Срам ми беше да кажам да не ме направат мрдната. Буквално се бројам. Штипки, плочки, скали, гранки, цветови, ако сецкам краставици, моркови, домати...
Согледувам со разговор многу голема разлика меѓу милениалс и бумери, животот ги учел на сигурно и без ризик, додека на мала загуба од 3-5 посто го штити својот капитал додека ние милениалс со 60 посто загуба ни на крај памет не ни паѓа да заштитиме што е наше, на сето тоа не гледаат и ни даваат ум ко да сме со два iq. Многу мразам кога некој ќе ми се обрати со да душо, така е душо. Значи толку ми се креват нервите и толку е дволично ваквото изразување немам збор.
За една работа што сум сигурна дека нема да ја правам кога ќе станам мајка е дека нема да дозволам децата да спијат со мене, со нас. Да дете ќе ми биде и ќе го сакам најмногу на свет, и мило, и мало, и нежно. Повеќето од времето ќе ми биде посветено на него, но најголема грешка е децата да спијат со мајката. Во иста соба на друг кревет може, но после извесен период и во друга соба. Некој ќе каже "така зборуваш додека не си мајка" ќе треба навечер да стануваш. Зошто само јас да станувам? Нема ли татко тоа дете? Една од грешките е што од мали се навикнуваат децата да спијат со родител. На колешка детето пред една недела наполни 6 години и таа со гордост кажува дека детето спие со неа, а маж и си направил друга соба за него и немале односи од кога било родено детето. Па сестро не ти е тоа маж, цимер ти е. Ти немаш никаква емоционална поврзаност со тој човек, сама спиеш, сама одиш на одмор со детето, сама излегуваш, се правиш сама. И сето ова само поради тоа што сега не може да го одвикне детето да спие со нега. Ете ти проблем.
И затоа кога ќе се омажат/оженат ќе не можат да се одвојат од сукњата на мама. Нема само такви синови, има и такви ќерки, ќе се омажат и секој ден кај мама на ручек, па и ќе им направат за наредните денови да не им се мачат ќерките, и децата ќе им ги исчуваат, баба и дедо се да ги причуваат децата ако имате нешто работа, не и да ги исчуваат. Па не се женети/мажете тогаш.
Многу мразам лигави луѓе у пм, како на нерви ми идат, не можам да ги поднесам. Принцови, принцези, лигајчари. Плус додај на тоа ако се и снобчиња..
Знаеш дека си остарел ко ќе си легнеш со кокошките и испушташ интересни фудбалски натпревари на ТВ. Тоа е, стар човек , шо да прајш @quattro , ми текна дека навиваш за Италија , маж ми пресреќен , јајце ќе снесе за голот на Италија. Баш гледам кратки клипчиња каква била актмосферата и немам коментар, тоа треба у живо да се доживее. Туку сакав да кажам дека од денес официјално почнуваат високите температури. Ц ц ц кој ќе ме трпи следниве месеци кај што пцујам оти не можам да трпам жешко. Уф ај да не почнам
Исто...или срцка моја, душичка, пиле... Итн. И ова и за блиска пријателка ми важи. Без разлика на тие глупите изрази, boomers, millenials etc. Едноставно, ми е преувеличено, пренападно, прелигушко. Се знае кој колку некој го сака на денешницава.
Е од тие таквите да се пазите у животот, тие се најголеми преваранти! Само гледа да ти напакости, а демек многу те сака, со сите цуци-буци, а позади на сите нож у грб. Прва ќе те издаде.
Добро на овие од КАМ не им е срам клима да не пуштаат во маркетите на милионската заработувачка што ја имаат. Да си приумре човек внатре. Тешко на вработените...
Гледајќи каде иде светов, се плашам утре ќерка да имам. Ние од нашава генерација се освестуваме за женски и други права ама полека проаѓаме и во другиот екстрем каде имаме едно безредие па све е бучкуруш од права, дискриминации, идентитети. И гледаме што се менува и се трудиме да не го впиеме тој менталитет. Ама не знам, да имам ќерка како ќе ја заштитам. И не (само) од мажи предатори. Туку од оние квази феминистки што нажалост се веќе стандардот како треба нормално либерален човек да размислува. Од инфлуенСерите што од пуста желба да бидат поразлични, запливуваат во опасни води. И све што не е како нив е -фоб и -ист. Па кутрото нема да може да види подалеку од она што ќе се презентира на големо. Замислувам да сака со спорт да се занимава. Прво квази фемката ќе ја убедува дека компетитивниот спорт е мултимилионски бизнис, дувло на перење пари, забава за богатите. Или ќе биде можда дека она нема мислење за спорт (читај - знам дека мажи и жени не идат во ист тим ама јбг, морам вака да зборам за да лапаме пари хехе знаете). Па некоја инфлуенсерка ќе ја убедува дека сигурно си го мрази телото чим сака да спортува и треба да се сака таква, макар и 100 кила имала, битно да не прави ништо за слабеење. Па после ако стигне да се натпреварува, истата квази фемка што до вчера ја бранеше, сега ѝ вика да биде толерантна према батецот Трајанка од 120 кила во оти се осеќал ко жена и само и тој сакал спорт. Па тој батец после со медаљата влегува во соблекувална и мавта мудата пред девојчиња ама Станка големата феминистка ти вика чим се (само)прогласил ко жена, нема да ти наштети, тоа може само цис маж, no worries. Па недајбоже ја пипне, прво за Станка ќе си трансфоб оти си пријавил, па после кога ќе згусти, ќе ѝ текне дека аа извинете, Трајанка не бил жена, се преправал, ее гледате ова цис мажите на што све се спремни, ц ц ц срамота. А од утре имате ново транс женче, нејзе ќе си ја прифатите и почитувате, дур не ве силува и ова. Ако ве силува ќе мислиме тогаш што ќе прајме. Или решава да отвори салон за убавина и доаѓа Трајанка да му ги издепилира јајцата па го одбива па ете ти ја Станка те прави решето по социјални мрежи. Па си крка казна, линч по социјални мрежи и затворање на бизнисот. Или може само ќе му се обрати со погрешна заменка, именка уатевр и тоа е доволно. Во меѓувреме, девојчиња уште ги мажат за дедовци, уште ги тепаат зашто не носеле марами и ги продаваат за 2 зрна ориз. И така, некако не ми се има ич деца во универзумов.
Секогаш сум навивал за Германија, но поради "не разумните" и нон-шарлантни одлуки на Deutscher Fussball Bund DFB, од втората утакмица против Унгарија, престанав, со тешко срце, ама не можам, морав.. И од тој натпревар па се до крајов на ЕП за Италија Иначе италијанцивее се лудии, сношти полудеа од радост, тоа е Италија, во последните секунди, брависимо. Најзабавни со холанѓаните се на ова ЕП. Жал мие за наша Хрватска ама фудбалот е тој, спортот е спорт. Италијанскава химна мие врв. На секој натпревар на Италија сега, тв-то на макс уклучено дур е химната Fratellii D'Italiaa
Jас вчера па смрзнав во КАМ. И една каса да работи и кога има редици, катастрофа. Ај сега одмори, ама вака е секогаш, па барем нека пуштат уште една каса кога има гужва, па потоа нека си редат роба. Не се виновни вработените, газдата си е, за една плата и на каса, и роба да реди, и магационери. И за климата може така им е наредено, вработените си знаат како издржуваат на ова топло.