Јас додека живеев сама две години имав цела кеса лекови во фрижидер, и мн пазев да не настинам, затоа што знаев дека нема кој да дојде да биде со мене ако се разболам.. Фала богу, во две години дали два пати имав настинато, и тоа полесна настинка.. Уште имам навика од времето кога живеев сама да си носам со мене на одмор и на патувања лекови, значи од Синопен, Лоратадин, Далерон, Пробиотик, Активен Јаглен, електролитски раствор, прашак за пролив, аналгин, Кафетин, и сега еднаш месечно проверувам да не нешто ми фали, иако се чувам и мн ретко користам лекови..
Не,дефинитивно не прифаќаш друго мислење освен тоа што сакаш да го чуеш и тоа шо ти чини. Многу грешиш,опседната си со себе. Види,секој за себе мисли оти е над света,ама во реалниот живот малце подруго се подредени работите. Не сите имаат време да размислуваат што би било кога би било. Од мравка правиш слониште. Слониште. Карактерот на другите зависи од твоето понашање. Ја да сум на твое место би се запрашала кај грешам,ама ти од 101 скоро па исто мислење,одбираш оти ние сме за на психолог оти не ти кажавме тоа што сакаш да го слушнеш. Жалам,живтот е суров. Секој си знае каква тежина носи..
Нели погоре признав е до мене?! И потврдив дека си одам на психолог, за разлика од мн други, не од вас, што пишавте. Иначе ова ми се деси на работа и се напив тајлол хот ама џабе ко имав огромни болки во телото. @нина122 никој не рече дека немам цела аптека дома. Ехеее све и свашта имам. Еве пак ќе кажам НЕ Е ДО ДРУГИТЕ, ДО МЕНЕ Е! ЈАС НЕ ЧИНАМ!
Престани да ја земаш улогата на жртва ако сакаш да се чувствуваш подобро. Многу ама многу си во улога на жртва, а не си ни свесна. Работи на ова. Работи на тоа дека ти не си жртва во твојот живот, дека другите не се токсични ако ти кажат не за нешто, престани само да се жалиш и фокусирај се на работите што ги имаш. Е така ќе видиш дека ќе се чувствуваш подобро.
Јас не можам да разберам како вакви ставови се расфрлаат по форумов - како овој. Ако немаш нешто паметно да кажеш - подобро не кажувај. Експерти сте сега сите за психологија и психотерапија и сите знаете дали некој си помага сам или не си помага. Можеби некој овој простор му е единственото место каде може да се искаже. Можеби не мора на сѐ да се надоврзите. Со некои коментари кои ги фрлате туку така од рака кај некој може да причините голема штета. Пазете како коментирате! За GirlLove повеќе пати ја читам и гледам дека личноста има некои проблеми кои и посакувам што поскоро да ги реши и да биде подобро и да ја читаме со позитивни искуства. Точно е дека општеството е станато сѐ полошо од пријател до роднина итн и дека не можеш да се ослониш врз никого веќе..но, секој треба да биде подобра личност. Онаму каде што можеш да помогнеш- помогни. Ако не можеш - здрави и живи. Не е изговор дека сме во брзање дека сме под стрес. И што е тоа “а ти дали ја праша како си?” Вие сите одма знаете каква е нивната релација од три пасуси напишани… Ви се молам…
Ве молам, да ја завршиме дискусијата. Јас си работам на себе и се грижам за себе. Сите сме различен карактер и се обидувам да се подобрувам, ма да имам и свои киксови и недостатоци. Секое добро, секому тука.
Се јадам здраво, малку јадам, немам стомак, вежбам секој ден, не пијам воопшто алкохол, спијам добро и редовно, не пијам многу кафе, не знам дроги и немам некој стрес посериозен…само од пушење никако неможам да се откажам.
Зошто да не се рафрла овој став кога е жива вистина, патем кажана и од стручни лица? Никој и ништо не помага доколку нема волја за промена кај лицето. Некои членки кои ѝ имаат коментирано на членката во разни теми и имаат завршено психологија, така што се стручни лица. Останатите сме такви кои имаме анксиозност и панични напади како цитираната членка, но за разлика од неа имаме сфатено две нешта: 1. Анксиозноста и паничните напади нè погодуваат, но не нè поседуваат и не можат да ни бидат изговор за сè. Не сме деца повеќе. Не можеме да очекуваме секој да трча по нас. Како возрасни мора да знаеме како сами да се снаоѓаме за многу работи. 2. Секој толерира негативност до одреден степен, но не секој има иста граница на толеранција. Негативноста влијае лошо на луѓето. Им ја црпи енергијата. Ако премногу ги полниме другите со негативност, ќе ги изгубиме и ќе останеме сами.
Не е сè до психолог, и психијатар и лекарства, има премногу и во карактер, его и менталитет. Кога духовно си затворен, џабе е сè, само лошо ќе привлекуваш. Човек со отворен ум и добро срце нема ни да помисли како ќе му сврти грб на другиот кога лошо ќе го дочека за да му се одмазди, туку едноставно ќе продолжи понатаму во животот без да помисли на тој другиот во било каква смисла. Лоша енергија влече лоши нешта.
@GirlLove ако немаш други симптоми најверојатно се работи за вирусно заболување. Ќе си земеш шише вода до тебе и ибупрофен да пиеш на 6-8 саати. За јадење ако немаш сила да направиш ќе си нарачаш достава. Вирусните заболувања си бараат одмарање, течности и време за да се избори имунитетот.Е ако температурата оди над 40 тогаш ќе одиш кај матичен или брза помош. Освен да ти донесе нешто за јадење или лекови другарка ти јас стварно не знам што би можела повеќе да направи. Ја праша каде да одиш. Со вакви симптоми се оди на матичен и тоа ако 2 дена немаш подобрување од лековите или имаш многу висока температура ама тоа и сама го знаеш нема потреба некој да ти каже.
Арно тебе такси ти предложила да си викнеш шо е сосема ок, вака да не се мачиш пешки да одеш така настината, сепак добро ти мислела другарка ти, сигурно и таа имала некои свои тежини поради кои не била во можност да те дружи. Јас така еднаш на еден другар му викам настинат сум, кашлам со температура 37 со 5 и добив одговор аахх готов си ќе умриш, на тоа само му реков фала ама ќе жалите шо ќе останите без една ваква добра особа и завршивме разговор, готово, крај, за после кога оздравив одма направивме седенка на пиво вкафич, фудбал гледавме и заборајвме тој на желбите а јас на настинот, ко да не се ни десиле ебаго.
А зошто толку се нервирате за пријатели? Ако едни не ти одговараат ќе си најдеш други. Семејството и роднините не може да ги бираме ама пријателите сами си ги бираме.