Не се дава Братот толку лесно Се надевам Рака на срце пивото кригла од него беше, ова ти е инфузија ми вика, колку поќе пиеш толку поќе ти олеснува , а и стварно така беше ко бегавме ко да летав се осеќав
Очигледно немаш почувствувано вистина што е анксиозност и затоа вакви плитки размислувања имаш. А и нашите како што викаш сертифицирани психолози низ државава пола се недоволно едуцирани и неквалификувани го кажувам тоа од искуство (со чест на исклучоци). За да се биде психолог и психотерапевт е многу повеќе од еден сертификат или диплома од факултет. Вакви коментари како твојот се многу понегативни отколку некој кога ќе сподели свој проблем. Поздрав и секое добро!
Ниту анксиозност, панични напади, ма све што е поврзано едно со друго не му дава право на човек да пуни други луѓе со негативност ,дали воопшто знаеш и имаш осетено како е да си еден ден барем опкружен со негативни мисли и како ништо не ти чини ? Ај жити се, што оправдуваш. Па, нема психолози кај нас ,затоа сме до тука стигнати ,само се чека да помине раб време ,плата да се земе и чао ,затоа сам на себе ќе се трудиш да помогнеш а не цело време ,друг крив .
Не реков дека нешто оправдувам - од каде тоа? Само одредени личности тука се понашаат ко нивен да е форумов ко дома да му сме па сеа тука сѐ ќе биди rainbows and unicorns и да не сме им правеле негативно. Затоа е форум и затоа е Сакам да кажам темава.. Ако беше да не споделваме одредени работи - нека се наведи како правило. Друга работа ако некој ви прај негативно има една опција Игнорирај - го кликаш тоа и веќе не читаш нигде од таа личност ништо - и денот одма ќе ти е поубав ако веќе до толку нечие мислење те додирнува. Ама не е то - уживате да се прајте подобар од некој друг ви го крева то егото.
Треба да се нормализира емпатијата и разбирањето а не индиферентноста и тоа како лесно да се прифати и да не ти е грижа што те испалиле ладно. Поимот другар/ка изгуби значење.
Како е негативно да кажиш дека ако не сакаш сам/а да си помогниш, нема никој друг да можи да ти помогни? Па реално е тоа, ако сама не сакаш да извлечиш од тој луп никој не можи да те извлечи. Си пробала на некој сосила да му помогниш и тоа да ти успеало? Бидејќи been there done that и ми се одби од глава сѐ. Емпатија да, треба секој да има, но нечиј месија никој не е должен да биди. Се согласувам дека многу психолози кај нас не работат како што треба (и ко сум видела кој сѐ учел/завршил за психолог стварно страв ме фаќа), а цените в плафон, но и најдобриот психолог на светот нема магија да ти направи и да ти го подобри животот автоматски, само те поддржува и ти дава насоки додека ти сама ја правиш целата работа. *Ова општо зборувам, не за членката од која почна дискусијата.