Горди нешто дека детево знае не знам до кој број да брои и буквите од азбуката ги знае сите демек на само 2 ипол години ? И зошто ,зошто тоа форсирање како да не ќе дојде ред да научи се во свое време сосема природно,ама како мораме да се споредуваме кој што знае и кое дете е најпаметно
Една од најголемите иронии во судирот на постари и помлади генерации или однос родител- дете е што кога овие ти делат лекции, треба да ги слушаш јер они се постари и знаат повеќе, јер искуството иде со годините, јер кога ќе дојдеш на нивни години ќе сфатиш ама... Све дур не ти се поебе психата по х години и тогаш ја вртат воденицата на нивна страна дека они толку знаеле, не знаеле за подобро, дека вие помладите треба да ја смирите топката, место да собирате гнев. Чеј сеа... знаеле повеќе, имале искуство или не знаеле? Повеќе знаат ама толку знаеле. Важи...
Како бе живееме за децата...?! Не живееме во за себе? Себична сум? Прееска бев на кафе со една другарка има веќе две деца едното и е година, другото прваче , работи од дома и вели тешко е и дома, ама мора да се живее и да се работи за децата... Да имаат од нас поубава иднина.. Да, во право е за последново. Ме плаши, ко ќе имам деца, треба да се забаталам и да живеам за децата?! Неќу да се живеам така.
СДК дека сакам да работам од дома! Ми е животна желба! Да не црнчам по 8ч за некој си друг секој ден! Се надевам ќе си го испунам ова ветување еден ден Да не се брзам да вежбам пред работа секој ден, туку да си вежбам на мене кога поише ми одговара, како и одмор после тренинг а не на работа 8ч! Уше пострашно трета смена место одмор на мускулот јас као утепана трета сум отишла. Не се трпи веќе! И втора смена цел ден бре! Нит сум прошетала некаде,нит имам време за да си купам нешто, да испазарам нешто НИШТО! Дали спиење,дали тренинг и готвење или работа од 8 ебани саати! Добар знак е што веќе работам на тоа и во најбрз можен рок да се спасам АМИН!