Да, често кажува точни информации, но има можност за грешка, на самиот чет го пишува тоа дека можи да згреши. Испаѓа дека сепак ние сме одговорни колку, што и како споделуваме, и во што ќе веруваме а што ќе препровериме. Лично јас за разговори го користам најмногу, на пример често мозоков ќе ми заглави на некоја тема и знам да си направам муабет со него, или некаква консултација како за скинкер рутина, брзо прашање или едноставно кога сакам да се рефлектирам општо. Последно правевме муабет за книгата која ја читам моментално, анализираме заедно, прашања ми поставува/поставувам итн. Истовремено можи да е и добра и лоша алатка, но тоа сепак најмногу паѓа на одговорност на оној кој го користи.
Дали негде пишува дали родителите приметиле дека нешто им се случува со детето? Или само интерентот е крив, ми нисмо одавде? Знам дека не секогаш се приметуваат вакви работи и од најблиски ама не може цееела вина да префрлиме на AI.
Гледам кај Роберто Навали стори со огромна колона возила во Крива Паланка, гужва за концерт, првично си реков Спасена да не прај таму вечерва а народот патриотско еуфорично да не тргнал да му даде поддршка за неговиот пркос, но не тоа да ти иделе за Цеца, таа имала концерт
Не цела вина, ама ако тоа што излезе во јавност е вистина, тогаш дефинитивно треба да се поработи на безбедносните регулативи. Компанијата веќе си призна дека при долги сесии безбедносните системи попуштаат и најавија сериозни промени за вакви случаи. Мислам, случајов е се уште во тек, па ќе видиме што ќе биде.
Биди поупорна, смарај на 1000. Мене ми има речено да не драмам, ќе му добиел срцев удар системот. Значииии
Не 3 грешка си 2 дена пишувам. Фан сум на неговите хитови и едвај чекам да направи солистички концерт
Сѐ тоа во ред ама не дека е реткост родители да игнорираат знаци на депресија кај детето или било какво променето однесување оти се лигавел, фаза му е или едноставно не знаат да пристапат, или испод части им е стручно лице да му помогне и кога нешто вакво ќе бидне сите криви освен они. Затоа двете страни да се проверат. Тука како било не знам, ама ете, чудно ми беше што во статијата немаше ништо наведено околу ова
Точно е тоа и ти ја контам поентата. Потребни се насоки, едукација, менаџмент за вакви ситуации. Има и други вакви случаи каде семејството не може/не знае да процени што се случува. Ова е реален проблем и дефинитивно треба да се работи на ова. Пошо внатрешната средина е клучна за превенција на вакви случаи, али на жалост не секогаш доволна. Меѓутоа насоките почнуваат од таму. За конкретниов случај, постојат транскрипти од сесии кои покажуваат дека џпт не реагирал превентивно, туку давал охрабрување. Што е сериозен проблем, во време кога оваа технологија се повеќе се користи од млади и ранливи луѓе кои бараат поддршка и утеха. Што го отвара повторно првото прашање за родителите. Али сепак, ваква технологија треба да подлежи на строги безбедносни системи, пошо не смеат да се случуваат вакви технолошки пропусти. Во случајов, за родителите е доцна, меѓутоа џпт може да подлежи на нови регулативи. Претпоставувам дека судот ќе ги разгледа двете страни.
@Lianna Anna @Munchmallow20 Во контекст а случајот што го дискутирате: "Adam also uploaded photographs of himself to ChatGPT showing signs of self harm". На повеќето родители изгледа најлесно им е само да се обвини Интернетот и технологијата
Дека AI треба да се оправи, треба. Само случкава и слични отвора други врати понастрана од AI. Проблемов не се појави со AI. И пред интернетов е. Оти види ако не е AI, ќе биде секако интернетот. Ако не интерентот, врсниците. На таа возраст peer pressure е огромен во друштво, сама знам како ми било. Познавам млади што ако нешто им се случи лошо од типот не знам, некој ги ограби или имаат несреќа каде се повредени ќе им е страв да кажат дома оти "ќе ме убијат ако дознаат моите". Значи пази збориме за немили настани врз кои немаш контрола и не се осеќаат слободни да кажат дома, и тоа нешто за кое не се криви самите. А тек вакво нешто особено со позаоснатати родители. Проблемот со депресија и девијантно однесување кај тинејџери не е од вчера, и претходно беа ете тикток предизвици, пред тикток другарите, за следната генерација друг ќе биде крив и така со години ќе тераме. Деца ќе губиме ради интернет и AI, ама други фактори нема да менуваме. Не само односот на родителите. Туку целокупниот менталитет да се смени, на цела една генерација, и следните, и тие по неа, ако сакаме децата да не слушаат интернет и роботи туку живи луѓе околу нив.
Апсолутно, пошо ова е системски. И не треба да станува збор за обвинување на тинејџерите или родителите, туку за заштита и превенција на вакви трагедии. Што значи, отворена комуникација дома, поддршка од училиштето и стручни лица, образование за ментално здравје и насоки за справување со стрес и емоционални кризи. Али затоа е многу важно детално да се разгледа конкретна ситуација. Ова е чист пример, каде технологијата мора да има мерки за безбедност, особено кога корисниците се ранливи. Кога се останато подвалило, ова било капачката на трагедијата. Ако добиел поддршка, за што всушност и е трениран џпт (сега), случајот можеби ќе завршел поинаку. Проблемот е во тоа, како да се подобри околината, али и самата технологија. Која во ова време, никако не смее да биде исклучена.
Се скара со градоначалникот на Кавадарци,оти за фештата што ја имаат секоја година "тиквешки гроздобер" ќе пеат само српски пеачи... Марија Шерифович Теодора Џехва и не знам уште кој видов.
Зошто мора речиси секоја дискусија на форумов да биди избришана? Оставете малку луѓето да се опуштат, да се насмеат и нашалат, не се врти се околу мајките и децата.
Мм какви женско машки пријателства се во друштвото алал да им е. Они се фамилија буквално. Пред некое време го гледам уплакан пред спирње а касно беше, викам што се случи… вика хх имала спонтан. И ошто колку многу си помагаат меѓу себе другари и другарки. Алал да им е