Еден многу тажен факт е дека голем дел од оние што ги читаме со коментари "сана си го барала" дома имаат ќерки. Ајде на нас не ни се ништо, ајде ќе речам неговите зборови не ме погодуваат. Ама истото го мисли и за родената ќерка. И сфаќаш дека уште една причина што жртви на сексуално насилство не пријавуваат е што се понижувани од сопствената фамилија. И сите да се против тебе, ако твоите најблиски се на твоја страна, ќе имаш храброст да се бориш. Ама не се. И така еве не знам, ќе ја створиш, ќе ја растеш, пред очи твои ќе порасне од три кила бебе во човек и кога утре некој лудак ќе ја пипне, ти место да идеш него да му го извадиш гркланот, ѝ се нафрлаш неа оти вака била облечена, провоцирала, курва била. На ќерка....На тоа девојче, жена што ти си ја израснал. Како имаат срце, не можам во глава да ставам никако. И затоа не ми е срам да кажам оти вакви кога ќе остарат, заслужуваат жедни да молат за чаша вода.
Исто и оние со жени и деца шо коментираат...безобразно, дрско и манијачно... И тоа неговиот профил, среден, скоцкан, мислиш некоја холивудска ѕвезда е.... Па и уште ќе видам како се праат верници, па идат по цркви, се крстат, па одат и по манастири, први до попот за секој празник. Еееее колку сме сите грешни и мислиме ако појдиме в црква, испостиме се ќе ни се прости... И пак дрдориме за другите... Кутри жени, се ќе напрајш за него, два животи и фазла му раѓаш и пак прпа и зборува за туѓи жени и девојки, девојчиња. А така, да му коментираат за жената негова, децата....?!
И ние шо се палиме на Теи Таировичи и слушаме Аци Лукаси сакаме здрави и исправни спортски сали со вециња, не сакаме дури сме на вц шоља да ни паѓа плафонот на глава, но сме свесни дека за тоа се криви тие шо ги пикаат парите од буџет во џеб и таму ги бараме кривците А за нормалниов настан (каков и да е тој )многу не ни имаа појма дека ќе се дешава се додека не се слушна за скандаливе и им дојде како кец на десетка да ја истурат својата негатива, не дека ги заболе за настанов нормален, туку тоа им доаѓа како дневна терапија, ко пензионерите шо се јавуваат секое сабајле на утринска
Бидејки не ме лоцира моментално на локацијата на Македонија, кога и да пребарам на интернет нешто преочигледно на македонски јазик, секогаш ама секогаш ми дава ирелевантни резултати на бугарски, руски, украински, српски, ама никако на македонски. Жално. Избришани сме одамна.