Генерациите што растеле со ваквите серии секогаш ке се сеќаваат на нив. Тоа имало тоа се гледало на времето. Ама убави времиња. Поубави беа тие серии од денешниве турски.
Ноќен живот во Скопје кај немаше, сега ептен исчезна од постоење. Освен низ Европа ( пошо не можам секој викенд да одам ) има некој клуб у државава што работи или нешо слично ?
ОнлиФенс проститутка ( да не речам курва ) што се продава за пет пари рекламира светски познат бренд за шминка. Поточно Urban Decay, сопственост на Лореал. Браво, сите треба да се угледаме на неа, одобено млади девојки и девојчиња. До кај сме со астероидот, пророштвото на Маите, Апокалипсата...
Преку социјалните мрежи се идеализираат многу предмети, околности, ситуации итн. Некои работи се очигледно идеализирани, уште од старт знаеш дека нема врска тоа што се прикажува и реалност. Меѓутоа некои и не се толку... Пример, оние видеа што го идеализираат летниот одмор, плажа, море, цикади зујат во позадина, ресторан на кеј итн. Во суштина, на одмор надвор пекол жешко, на плажа песокот усвитен, не се седи под чадор, па ни во вода.. На памет не ми паѓа да пијам пиво, а камоли коктел. Од плажа, препотен, брзаш да се тушираш, насекаде песок и сол, слаб притисок на водата, изморен/отепан од сонцето. Па брзаш за прошетка низ градот, гужва, спарно е, се потиш, гладен си ... Не знам дали е само до мене, дали стареам, па некако се ме нервира...?
Несигурно се чувствувам во свет без мито и корупција. Ко, нема појак hype од тоа да аплицираш на факс/работа/курс и бидеш одбиен зошто ќерката на Таска Балабанова за десет илјади еура била ,,поквалификувана" од тебе. Не би се осетила вредно ако успеам без мито, како да ви објаснам? Вака ми е преубаво, во свет во кој треба душата да се продаде за трошки. Кој не би сакал еден ваков цветно - цревен систем? Корупцијата прави да се чувствувам живо и свое значи, ми е страв набрзо да не ја снема, доаѓаат избори сепак...
Исто, понекогаш како да сум под притисок на одмор се да видам, секаде да прошетам, и се на трчање како да ми е. Е последниве две години излагаме преку еден ден навечер, и така ја бива за да се одмориш.