Еден многу тажен факт е дека голем дел од оние што ги читаме со коментари "сана си го барала" дома имаат ќерки. Ајде на нас не ни се ништо, ајде ќе речам неговите зборови не ме погодуваат. Ама истото го мисли и за родената ќерка. И сфаќаш дека уште една причина што жртви на сексуално насилство не пријавуваат е што се понижувани од сопствената фамилија. И сите да се против тебе, ако твоите најблиски се на твоја страна, ќе имаш храброст да се бориш. Ама не се. И така еве не знам, ќе ја створиш, ќе ја растеш, пред очи твои ќе порасне од три кила бебе во човек и кога утре некој лудак ќе ја пипне, ти место да идеш него да му го извадиш гркланот, ѝ се нафрлаш неа оти вака била облечена, провоцирала, курва била. На ќерка....На тоа девојче, жена што ти си ја израснал. Како имаат срце, не можам во глава да ставам никако. И затоа не ми е срам да кажам оти вакви кога ќе остарат, заслужуваат жедни да молат за чаша вода.
Исто и оние со жени и деца шо коментираат...безобразно, дрско и манијачно... И тоа неговиот профил, среден, скоцкан, мислиш некоја холивудска ѕвезда е.... Па и уште ќе видам како се праат верници, па идат по цркви, се крстат, па одат и по манастири, први до попот за секој празник. Еееее колку сме сите грешни и мислиме ако појдиме в црква, испостиме се ќе ни се прости... И пак дрдориме за другите... Кутри жени, се ќе напрајш за него, два животи и фазла му раѓаш и пак прпа и зборува за туѓи жени и девојки, девојчиња. А така, да му коментираат за жената негова, децата....?!
И ние шо се палиме на Теи Таировичи и слушаме Аци Лукаси сакаме здрави и исправни спортски сали со вециња, не сакаме дури сме на вц шоља да ни паѓа плафонот на глава, но сме свесни дека за тоа се криви тие шо ги пикаат парите од буџет во џеб и таму ги бараме кривците А за нормалниов настан (каков и да е тој )многу не ни имаа појма дека ќе се дешава се додека не се слушна за скандаливе и им дојде како кец на десетка да ја истурат својата негатива, не дека ги заболе за настанов нормален, туку тоа им доаѓа како дневна терапија, ко пензионерите шо се јавуваат секое сабајле на утринска
Бидејки не ме лоцира моментално на локацијата на Македонија, кога и да пребарам на интернет нешто преочигледно на македонски јазик, секогаш ама секогаш ми дава ирелевантни резултати на бугарски, руски, украински, српски, ама никако на македонски. Жално. Избришани сме одамна.
Еве еден тазе пример што се случува на роднина, со постари родители на кои им треба нега, и постојано е кај нив. Од друга страна деца и маж кој што на секаков можен начин и го загорчува животот, да не навлагам во детали. Ама нејзините родители наместо да ја поддржат да си замине, ја убедуваат дека мора да трпи заради бракот. Читај да не пукнат муабети.
Ваквите треба да ги решаваш по брза постапка. -Мамо, тато, мажот ме малтретира мене и децата, сакам да се вратам. - Не може, маж ти е, трпи си. -Чао, за мене не постоите више. И толку. Забораваш име, лик и све.
Дудук ебати дудуко жена,каде крива па уште луте се не признава да рече извини грешив не ме бидува за таа работа.Она силна дури она у право била..оди таму у Бардовци,Негорци ебати побрканата ебати чибу
Нема врска локацијата. Јас во Македонија на чат гтб од 10 пишувања едно дали на македонски ми го враќа и многу ме нервира истово... Баш се осекам ,,избришано"
Понекад се осеќам као лудак у празна соба со дива неограничена имагинација. Као ништо вистински да не постои.
Денешна победа ми е: низ град низ гужви застанав со 4 жмигавци за набрзина да земам нешто. Многу мразам градски гужви и исто толку застанување кај годе, јас сум тип "паркирај се подалеку ако не е удобно во близина и оди пешки", но некогаш едноставно мораш и во брзање си. Плус анксиозност на возач почетник за нешта кои не си ги правел со возилото. Но се преживеа, congrats to myself.
Никогаш повеќе луѓето не биле опседнати со здрава храна, фитнеси, трчање и сл. а истовремено никогаш повеќе немало повеќе дебели мажи, жени а богами и деца. Во седумдесетите речиси и да не постоеле теретани, исхрана по програма изработена од нутриционисти а дебел човек да видиш било реткост...
Ок, и свекрвата на тетка ми беше дебела. Една на сто илјади. Друго е муабетот. Јас пак мислам, ние во Европа супер сме, Американците го јадат експерименталниот стап. Шеќер во кечап, шеќер во леб, уште во сол што немам видено шеќер
Јас мислам дека вмешувањето прсти на "надлежните" во креирањето и промовирањето на пирамидата на исхрана (на која патем, лебот и производите од бело, процесирано брашно се на прво место како основа на "здрава" исхрана) има голема улога во сето тоа. А шеќерот како јаготка на шлагот...
Чим ми текна на баба ми, значи имало и некои шо не ги знам... така да не држи вода муабетот па ни струја.
Уште од мажи требаше да слушнам дека жената била за да ги воспитува децата изгледа машка работа е само да си присутен во животов онакаа
Настрана пирамидата. Нашите предци традиционално јаделе бело- шо се вика леб. Јер тоа имало во изобилство. И сирење и јајца и што ќе роди бавчата. Понекогаш месо. Шеќер, за шеќерче- шо ги викаше баба ми, за децата за Велигден. Сега масовно јадеме процесирана храна и си седиме на газот. И тоа е.