1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. boo3

    boo3 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2015
    Пораки:
    1.575
    Допаѓања:
    5.687
    Пол:
    Женски
    Цело мое опкружување гледа деца со два пара баби и дедовци. Не знам дали е стварно толку тешко да се чува дете со двајца родители или сите околу мене се неспособни, па оттука прашањето - како би имала дете во странство со 0 помош?
     
    На liliput22, Shade, Miss666 и 4 други им се допаѓа ова.
  2. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.892
    Допаѓања:
    23.531
    Жално е колку ситуации со кои сме израснати ги третираме ко нормални све дур не сретнеме нешто подобро, нешто со кое сфаќаш дека ти денес друг човек ќе си бил.
    Маж, жена, мајка, татко шо и да е имале избор како да реагираат и постапат во многу ситуации ама го избрале полошото, оти пази, не знаеле подобро. Како баш сите за полошото знаат само?
    На работа еднаш истурив кафе и среќа освен неколку небитни листови ништо немаше оштетено. Никој не ми викаше, ништо.
    А ми се чудеа сите оти се тресев толку за едно мочано кафе

    "Не знаеле".
    Знаеле. Не сакале. Тенќуверимач.
     
    Последна измена: 2 јули 2025
    На senjorita-v, Miss666, Aleks.mar и 8 други им се допаѓа ова.
  3. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.234
    Допаѓања:
    57.393
    Пол:
    Женски
    Се тресам цела бидејќи само што дознав дека мојот омилен бенд засекогаш доаѓа толку блиску оваа есен. Советскиот класичен рок бенд Кино доаѓа во Белград во ноември.
    На овие простори не се популарни многу, но во свое време овој бенд бил на исто ниво со Нирвана и Битлси.
    Ова не се пропушта за ништо на светот. Една од моите најголеми желби наскоро ќе биде исполнета. :inlove: :inlove: :inlove:
    Пинг @Billy Idol @Scott Weiland @MeowMeow
    На вас ми текна дека ги знаете, па ако имате желба исто така еве ви прилика. :D
     
    На senjorita-v, Zhukov, MeowMeow и 4 други им се допаѓа ова.
  4. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    7.750
    Пол:
    Женски
    Значи колку од такт ме вадат некои ,,мотивациони" постови од нашиве на Linkedin, тоа е страшно нешто.

    Дотичната госпоѓа или госпоѓица, се пува како тоа она била успешна затоа што останатите си давале некакви изговори, дека се било возможно, демек читај меѓу редови, ако јас можев, може секој.

    Да, од комодитетот што ти го дале твоите. Прво и најбазично, многу зависи од каде доаѓаш. Дали си растена и живееш во Скопје, каде се е буквално сконцентрирано од цела Македонија. Второ, финансиската состојба на родителите, колку можат да ти овозможат да напредуваш. Пример, доаѓаш од некое село, сакаш да станеш доктор, твоите немаат пари, а ти како ќе работиш, кога медицина не се вонредни студиите. Само прост пример. Второ, во животот се случуваат милион непредвидливи ситуации, загуба на близок, здравствени состојби, итн. Како се тоа влијае на една млада амбициозна индивидуа. Трето, околината. Сите околу тебе да немаат амбиции, веројатно и ти ќе немаш, тоа е твојата реалност. Четврто, воспитување, некои се воспитани на ваков, некои на онаков начин, тебе родителите ти дале привилегија да одиш напред и да газиш се пред себе. На некој друг му вршеле тортура, да се повлече, да ќути, да не се бори за себе.

    И сите да сме имале кликер за бизнис и да бидеме газди, дома од шолјата ќе си сркаше. Затоа што тоа што го пишуваш е толку глупаво и бесмислено, а човештвото е премногу сложено.

    Биди среќна за она што ти мислиш дека си успеала, ама не ми продавај приказни дека сите други се глупи затоа што тебе буквално ти се посреќило во животот. Да те видам, да бидеш со еден или ниеден родител, или растена со трауми и насилство, или да немаш пари за леб и сол, да видам истото дали ќе го пишуваш.

    Се е можно, освен кога не е. Не сме ние ти, или ти не си ние. Па уште лајкови врштат од недоделкани.

    Море марш, да не е се социјалните мрежи, по врати ќе тропавте да се пувате што сте направиле.
     
    На Gentlewoman!, ani23, Gosh и 13 други им се допаѓа ова.
  5. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.447
    Допаѓања:
    40.977
    Пол:
    Машки
    Одлична прилика. Иако не се истиот бенд од порано со Виктор Цој, сигурно ќе биде огромен спектакл да се гледаат во живо. (fingers)

    Омилената :music:


     
    На MeowMeow и Amellie13 им се допаѓа ова.
  6. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.234
    Допаѓања:
    57.393
    Пол:
    Женски
    Ги следам на Инстаграм, имаат концерти низ Русија, но воопшто не претпоставив дека тука на Балканот би дошле. :D Иако без Виктор не е исто, огромно нешто е да ги гледаш во живо.

