Не се дава Братот толку лесно Се надевам Рака на срце пивото кригла од него беше, ова ти е инфузија ми вика, колку поќе пиеш толку поќе ти олеснува , а и стварно така беше ко бегавме ко да летав се осеќав
Очигледно немаш почувствувано вистина што е анксиозност и затоа вакви плитки размислувања имаш. А и нашите како што викаш сертифицирани психолози низ државава пола се недоволно едуцирани и неквалификувани го кажувам тоа од искуство (со чест на исклучоци). За да се биде психолог и психотерапевт е многу повеќе од еден сертификат или диплома од факултет. Вакви коментари како твојот се многу понегативни отколку некој кога ќе сподели свој проблем. Поздрав и секое добро!
Ниту анксиозност, панични напади, ма све што е поврзано едно со друго не му дава право на човек да пуни други луѓе со негативност ,дали воопшто знаеш и имаш осетено како е да си еден ден барем опкружен со негативни мисли и како ништо не ти чини ? Ај жити се, што оправдуваш. Па, нема психолози кај нас ,затоа сме до тука стигнати ,само се чека да помине раб време ,плата да се земе и чао ,затоа сам на себе ќе се трудиш да помогнеш а не цело време ,друг крив .
Не реков дека нешто оправдувам - од каде тоа? Само одредени личности тука се понашаат ко нивен да е форумов ко дома да му сме па сеа тука сѐ ќе биди rainbows and unicorns и да не сме им правеле негативно. Затоа е форум и затоа е Сакам да кажам темава.. Ако беше да не споделваме одредени работи - нека се наведи како правило. Друга работа ако некој ви прај негативно има една опција Игнорирај - го кликаш тоа и веќе не читаш нигде од таа личност ништо - и денот одма ќе ти е поубав ако веќе до толку нечие мислење те додирнува. Ама не е то - уживате да се прајте подобар од некој друг ви го крева то егото.
Треба да се нормализира емпатијата и разбирањето а не индиферентноста и тоа како лесно да се прифати и да не ти е грижа што те испалиле ладно. Поимот другар/ка изгуби значење.
Како е негативно да кажиш дека ако не сакаш сам/а да си помогниш, нема никој друг да можи да ти помогни? Па реално е тоа, ако сама не сакаш да извлечиш од тој луп никој не можи да те извлечи. Си пробала на некој сосила да му помогниш и тоа да ти успеало? Бидејќи been there done that и ми се одби од глава сѐ. Емпатија да, треба секој да има, но нечиј месија никој не е должен да биди. Се согласувам дека многу психолози кај нас не работат како што треба (и ко сум видела кој сѐ учел/завршил за психолог стварно страв ме фаќа), а цените в плафон, но и најдобриот психолог на светот нема магија да ти направи и да ти го подобри животот автоматски, само те поддржува и ти дава насоки додека ти сама ја правиш целата работа. *Ова општо зборувам, не за членката од која почна дискусијата.
А како мислиш дека помага психотерапевт? Со магија, со копче? Ете според тебе не ги бивало, и што да правиме?
Не сум сигурна дали сум спремна за новото животно поглавје кое ми следува.. Најверојатно сум, а тоа што го чувствувам не е страв, него возбуда..
Girl. Имам intrusive thoughts од првите најрани мемории кои ги имам, мисли кои уште ми е страв и срам да ги кажам; толку gut wrenching anxiety шо имам телесни последици години после то (а млада сум, од основно имам физички проблеми ради анксиозност), кога имам високо стресен период страшно ритуализирам за да можам да се смирам шо буквално ми влијај на секојдневието и квалитетот на живот. Се квалификувам како некоја која има осетено вистинска анксиозност? Пошто сакам вака брзо да се согласам со членките. Лол. Глеј сите сме возрасни. Проблемите со ментално здравје значително ни го отежнуваат животот. Ама промената секогаш мора да иди од нас. Оти ако мене ми е комотно во мојата мизерија, нема (никогаш) да прифатам ништо шо ќе пробат да сменат во мене стручните лица. Ако јас сакам барем малку промена во одреден правец - ќе имам подобра прогноза. И само сакам да кажам дека ова е реплика до тебе ThrinaMist, неповрзано со оргиналната причина поради која дојде до дискусијава. GirlLove кажа дека сака да заврши дискусијата и нема смисла да продолжи(ме) да ја цитираме.
Ја не знам во која тема да се надоврзам-слободно префрлете ме. Немате идентификувано тригер на таа состојба, иницијален тригер во рано детство, кога веќе памтиш дека од детство го имаш? Чисто академска дискусија.
Да, треба да се нормализира емпатијата, ама не и улогата на жртва, а уште помалце и да се очекува дека другите ќе учествуваат во таа улога на жртва. Не секој се гледа себе така.
Не можеш да очекуваш емпатија, а да немаш разбирање дека и другите имаат свој живот со свои проблеми. Ако во секоја ситуација во животот очекуваш дека сите луѓе кои ги сметаш за блиски треба да те центрираат тебе и само тебе, а во спротивно ги сметаш за ѓаволи кои се оттуѓени, неемпатични итн. - тоа е чиста нарцисоидност.
Нема врска тука анксиозноста,карактерот има. Постојано да анализираш што кој како ти рекол,како те погледнал,и што би можел да каже,е ван нормални граници. Или многу слободно време Или центар света али не иде. Се надевам дека членката нема повеќе од 20 години
Па функционална сум Билјарке оти многу работи дур растев ги разработвав. Х работа е тригер и работам на неа. У работа е тригер - работам и на неа. Искрено тие први мемории кои ги спомнав - не знам од кај идат. Едноставно не памтам наназад, и немам најдено некој шо би работел со мене и на та тема. А, љубопитна сум. И мене ме интересира. Ама со (многу) работа, еве години покасно, сум функционална, искрено не многу анксиозна (периодов сум, ама славам "годишнина" од лоша дијагноза и е природно на такви "годишнини" да осетиш нешто). Цел круг на то шо реков погоре, мора да сакаш промена за да има промена. Ако јас неќев и останев во та "ментална дупка" во која бев, никогаш немаше да излезам.
Како се справувате со блиска личност што цело време ви кука како не му е погодено, а истовремено не слуша ниту еден совет?
Во право е членката. Знаеш кога идеш на психолог/психотерапевт, знаеш што ти вели прво? Ти треба да соработуваш и да се трудиш, ТИ. И во право се. Имам кажано дека тука кадешто живеам во странство сум идела на КБТ и ми дава домашни задачи кои требаше да ги направам. Значи јас активно да се вклучам во процесот на надминување на потешкотиите. Не очекував само со разговор кај психолог сами да се надминат проблемите.