Генерациите што растеле со ваквите серии секогаш ке се сеќаваат на нив. Тоа имало тоа се гледало на времето. Ама убави времиња. Поубави беа тие серии од денешниве турски.
Ноќен живот во Скопје кај немаше, сега ептен исчезна од постоење. Освен низ Европа ( пошо не можам секој викенд да одам ) има некој клуб у државава што работи или нешо слично ?
ОнлиФенс проститутка ( да не речам курва ) што се продава за пет пари рекламира светски познат бренд за шминка. Поточно Urban Decay, сопственост на Лореал. Браво, сите треба да се угледаме на неа, одобено млади девојки и девојчиња. До кај сме со астероидот, пророштвото на Маите, Апокалипсата...
Преку социјалните мрежи се идеализираат многу предмети, околности, ситуации итн. Некои работи се очигледно идеализирани, уште од старт знаеш дека нема врска тоа што се прикажува и реалност. Меѓутоа некои и не се толку... Пример, оние видеа што го идеализираат летниот одмор, плажа, море, цикади зујат во позадина, ресторан на кеј итн. Во суштина, на одмор надвор пекол жешко, на плажа песокот усвитен, не се седи под чадор, па ни во вода.. На памет не ми паѓа да пијам пиво, а камоли коктел. Од плажа, препотен, брзаш да се тушираш, насекаде песок и сол, слаб притисок на водата, изморен/отепан од сонцето. Па брзаш за прошетка низ градот, гужва, спарно е, се потиш, гладен си ... Не знам дали е само до мене, дали стареам, па некако се ме нервира...?
Несигурно се чувствувам во свет без мито и корупција. Ко, нема појак hype од тоа да аплицираш на факс/работа/курс и бидеш одбиен зошто ќерката на Таска Балабанова за десет илјади еура била ,,поквалификувана" од тебе. Не би се осетила вредно ако успеам без мито, како да ви објаснам? Вака ми е преубаво, во свет во кој треба душата да се продаде за трошки. Кој не би сакал еден ваков цветно - цревен систем? Корупцијата прави да се чувствувам живо и свое значи, ми е страв набрзо да не ја снема, доаѓаат избори сепак...
Исто, понекогаш како да сум под притисок на одмор се да видам, секаде да прошетам, и се на трчање како да ми е. Е последниве две години излагаме преку еден ден навечер, и така ја бива за да се одмориш.
Треба да сфатите дека ако сакате да имате другарки, во најголем дел не треба да ги замарате стално со вашите проблеми и како Вас не Ви е добро , на кој се му е совршено ? Значи Бог да чува од другарки кои Не знаат да се пошалат или им кажеш нешто и одма па ..не ми е добро не ми е ова не ми е она ко пензионерки некои , е па извини ама ако само се жалиш и секој ден не ти е добро и нема да ти биде ,јас сфаќам човек тешко период ама па кажи нешто позитивно се затрупале во негативности , колку и да е сурово ама не ги трујте наоколу луѓето со Вашата негативна енергија.
Го гуглав сега Кристобал, полицаецот, кој ми даде погрешна перцепција за мажи во униформа. Spoiler Кристобал: Полицаец во мкд, вработен после успешно направени 2 склека: Деновиве го правев баш муабетов за теленовелас, излегувавме на маало во 19:00, Перла на А1 откако ќе завршеше.
Многу знаат што се пее у песната. Важно ритамот им е за џускање. Криминал, оружје, насилство ама приказната беше несекојдневна за тоа време. Затоа тие што сме растеле со неа уште ја памтиме.
Ако се стварно во тешка ситуација треба да ги разбериш, особено ако си имаат дијагноза, како на пример анксиозност, депресија. Можеш да им предложиш да идат на психотерапевт. Можи не им е денот, можи не му е до шала. И пред се, за каква шала се работи. Ама ако секој пат така, не се за тебе..
Мажи кои сакаат исклучиво були, мастиф, стафорд, доберман и слични раси на кучиња и не би чувале ниедно друго се токсични агресивни створења со ниска самодоверба и комплекси и потреба постојано да се докажуваат пред другите колку се мажи. Немаат тие љубов кон куче, миленик, животно како пријател туку тоа куче им служи за да изгледаат доминантно и машки оти немаат други квалитети. Или пак имаат ама ко што реков, пусти комплекси некој да помисли дека се они недоволно остварени. Впрочем тоа е и еден од факторите што придонесува питбулите да се инволвирани во над пола од нападите од кучиња, иако и самата раса била создавана низ историјата за таа намена. И затоа стојам подалеку од вакви.
Не си ги прајте децата со сила принцези, коа гледате дека сакаат да бидат хероини од некои анимирани филмови и обратно. Зошто бе си ги силиме децата уште од мали?