Каков пречек, бацки, гушкања сум видела на колешка што се врати од боледување.Можеби и некоја солза радосница падна ама не успеав да видам од гужвата за гушкање. Ќе се расплачев и јас за малку од убавиот призор да не знаев дека истатата колешка од истите гушкачи и пред и за време на боледување беше оговарана на велико. Како не вие срам лигуши едни!
Добро, да ми је знати што бараат пензионери уште во 7 да се нацртаат пред банкиве бе? Па кога ќе отвори во 8, ко цунами влагаат сите наеднаш. Ја нервозна туфкам оти многу ќе каснам на работа (исто од 8 почнувам) тој пустото ем нема каде да иде и мооора јеботе пред изгрејсонцето да заврши работа.
Се мислам да избришам од инстаграм слики од патувања природи и да постирам само слики од мене Па како ќе си најдам дечко, нема вајлда заради дрвата и морето да ми пиши некој
Мислам дека заедничка мисла им е да бидат први во редот ради гужва и од тука доаѓа тоа цунами. И ако тебе ти е изгрејсонце за нив е пладне со оглед дека некои се будат ради возраста од 4 наутро и веќе им е досадно.На тој начин некој си ја пополнува и осаменоста ,затоа што во нашава држава и нема некои активности каде постарите лица би се дружеле и слично,па така си наоѓаат друштва во болнички ходници да направам една контрола,банки,во маркети.
Стануваат доволно рано (и заспиваат доволно рано) и го фаќаат "со време" денот. Сегашниве старци не се толку електронски писмени да плаќаат сметки (и куп други работи кои ние ги правиме) онлајн/електронско банкарство. Башка им е социјализација одењето некаде Не се тие криви, туку банките што "не можат" да издвојат пари за уште еден/двајца вработени, не се случило да не дремам без оглед кое време од денот е. Не може на прометни места да работи еден до два шалтери.
Кој дебил го измислил нашиов затворски систем? Али стварно, со име и презиме. И зашо на никој не му смета, никад не се побунил и не му е чудно оти затвореници имаат право викенд дома да одат, да одат да акаат и скитаат, али на спиење да се вратат? Се дебатира ли ова у правни кругови пример на Правен факултет? Значи кради, убивај, силовај и жени и деца, а после лежи у ол инклузив на сметка да државата плус дрви си го, па и право на излез имај. Уште и џепарац да им дадеме, ако и тоа до сеа не добиваат... Абе ваа држава треба да се распушти, кој црн пиреј, кои бакрачи. Паразити.
Не знам дали имаш прочитано за тој судијата, што е во затвор а работи како магационер??? Значи искача да работи магационер, а после тоа се враќа во затвор, секој ден така.
Тоа и ме испровоцира. Знаев ја за викенди, али ова прв пат слушам. А тој не дека работи, иде лежи дома си го дрви. Па уште и стаж му тече, пензија да лапа. Стока бре, само гилотиња.
И мене ова од увек ме чудело. Он само не смее да иде надвор од градот иначе технички нормален живот живее. Како отслужува казна уствари?
имав јас една колешка на времето во Зегин работеше, преку ден на работа, навечер во затвор тоа и било дозволено дека има мали деца
Тој шо си барал мито и корупција, ете тој го измислил и сите други од нашава банда се согласиле. Иначе тие шо излегуваат преку ден а се враќаат навечер за спиење, си го плаќаат денот тамо на директорот или кој и да беше. Во Гевгелија заборавив колку беше еден ден, ама во Ск а и за тие поголемите криминалци, сигурно е поскап денот - шетањето.
Тоа е начин да се ресоцијализираат, како поинаку после издржување на казна би требало да се интегрираат во општествово? Нормално дека не секој треба и може да излегува за да работи, целта на затворската казна е некого да превоспита, да му го промени начинот на живот, а не да го отсече од општеството. Треба по издржување на казната тие луѓе да се продуктивни членови, а не повторно отпадници. Се подразбира дека убијци и силувачи не спаѓаат во оваа категорија, за други дела (обично од финансиска природа) добиваат ваква можност. Е сега, ако тоа се злоупотребува е веќе друг муабет, ама самото работење на затворениците не е проблемот.
И да продолжам. Се дозна кое е кучето, кои се луѓето, се дозна дека истото куче е чувано во двор без ограда, во близина на школо. Се дозна и дека нападнало десетина пати при што страдале и други домашни кучиња и луѓе. И многу ми се свиѓа како луѓево добија јавен линч на велико. И вака треба со сите. Па сега уште закони да функционираат и топ ќе биде. Нема да ми излезе сликата од пред очи кога комшискава акита пред мене го зграби пудлето на другиов комшија за грб ама за мир у кучи, комшијава реши да не постапи правно. Пудлево се тресеше цело, среќа помина неповредено. Барем од мене, овие со акитата добиваат игнор и трескање врата пред нос во влез
@Gosh Тие што имаат слободен викенд според закон се лица што направиле полесни кривични дела,изземени се за тешки како убиства,силовања и се е тоа во ред ,апсурдот е што пуштаат од калибар на дилери на дрога. Скоро секаде во светот има корупција и се шверцаат телефони,дрога, ама кај нас е ужас.Гледај подкаст кај Ландов со Пандов,коса да ти се крене,затвореници од Диво насеље како во хотел уживаат привилегии.Значи биди најголем криминалец ако имаш пари затворот ќе ти биде одмор.
Сакам да кажам дека е добро што Општина Струмица ги турка дивоградбите на шеталиш Не почнувај да читаш.. ништо немаш пропуштено..