне без мајчинска љубов. Го сретнав пред некои 7-8 години и се сеќавам дека солзи ми навреа бидејќи баба си ја ословуваше со „мамо“.
    Сега малото има 10ина години и живее со маќеа. Маќеа која е најтешкиот ништожник што постои на светов. Не постојат доволно погрдни зборови со кои би ја опишала.
    Па верувам дека било кој од нас да види детето да му си игра со некое друго дете, би поделил чоколатце или што и да е, а не да живееш со дете за чиј татко си омажена, нели, од љубов и зашто го прифаќаш онаков каков што е. Е, да, оваа...кретенка си излегувала во двор и си давала закуски на нејзините деца, а сонцево стоело на страна и само ги гледало.
    Пуста баба дури не излезела од соба, малово стоело и чекало некој и нему нешто да му пружи.
    Секој.факинг.ден...душичево било отфрлано.
    Па како ми кажуваше мајка ми, почнав да ровам пред неа ко да ми умрел некој бре луѓе.
    Не можам ни постов да го сврзам од што ми врие, па звучам ко третоодделенка или старка на чешма. Жими јас, да знам која е, во живот не сум се заколнала дека ќе бидам сељанка да истепам некого, ама овојпат би направила исклучок и не би внимавала на ништо.
    Не е ПМС, ништо не е. Едноставно, ме боли за дете чие ни име не знам.
    Ко веќе да не го примило најтешкиот удар, па уште некоја крава да лечи комплекси на него.
    Да ти се плукнам и во „мажот“ и „таткото“ што го дозволува ова.
    Само бабата нека поживее, бар 50 и нешто години е.
    Како може да постои некој без толку душа или бар култура? Какво е бре тоа срце? Разум, нешто? :x
    Ветете ми дека каде и да ве однесе патот, никогаш нема да гледате со потценување кон невино детенце само затоа што не е ваше.
     
    На Foreveryoungiwannabe, QueenN, Barbie20 и 18 други им се допаѓа ова.
  14. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Второто послание на Павле до Коринќаните.

    За љубовта.
    Ако зборувам на човечки и ангелски јазици, а љубов немам-тогаш сум бронза што sвони или цимбал што sвечи.
    Љубовта долго трпи, љубовта е љубезна, не љубомори, љубовта не се фали, не вообразува, не се однесува непристојно,не го бара своето, не се раздразнува, не памети зло, не и се радува на неправдата, премолчува се, на се верува, на се се надева, се поднесува .
    Љубовта никогаш не престанува, додека
    ако се пророштва- ќе престанат.
    ако се јазици- ќе замолкнат.
    ако е знаење-ќе исчезне .

    Среќни Празници на љубовта и виното. :l: :d:
     
    На Mama25, hermosa, mia9184 и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.407
    Допаѓања:
    143.119
    Ништо од свети Балантајн.

    Свети Трипун пропадна заедно со планот за кафана.
    Детето има грип. Наместо на вино, домот ни мириса на вински оцет. Наместо на ракија, на 70% алкохол за мачкање.

    Како што цела вечер мерев температура иделев терапија, а и следнава ќе биде таква, нема ни од Валентајн ништо. Здравје, во подобри времиња.

    Само да му помине побрзо. И ние другите да бидеме добри.
    Џабе зборам, кога веќе чувствувам слабост.

    Ај, може и ќе куртулам.
     
  16. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Имам едно прашање до вас, помлади од 19 години ете.. Кој ви е филмот со #bitch/ #bitches???
    Боже Господе помагај!
     
    На Gioia и Someonespecial им се допаѓа ова.
  17. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Кој ќе кажи дека е супер без љубов, лажи! :l:

    Некои работи се убави кога си сингл, ама дефинитивно е поубаво кога имаш некој покрај себе, ама без услови и тракатанци.

    Среќен Св. Трифун и Св. Валентин на тие што празнуваат! :l: :d:
     
    На Libera, Mishela, Elennaa и 3 други им се допаѓа ова.
  18. alone-in-the-dark

    alone-in-the-dark Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    39
    Понекогаш солзите не можат да запрат.
     
    На Elennaa, Mama25 и lana.del-rey им се допаѓа ова.
  19. summer-lover

    summer-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    1.265
    Пол:
    Женски
    Никој освен вас не ми го честита Св. Валентајн ;(
    Хехе денес не е за џабе денот на вљубените секаде срциња,љубов,насмевки.Денот никогаш нема да го заборавам (полош ден здравје).Секако денес е роденденот за сестра му,иако го мразам и го честитав роденденот.Кога ја испратив пораката ме фати паника,а после си викам ништо лошо не направив.Девојчето културно ми се заблагодари и толку,а јас чекав да си почнеме муабет де. :hai: Али ај можеби ке ми пише некој ден или еве ми се ближи и роденденот.
    Една мисла ми се врти во главата "За кого црташ срцињаааа?? :devil: "
     
    На Papillon.Papi му/ѝ се допаѓа ова.
  20. curious-doll

    curious-doll Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2013
    Пораки:
    361
    Допаѓања:
    804
    СДК каков народ има,какви глетки сме принудени да гледаме, во моментот кога во автобус,
    женската спроти мене што седеше, си го извади телефонот кој во таа прилика и служеше како огледалце,си извади несесер и почна да се шминка :) пудра и такви бакрачи... :^)
    ооо ти богињо на простотијата и глупоста..