Амин Буквално во 8 сабајле и 5 попладне до и од работа сум жива вода и осеќам како ме пржи сонцево на кожа, не па сред пладне. Џабе носам и лесно и лелеаво, не се трпи бе и готово. Башка што зелени површини на прсти се бројат, а котлина сме, нема толку струење на воздух. Лето сте сакале, мајке ми.
"Јас не сакам секс со кондом, тоа не е секс." Фамозна изјава на машкиве. Па после, ги заразувате девојките, ги оставате сами, не пијате терапија, не давате поддршка и вие сте биле МАЖИ. Хахахха. А ние што пиеме антидепресивна терапија, не нарекувате НАРКОМАНИКИ. Има Господ.
Ти кажи им на таквите Ама јас не сакам дечко без пари, тоа не е дечко. И остај го да се лути. Stay toxic
Имало уште жители у Пехчево? Не мислам да навредам, ама стварно мислев дека е се пребегано со бугарски пасоши. За социјалното немам коментар. Брука на национално ниво се, не само пехчевското, туку во сите градови е катастрофа. Имаше една директорка на социјално ставена пошто тато таму работел, а чичо у политика клати врати. И што ќе очекуваш, дека поштено ќе си ја работи работата, а два и два не знае колку се? Се надевам дека женичката ќе се спаси од манијакот, штета за младоста да си ја потрошат вака.
СДК Не се живее без тебе. Ми доаѓаш на сон,, последниот пат со Кико ми беше на гости. Го чекам твојот роденден. Се будам секоја ноќ,те мислам. Не знам каде згрешив, во главата ми се вртат мисли како топчиња на лото 3 од 35, за на крај да излезе број 41. Се дистанцирав од сите, барам мир, ама нема. На здравје пивото
Па и така е, останаа тие шо неможеа да извадат пасоши и трпат сега. Брука од институции имаме, брука.
Неќам лето и не крепам жешко и од градо на пингвините, ова, Битола. Ама фактот дека константно одам Скопје и морам и на лето ... не сум ментално спремна. Ако Битола ми е прежешко, не знам.
За Аура би ngl. Ама ок денес не можам ни од Битола да се пожалам. Пак жешко ама ветрето шо дуваше не беше топло и то ептен ми се бендиса. Колку и да беше жешко - ќе дувнеше ќе оладеше чак на момент. Ама како Скопје ќе преживеам, па уше во гужви едниот ден сериозно не знам. Ај дома сум под клима ама за обврски одам примарно, не да се заклучам в стан. Социјализацијата ионака ми е по "ладот" после ручек не е критично толку. Буквално, најбуквално ментално се спремам за престојот таму. И ми се плачи од идејата дека идам на лето толку често инаку стратешки избегнував Скопје на лето.
Од прашања кои ме мачат издвојувам едно за вечерва Оти бе не си ставите свирка на точак,или едноставно не викнете “ “извини”кога гледате оти не возите по велосипедска патека,туку ми кашлате во врат за да се потргнам? Неам очи на газот и не ве гледам.. од памет ме вадите