Искрено и јас сум од тој тип.Не можам да функционирам без музика.Во канцеларија имаме радио па кога ќе влезам прво него го пуштам.А ако немам работа таму,одам во погон,ја пуштам омилената музика,ја ставам едната слушалка(за да не сметам на другите а во исто време да следам што се случува околу мене) и работам.И времето од 8 часа побрзо ми минува.
И пак ми останува тезата дека, човек колку и да го прошета светот, уште му останува она балканското. Колешка моја, кажуваше каде се не прошетала низ светот. Лече како мене ми се запна зошто сум се преместила во таа, нивна канцеларија и кога ќе сум преместувала во мојата. Шо те интересира тебе, бре? Ама буквално сум во ок однос со неа, и никогаш ама баш не ме интересирало зошто пример седи до прозор, а не каде што седеше претходно?! Ах бе, ништо не не спасува од простотилак. Just mind your business, man.
Ова со шетањето е навистина заблуда дека колку повеќе прошетан толку ти се прошируваат видиците, колку само прошетани познавам кои се ограничени во размислувањето.
гирл, раскажи ни некоја позитивна случка од околината. Вака изгледа ко се да е негативно или само тоа да ти се зборува
Дечки, да ви кажам едно нешто и сакам искрено да ми одговорите. Имам еден другар веќе 2 години се дружиме, ама кога и да зборува било каков муабет со мене 99% од зборовите му се лаги и измислени приказни и пред неполна година си купив мотор и сега на работа каде што работи тој на колегите му се фали дека си купил мотор дека е негов и тој е сликан на него ама фактички е мој, а му се фали на колегите дека е негов ама еднаш в чаршија се сретнавме со еден негов колега и ми вели: „Другар ти мотор си купи?„ Му одговарам: „Од каде тој мотор, мојот е тој нема“ и вели: „На работа на сите му вели дека си купил мотор“ Се смеам и му велам на лажгото: „Море како ги лажеш така луѓето“? Не, не, ми вика, му реков дека е од еден другар. Боже Господе си велам: На туѓа среќа се радува детево! А инаку кога ќе му ја пуштат платата за помалку од 24 часа ја дава во казино, а јас не ни одам таму. Ме викаше, ама му одбивав секогаш! Што мислите, дечки?
Другар ти има проблем со зависност од коцкање, чисто заклучок од болдиранава информација. Обично со таков проблем лажењето оди рака под рака. Стануваат експерти за манипулација особено за да се дојде до пари за покривање на долговите од коцката и во обиди пред другите луѓе да се сочува некоја поубава слика за себе (како човек кој нема проблем со коцка, кој нема финансиски проблем, кој е способен и успешен итн). Муабетов е за во друга тема, може да се продолжи и во некоја друга тема...
Многу одбивно ми е ко че ми кажува некој постар односно фантазириа и глорифицира како било порано бо негово време и детство, а како е сега.. Мислам олабај секое време си има предности и маани.