Цело мое опкружување гледа деца со два пара баби и дедовци. Не знам дали е стварно толку тешко да се чува дете со двајца родители или сите околу мене се неспособни, па оттука прашањето - како би имала дете во странство со 0 помош?
Жално е колку ситуации со кои сме израснати ги третираме ко нормални све дур не сретнеме нешто подобро, нешто со кое сфаќаш дека ти денес друг човек ќе си бил. Маж, жена, мајка, татко шо и да е имале избор како да реагираат и постапат во многу ситуации ама го избрале полошото, оти пази, не знаеле подобро. Како баш сите за полошото знаат само? На работа еднаш истурив кафе и среќа освен неколку небитни листови ништо немаше оштетено. Никој не ми викаше, ништо. А ми се чудеа сите оти се тресев толку за едно мочано кафе "Не знаеле". Знаеле. Не сакале. Тенќуверимач.
Се тресам цела бидејќи само што дознав дека мојот омилен бенд засекогаш доаѓа толку блиску оваа есен. Советскиот класичен рок бенд Кино доаѓа во Белград во ноември. На овие простори не се популарни многу, но во свое време овој бенд бил на исто ниво со Нирвана и Битлси. Ова не се пропушта за ништо на светот. Една од моите најголеми желби наскоро ќе биде исполнета. Пинг @Billy Idol @Scott Weiland @MeowMeow На вас ми текна дека ги знаете, па ако имате желба исто така еве ви прилика. Spoiler https://balkan-promo.com/kino/
Значи колку од такт ме вадат некои ,,мотивациони" постови од нашиве на Linkedin, тоа е страшно нешто. Дотичната госпоѓа или госпоѓица, се пува како тоа она била успешна затоа што останатите си давале некакви изговори, дека се било возможно, демек читај меѓу редови, ако јас можев, може секој. Да, од комодитетот што ти го дале твоите. Прво и најбазично, многу зависи од каде доаѓаш. Дали си растена и живееш во Скопје, каде се е буквално сконцентрирано од цела Македонија. Второ, финансиската состојба на родителите, колку можат да ти овозможат да напредуваш. Пример, доаѓаш од некое село, сакаш да станеш доктор, твоите немаат пари, а ти како ќе работиш, кога медицина не се вонредни студиите. Само прост пример. Второ, во животот се случуваат милион непредвидливи ситуации, загуба на близок, здравствени состојби, итн. Како се тоа влијае на една млада амбициозна индивидуа. Трето, околината. Сите околу тебе да немаат амбиции, веројатно и ти ќе немаш, тоа е твојата реалност. Четврто, воспитување, некои се воспитани на ваков, некои на онаков начин, тебе родителите ти дале привилегија да одиш напред и да газиш се пред себе. На некој друг му вршеле тортура, да се повлече, да ќути, да не се бори за себе. И сите да сме имале кликер за бизнис и да бидеме газди, дома од шолјата ќе си сркаше. Затоа што тоа што го пишуваш е толку глупаво и бесмислено, а човештвото е премногу сложено. Биди среќна за она што ти мислиш дека си успеала, ама не ми продавај приказни дека сите други се глупи затоа што тебе буквално ти се посреќило во животот. Да те видам, да бидеш со еден или ниеден родител, или растена со трауми и насилство, или да немаш пари за леб и сол, да видам истото дали ќе го пишуваш. Се е можно, освен кога не е. Не сме ние ти, или ти не си ние. Па уште лајкови врштат од недоделкани. Море марш, да не е се социјалните мрежи, по врати ќе тропавте да се пувате што сте направиле.
Одлична прилика. Иако не се истиот бенд од порано со Виктор Цој, сигурно ќе биде огромен спектакл да се гледаат во живо. Омилената
Ги следам на Инстаграм, имаат концерти низ Русија, но воопшто не претпоставив дека тука на Балканот би дошле. Иако без Виктор не е исто, огромно нешто е да ги гледаш во живо. Супер избор, еве уште една од омилените, би било јако да се чуе во живо
Не не е. Јас и маж ми сами го одгледуваме нашето дете. Од прв ден сме сами, не е дека нашите не сакаат да ни помогнат но нема зошто. Доволни сме јас и он. А со баба и дедо може да оди и да ужива, да си игра..
Поголем дел од луѓево што протестираат низ Србија на секое интервју, ми личат како психофизички да не се арни некако….
не знчи дека си неспособен, како што исто не значи дека си способен ако го чувате само вие родителите. Немам дете уште ама шознам океј ми е некој да сака да си е со фамилијата
Многу ме нервира кога некој ќе ми го пукне филмот пред спиење. Битно тој ќе спие,а ја ќе зеам у таванот цела вечер. Но проблемосс амигос
Толку многу тешко може не, ама не е ни лесно. Ете не во странство, тука без баби и дедовци од двете страни, две деца. Зборам за двајца вработени родители посебно. Не беше лесно, пораснаа сега е полабаво. Така да не е на одмет да се има малку помош.
Не е толку тешко, но ете кој е во Македонија и си има помош од двете страни си ја искористува максимално што не е на одмет секако. А тие што сме во странство( посебно преку океан) си се привикнуваме на ситуацијата и си се организираш сами да си го гледате. Тоа е
и јас искрено сум со истото прашање. Дали јас сум нешто невред што никад сум немала помош од бабите/дедовците или треба да им завидам на другиве со по два пара баби и дедовци? #прашањакоимемачат
Цело време гледам нешто сториња на инста од протести ово оно....за што уствари протестираат? (Сторињата им се у стилот "видете и јас сум присутен" затоа не сватив зошто е протестот)
Така де, сакав истово да го пишам. По маркетиве душата им искача на луѓето, за да се најде некоја посебна снегулка со нејзините специјални забелешки.. Мислам нема смисла. Ништо лично до членката, али глупа констатација. Само тоа.
Не им текнува на вработените. Има правила по кои што треба да работат. Има шефови кои кажуваат како треба. Има зошто и кога кој реди кој отвара роба кој куца на каса.