Каков пречек, бацки, гушкања сум видела на колешка што се врати од боледување.Можеби и некоја солза радосница падна ама не успеав да видам од гужвата за гушкање. Ќе се расплачев и јас за малку од убавиот призор да не знаев дека истатата колешка од истите гушкачи и пред и за време на боледување беше оговарана на велико. Како не вие срам лигуши едни!
Добро, да ми је знати што бараат пензионери уште во 7 да се нацртаат пред банкиве бе? Па кога ќе отвори во 8, ко цунами влагаат сите наеднаш. Ја нервозна туфкам оти многу ќе каснам на работа (исто од 8 почнувам) тој пустото ем нема каде да иде и мооора јеботе пред изгрејсонцето да заврши работа.
Се мислам да избришам од инстаграм слики од патувања природи и да постирам само слики од мене Па како ќе си најдам дечко, нема вајлда заради дрвата и морето да ми пиши некој
Мислам дека заедничка мисла им е да бидат први во редот ради гужва и од тука доаѓа тоа цунами. И ако тебе ти е изгрејсонце за нив е пладне со оглед дека некои се будат ради возраста од 4 наутро и веќе им е досадно.На тој начин некој си ја пополнува и осаменоста ,затоа што во нашава држава и нема некои активности каде постарите лица би се дружеле и слично,па така си наоѓаат друштва во болнички ходници да направам една контрола,банки,во маркети.
Стануваат доволно рано (и заспиваат доволно рано) и го фаќаат "со време" денот. Сегашниве старци не се толку електронски писмени да плаќаат сметки (и куп други работи кои ние ги правиме) онлајн/електронско банкарство. Башка им е социјализација одењето некаде Не се тие криви, туку банките што "не можат" да издвојат пари за уште еден/двајца вработени, не се случило да не дремам без оглед кое време од денот е. Не може на прометни места да работи еден до два шалтери.
Сакам да кажам дека е добро што Општина Струмица ги турка дивоградбите на шеталиш Не почнувај да читаш.. ништо немаш пропуштено..
Hear me out. Да созрееш значи да сфатиш дека давање на лубовни совети е трошење на време и не треба навредуваш кога имаш чувство дека збориш со ѕид. Колку и да е некој во лоша ситуација, ако самите не се спремни да го согледаат тоа и да раскинат, нема нешто што можеш да им кажеш што ќе им го промени мислењето. Од друга страна, сите имаме различни перспективи за врски / брак и ако остануваш во врска само затоа што другарка ти те смирила и уверила дека не е толку лошо колку што ти се чини, не е доволно добра причина за да останеш затоа што тоа се чувствата на... другарка ти. Едноставно мислам дека навигирање на љубовен живот е нешто низ кое мора да пројдеш сам и можеш да научиш само ако се испечеш, ако правиш грешки и постепено се научиш да си ја слушаш интуицијата. Не може да ти помогне никој. И да, инспирирана од тоа што секогаш сум asshole кога ќе дадам совет „Раскини“. Но, во исто време, и јас самата кога бев во врска што беше совршена на хартија, бев најмизерна, а тоа само јас можев да го знам. Што не значи дека нема веќе да давам и да барам совети... само сум некако мирна со фактот дека никој никого нема да послуша.
Овие што работат со храна, стварно треба да им се забранат долги нокти. Ја држи чинијата за работ, ок ама ноктите оти 2м долги, идат внатре во чинијата, уште малце и во храната ќе ги укопаат. Да ти се згади. Друга па еднаш мака мачеше да земе ситни од каса да ми врати од ноктите И секоја професија кај што работиш мануелно и нокти би сметале. Скрос може да имате убави средени и кратки нокти, еве да ви кажам
Уште бе се собирате за матура?толку ми е клише и безвезно то. Битно да сте скоцкани, дотерани, нашминкани, а тоа што помеѓу себе си велевте една на друга к*рва нема врска. М? Лигленца. Ептен сеа се сакате, па муабето си го праите и си кажувате кој маж е поуспешен, попопуларен и раскажвате како сте биле во Париз, Барселона и сл. Си ги мерите де хахаха
Пред две години ми беше 10 годишнина. Не ни размислив да одам Ниту со некој се дружев непто посебно ни па сеа би седела да ги слушам и така и кажав не доаѓам ради тоа Некои не можеа ни да ги најдат А јакото имаше еден 4 г не го видовме шо се вика... без него не правеле
Од мојот клас не се собираат. И да се собираат нема да одам. Не сум лицемерна. Ни на матура не отидов. Другата година 20 години од матура. Летна времето Како клас не се мирисавме. Класната се чудеше. А од другите класови се дружеа и уште се дружат. Не сите, ама по пола класови се собираат.