Извини, ама за мене тоа се најголемата сељачана што дошла до пари. Џабе пари, елементарна култура немаат. А мене што ме заболе што возат, еве уште ме боли. Па копук, имаш толку пари оди на паркинг стави ја и плати си. Ама не, на улица, тука пред мене ќе ја паркирам. У гаќи да си ја напикаш. Поголем сељак од новопечен богаташ во МК нема.
Се прашувам колку професии наскоро ќе изумрат или побарувачката за одредени максимално ќе се намали. Признавам за комбинирање на бои во домот не сум компетентна. Едно време се мислев дали да платам дизајнер за ентериер, но случајно налетав на AI апликациите. Си кажав што сакам, да ми дизајнира и да ми даде предлог што да направам. Куп комбинации. Башка цел ден може да прашуваш да ти дава идеи, нема работно време. И веќе опцијата да платам илјадници евра веќе и не ми постои. Што е искрено страшно. Не за мене, конкретно за нив. Не гази вештачката интелигенција и допрва ќе зема поголем замав. Што ќе се случи со луѓето?!
Што би правела без тебе мое малечко крзнено човече со крупни црни очиња? Душа се бе полни со љубов и позитива Извор на среќа и утеха во секое време.
Последнава година, огромен товар исфрлив од душава откако научив едно - луѓе да ги гледам и ценам по тоа како се однесувале кон мене, а не дали ме родиле, биле комшии, туѓа фамилија и слични релации. Научив дека шамарот и зборот исто ќе ме болат од родена мајка и непознат. Па веќе не си правам притисок да простам кога длабоко во себе се осеќам погазено. И личност што ме знаеше едвај еден ден, одвои време да ми помогне во една прилика и имаше поголемо разбирање за проблемот отколку некој што ме родил и знае цел живот. И за вакви, да можам и 10 пати ќе возвратам. Научив и да не си ставам на душа дека МОРАМ да почитувам некого зашто бил *нешто*. Си велам само напред Манчи, на добар пат си да одјебеш све што те мачеше до денес.