Имаше порано една тема Скопје вс Провинција и се колеа таму. Па мораше да се брише, па да се заклучува, чудесии. Можеме да се маваме и во оваа тема, ама посочно би било во соодветна тема. Ај отклучете ја или да правиме нова и да спремаме пцовките и колнењата.
Ако може да изберете кои ќе бидете, бидете некој кој би можел да е опишан вака: Но исто така, ако сте родител мислете го во насока на своите деца.
Да се отвараат места за работа и да се градат и урбанизира и другите градови не не би се преселувале толку многу во Скопје, се што е потребно за живот е во Скопје (болници, разни средни училишта, факултети се е таму и се таму се гради). А како што станува и таму пренаселено и снемува работи места и нормални услови за живот сите си одиме од државата.
Живеам во град и сум видела родители како отвораат обвивки од благца на децата и ги фрлаат на улица во истиот момент. Исто така сум била и во моето село од каде потекнувам ,а и во други села и баш сум забележала дека нема никаков отпад низ улици,еве пројдете,забележете.Куќите блескаат од чистота,дворовите цакум пакум средени,имаат летни кујни и се таму готват. И човек што живее во село на влезна врата соблекува кондури.
Ако сте или одите на одмор во Турција, купете некоја тубичка Терамицин, 2 евра е, донирајте во ветеринарниве станици. Ќе спасите многу златни очиња.
трета смена ни беше многу забавна и посетена, ама ни ја заклучија, го фрлија клучот. И еве, уште го бараме.
Многу е битно во животот некој да те насочи да е тука покрај тебе посебно кога се двоумиш за одлука... Добро е некој да ти каже одбери го второто бидејќи веќе сега си тука знаеш како е ама пробај си ја среќата барем да не ти е криво во иднина...и така... Си седиш ти пак кај што беше и мисли се што би било кога би било!
Ја гледам програмава за Прилеп за така наречениов пиво фест, ми е срам да кажам дека сум прилепчанец.
Оти така? Размислувам да отворам уште еден профил и да измислам некоја сочна приказна. Па Вие драги членови да ме советувате
Видов мали кученца оставени на пат како лутаат и не знаеја каде одат, сигурно беа само неколку дена стари...на враќање едното беше згазено на сред пат не можам да ја заборавам глетката и секогаш за некое животно ми се крши срцето, а па за едно мало слатко кученце Зошто морав тоа да го видам? Зошто тоа мораше да се случи?