Извини, ама за мене тоа се најголемата сељачана што дошла до пари. Џабе пари, елементарна култура немаат. А мене што ме заболе што возат, еве уште ме боли. Па копук, имаш толку пари оди на паркинг стави ја и плати си. Ама не, на улица, тука пред мене ќе ја паркирам. У гаќи да си ја напикаш. Поголем сељак од новопечен богаташ во МК нема.
Се прашувам колку професии наскоро ќе изумрат или побарувачката за одредени максимално ќе се намали. Признавам за комбинирање на бои во домот не сум компетентна. Едно време се мислев дали да платам дизајнер за ентериер, но случајно налетав на AI апликациите. Си кажав што сакам, да ми дизајнира и да ми даде предлог што да направам. Куп комбинации. Башка цел ден може да прашуваш да ти дава идеи, нема работно време. И веќе опцијата да платам илјадници евра веќе и не ми постои. Што е искрено страшно. Не за мене, конкретно за нив. Не гази вештачката интелигенција и допрва ќе зема поголем замав. Што ќе се случи со луѓето?!
Што би правела без тебе мое малечко крзнено човече со крупни црни очиња? Душа се бе полни со љубов и позитива Извор на среќа и утеха во секое време.
Последнава година, огромен товар исфрлив од душава откако научив едно - луѓе да ги гледам и ценам по тоа како се однесувале кон мене, а не дали ме родиле, биле комшии, туѓа фамилија и слични релации. Научив дека шамарот и зборот исто ќе ме болат од родена мајка и непознат. Па веќе не си правам притисок да простам кога длабоко во себе се осеќам погазено. И личност што ме знаеше едвај еден ден, одвои време да ми помогне во една прилика и имаше поголемо разбирање за проблемот отколку некој што ме родил и знае цел живот. И за вакви, да можам и 10 пати ќе возвратам. Научив и да не си ставам на душа дека МОРАМ да почитувам некого зашто бил *нешто*. Си велам само напред Манчи, на добар пат си да одјебеш све што те мачеше до денес.
Застрашувачки е фактот дека останаа само мал процент добри луѓе... Таман ќе помислиш за некој дека е ок, тој ти го докажува спротивното.
Како треба да си злобен? Што да им правиш? Едно е да си разочарана и да немаш доверба, друго е да сакаш да бидеш злобна, значи намерно да им правиш штета. Тоа е злоба. Што потреба од тоа да си исполнета со такви негативни и тешки чувства? Тоа за кое пишуваш не се решава со злоба туку со дистанца. Дистанцата не е злоба, злоба е нешто сосема друго.
Многу сум тажна, Бог да е со сите, да дава сила каде е загубено, да дава трпение и разбирање кадешто има надеж за спас.
Голема трагедија,но во иднина треба големо внимание бидејќи опасности вребаат на секој чекор,младите возат брзо коли,мотори .Нема утеха за тоа што се изгубени многу човечки животи.
Голема тага сите сме погодени… Штета за младите животи што згаснаа прерано. Нема зборови веќе доволни за утеха.
Веќе сите имаме трауми од прскалки во полна дискотека. Не можам да се соземам..... Зошто Боже? Морам да сменам канал оти анксиозност веќе ме тера на највисоко ниво.......
Денеска сите жалиме на фб, на инстаграм, на тик ток и на сите социјални мрежи, сите сме многу сочуствителни, емпатични, тажни. До кога?? До утре?? Можеби и до нареден понеделник?? Ќе се зборува денес, утре и ќе се заборави. Кога станавме волку гаден народ, мислам дека погаден народ од овој моментално што живее во државава не постои. Себичност, алчност, никаква емпатија ниту спрема близок, ниту спрема далечен, ако треба и преку лешеви ќе се гази само да се дојде до целта. Еден најпрост пример, во маркет стојам на фрижидер и една тетка без никаков пардон, гледа дека чекам ред пред нејзе, како да не постојам се избута да ја услужат. По паметна ли си сега што се избута, ама тоа е секој нема домашно воспитување и општа култура. Проблемот е што не е само таа тетка, туку секоја втора тетка е таква, секаде не само во маркет. Таквите "снаодливи" што мислат дека ќе го измамат системот и сите другите се глупави и прости, од преку ред завршување работа, фаќање врски за 5ки, фаќање врски за положување испити, фаќање врски за вработувања, фаќање врски за да ви кинат казни, фаќање врски и за на мочање да отидете, мито, мито, само мито и корупција на секаде, крадење, измами, се тоа ни придонесе секој ден да ни се нижат трагедии во кои страдаат невини. Дај свестете се малку чукнете ги тоа главите, злоба ви извира од устите, од душите, од секаде. Сабајле го гледам пресот на една новинарка од Кочани, жената збор не можеше да изустите од што беше потресена, а под видеото се нижат коментари, неписмена ли си, ти ли си новинарката, кој те ставил и низа недолични коментари, вака гледам и си пцујам во себе м....та ваша, неписмена, проста багра, кој ви даде простоќи едни социјални мрежи да користите. Никогаш не се служам со вулгарни зборови, ама ова што се случува на дневна основа е неиздржливо.
Полошо сабајле од ова денес имав пред 2 години. Станав, се измив го земав телефонот и само сакав да мислам дека спијам дека сеуште не сум разбудена. Го праќаш детето да иде во диско да се забавува ти се јавуваат дека изгорел жив. Немам зборови веќе. Цел ден не можам при себе да дојдам... Родител сум и не можам да замислам како е да си му во кожа на другиот и некој да ти го соопшти ова. Од година за година почна сега од месец за месец да не следат трагедии, несреќи ... Само знаете што ме боли? Што за 3 дена или за месец ќе се заборави. Ќе не потсеќа само инстаграм или фејсбук од сторињата и тоа што сме го споделиле дека на 16.03.2025 доживеавме сите трагедија којашто сите ние сме криви за истата. Почивајте во мир .
Истото го чувствувам цел ден.Цел ден плачам,замислувам како ќе биде утре,сите имаме деца,како да да ги/ќе пуштаме да искачаат не ми е јасно. Страшно Целиот бенд,мојата омилена мк група ја нема,жално,многу жално
Од минута во минута сѐ повеќе јас не можам да се помирам со ситуацијава. Цел ден скролам и рефреширам отрпната како робот читам нови информации и од шок на моменти знам да вриснам у плач кога ќе ме удри реалноста. И така у loop цел ден, и со денови и цел живот ли на ова проколнато парче земја! Нека почиваат во мир починатите, искрено сочуство до семејствата. Им ја посакувам сета сила на светот на сите засегнати од трагедијава. Тагата е неизмерна.
Ахх бе душо моја, како да знаевме дека тоа ни беше последниот разговор .... А секакви планови правевме, нели требаше да се видиме кафе да пиеме, и разговорот ни остана на пола не докажани, и кафето не испиено.... Зошто мораше Господе вака да биде... Душата партали ми ја направи. Почивај во мир, и летај високо. До нашето следно видување... Нека почиваат во мир сите што загинаа.