Јас додека живеев сама две години имав цела кеса лекови во фрижидер, и мн пазев да не настинам, затоа што знаев дека нема кој да дојде да биде со мене ако се разболам.. Фала богу, во две години дали два пати имав настинато, и тоа полесна настинка.. Уште имам навика од времето кога живеев сама да си носам со мене на одмор и на патувања лекови, значи од Синопен, Лоратадин, Далерон, Пробиотик, Активен Јаглен, електролитски раствор, прашак за пролив, аналгин, Кафетин, и сега еднаш месечно проверувам да не нешто ми фали, иако се чувам и мн ретко користам лекови..
Не,дефинитивно не прифаќаш друго мислење освен тоа што сакаш да го чуеш и тоа шо ти чини. Многу грешиш,опседната си со себе. Види,секој за себе мисли оти е над света,ама во реалниот живот малце подруго се подредени работите. Не сите имаат време да размислуваат што би било кога би било. Од мравка правиш слониште. Слониште. Карактерот на другите зависи од твоето понашање. Ја да сум на твое место би се запрашала кај грешам,ама ти од 101 скоро па исто мислење,одбираш оти ние сме за на психолог оти не ти кажавме тоа што сакаш да го слушнеш. Жалам,живтот е суров. Секој си знае каква тежина носи..
Нели погоре признав е до мене?! И потврдив дека си одам на психолог, за разлика од мн други, не од вас, што пишавте. Иначе ова ми се деси на работа и се напив тајлол хот ама џабе ко имав огромни болки во телото. @нина122 никој не рече дека немам цела аптека дома. Ехеее све и свашта имам. Еве пак ќе кажам НЕ Е ДО ДРУГИТЕ, ДО МЕНЕ Е! ЈАС НЕ ЧИНАМ!
Престани да ја земаш улогата на жртва ако сакаш да се чувствуваш подобро. Многу ама многу си во улога на жртва, а не си ни свесна. Работи на ова. Работи на тоа дека ти не си жртва во твојот живот, дека другите не се токсични ако ти кажат не за нешто, престани само да се жалиш и фокусирај се на работите што ги имаш. Е така ќе видиш дека ќе се чувствуваш подобро.