Која моќ ќе ја имаа бре некои личности, инстантно да ти сјебат расположение и растажат.. Уште не научив да не се замарам и не научив. Излеа нема ни да научам.
Жално колку млади луѓе на партиски митинг гледам... Наместо таму да бидат, да лижат нечии гз, да веат кутлешно знаме, а притоа да не знаат на географска карта каде се наоѓа Кутлеш - можат да бидат в кино или театар, на пример
Би се надоврзал во политички контекст. Наместо тие да бидат слободоумните кои не ќе можат да ги купат, и како млади луѓе да ја донесеме промената во оваа земја, или доколку не сакаш да се бавиш со политика многу битно и доволно е да го имаш раввиено рационалното критичко мислење, или можеби во твојата област во која работиш а зависи на општествената структура, дури и не мора да зависи доволно е да посочиш, па можеби ќе се случи промена. Ова ти е генерирано генерациско ропство.
јас како помала мислев дека можеш да бидеш симпатизер на партија, да ти се свиѓаат нечии идеали и насоки на управување со држава. Но, после видов дека е тоа само на збор, хартија а на дело нема никаде. И си се тргнав на страна. Од партија никогаш не сум очекувала работа нит сум добила. Како што најголем дел одат за тоа. Сите блиски до оние на власт се наместени на добри позиции. Може и тое се млади дел па ќе сфатат. А сум била и образована, едуцирана и во кино и во театар и во музеј и секаде. Може едноставно некој дел од животот мислиш тоа е океј. @sino.o.oka
Моорее шубо беше, ко се собраме сите ВМРОовци на куп тоа весели, позитивни, разиграни, воодушевени шо нашиот лидер професор м-р д-р Христијан Мицкоски го одбра баш нашиот град сега пред избори да го прославиме роденденов, а посебно историската локација Хераклеја каде шо ни го разбуди и тоа античкиот дух во нас до толку шо почувствувавме како и Александар Македонски да е меѓу нас, па после ко запеаја госпоѓата Сузе Спасовска, господинот Миле Кузмановски, Чили Вили па зедовме напрајвме со телефоните со блицојте сите ѕвездено небо, абе шо да ти кажам доживување, фалеше уште да ни бапнат по некој сендвич и сокче ама то е. Да живее ВМРО-ДПМНЕ муциња
Малку DIY ми е бавчата, шо на земја, шо в саксија и на ѕид имам како постолје и редени во вис шо крепи (јагодите). Ама ај прва година ми е, од година поќе ќе се снаоѓам.
Трошоците за храна во споредба со минатиот месец се покачени за 2000 денари, а овие од влада допрва ќе правеле анализа да виделе што како ќе е најдобро. Таман да им дадат време на трговциве да покачат за уште 2000 и од влада ќе донесат мерка намалување на цели од 2%...... аах мафијо. Добро ни го брцаат.
На пат кон дома добив 10 пати вртоглавица од топло, лицево ми стана жива вода од пот, панталоните за гз залепени ги осеќам цело време. Башка втор ден менструација. Ова после 4 саат зборам Доаѓам дома, не можам да се изнапијам вода, па од многу вода уште толку ми се врти па ајде нешто солено зимам. Па од соленото пак вода ми се пие и така бубрезиве мислам у курац ми отидоа. И еве ме подуена џоа трудна од мензис, вода и сол, плус ручекот. Да, многу убаво годишно време е лето
Али некој ко ќе рече дај рецепт за палачинки.. Не ми е јасно шо не му е јасно. Палачинки не се праат по рецепт, то се меша се одокативно. Пример ставаш две чаши брашно, една кисела вода, една млеко, три јајца и зејтин истураш по ѓутуре и тогаш започнува магијата. Мешаш и доставаш де вода, де брашно, па многу течно тестото, па трц многу густо, па шлак уште едно јајце за рамнотежа на состојките нели, и така додека окото не исперцепира дека тестото е таман. Мислам, толку е просто и едноставно. Имам некоја луда среќа или пак, Боговите на палачинките ми се наклонети и секогаш ми излагаат многу вкусни. Плус, маче, не да се фалам ама прва палачинка никад не фрлам, увек јадлива излага. И така. Е сеа, малу е незгодно пред друштво ко ќе те прашаат за рецепт, а ти рецепт немаш, ама па увек моеш да се извадиш нема, тајна ми е од прабаба ми и аманет да не го споделувам. За оние изешливите, на кои во моментов им се пријадоа лапачинки, сори.