    Супер избор, еве уште една од омилените, би било јако да се чуе во живо :music:
     
    На MeowMeow, Billy Idol и Aнонимус_ им се допаѓа ова.
  7. TammiB5

    TammiB5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2023
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.109
    Пол:
    Женски
    Не не е. Јас и маж ми сами го одгледуваме нашето дете. Од прв ден сме сами, не е дека нашите не сакаат да ни помогнат но нема зошто. Доволни сме јас и он. А со баба и дедо може да оди и да ужива, да си игра..
     
    На SummerGirl, Aleks.mar, liliput22 и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    3.221
    Допаѓања:
    15.380
    Пол:
    Женски
    Поголем дел од луѓево што протестираат низ Србија на секое интервју, ми личат како психофизички да не се арни некако….
     
  9. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    3.221
    Допаѓања:
    15.380
    Пол:
    Женски
    не знчи дека си неспособен, како што исто не значи дека си способен ако го чувате само вие родителите.
    Немам дете уште ама шознам океј ми е некој да сака да си е со фамилијата:D
     
    На Stark му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Dominodancing

    Dominodancing Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2024
    Пораки:
    686
    Допаѓања:
    1.720
    Пол:
    Машки
    Од дека овај комарец брче сеа у собата ега го нигде нема
     
  11. Perfil Falso

    Perfil Falso Активен член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2025
    Пораки:
    61
    Допаѓања:
    174
    Пол:
    Женски
    Многу ме нервира кога некој ќе ми го пукне филмот пред спиење.
    Битно тој ќе спие,а ја ќе зеам у таванот цела вечер.
    Но проблемосс амигос ;)
     
    На babydust и KiT им се допаѓа ова.
  12. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    7.031
    Допаѓања:
    154.187
    Пол:
    Женски
    Толку многу тешко може не, ама не е ни лесно. Ете не во странство, тука без баби и дедовци од двете страни, две деца. Зборам за двајца вработени родители посебно. Не беше лесно, пораснаа сега е полабаво. Така да не е на одмет да се има малку помош.
     
    На Anie93 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. liliput22

    liliput22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    372
    Допаѓања:
    713
    Пол:
    Женски
    Не е толку тешко, но ете кој е во Македонија и си има помош од двете страни си ја искористува максимално што не е на одмет секако. А тие што сме во странство( посебно преку океан) си се привикнуваме на ситуацијата и си се организираш сами да си го гледате. Тоа е
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Aleks.mar

    Aleks.mar Активен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2025
    Пораки:
    146
    Допаѓања:
    311
    Пол:
    Женски
    и јас искрено сум со истото прашање. Дали јас сум нешто невред што никад сум немала помош од бабите/дедовците или треба да им завидам на другиве со по два пара баби и дедовци? :^) #прашањакоимемачат
     
  15. Aleks.mar

    Aleks.mar Активен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2025
    Пораки:
    146
    Допаѓања:
    311
    Пол:
    Женски
    Цело време гледам нешто сториња на инста од протести ово оно....за што уствари протестираат?
    (Сторињата им се у стилот "видете и јас сум присутен" затоа не сватив зошто е протестот)
     
  16. Just_a_kid

    Just_a_kid Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2021
    Пораки:
    547
    Допаѓања:
    1.723
    Пол:
    Женски
    Во КАМ на вработените им текнува дека треба да редат роба баш кога има најголема гужва.
     
  17. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    3.221
    Допаѓања:
    15.380
    Пол:
    Женски
    нареди ја ти :D
     
    На Stark, lovely91, quattro и 5 други им се допаѓа ова.
  18. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.514
    Допаѓања:
    14.347
    Пол:
    Женски
    Така де, сакав истово да го пишам.
    По маркетиве душата им искача на луѓето, за да се најде некоја посебна снегулка со нејзините специјални забелешки..

    Мислам нема смисла.

    Ништо лично до членката, али глупа констатација. Само тоа.
     
    На Космонаут, Stark, christinnn и 12 други им се допаѓа ова.
  19. Hoping

    Hoping Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    408
    Допаѓања:
    1.151
    Пол:
    Женски
    Не им текнува на вработените. Има правила по кои што треба да работат. Има шефови кои кажуваат како треба. Има зошто и кога кој реди кој отвара роба кој куца на каса.
     
    На Angie1432, M&M, SummerGirl и 4 други им се допаѓа ова.
  20. FreeToGo

    FreeToGo Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2014
    Пораки:
    1.306
    Допаѓања:
    2.012
    Пол:
    Машки
    Често е у Кам така, и големи редици. Иди у Веро.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.