Искрено и јас сум од тој тип.Не можам да функционирам без музика.Во канцеларија имаме радио па кога ќе влезам прво него го пуштам.А ако немам работа таму,одам во погон,ја пуштам омилената музика,ја ставам едната слушалка(за да не сметам на другите а во исто време да следам што се случува околу мене) и работам.И времето од 8 часа побрзо ми минува.
И пак ми останува тезата дека, човек колку и да го прошета светот, уште му останува она балканското. Колешка моја, кажуваше каде се не прошетала низ светот. Лече како мене ми се запна зошто сум се преместила во таа, нивна канцеларија и кога ќе сум преместувала во мојата. Шо те интересира тебе, бре? Ама буквално сум во ок однос со неа, и никогаш ама баш не ме интересирало зошто пример седи до прозор, а не каде што седеше претходно?! Ах бе, ништо не не спасува од простотилак. Just mind your business, man.
Ова со шетањето е навистина заблуда дека колку повеќе прошетан толку ти се прошируваат видиците, колку само прошетани познавам кои се ограничени во размислувањето.
гирл, раскажи ни некоја позитивна случка од околината. Вака изгледа ко се да е негативно или само тоа да ти се зборува