Горди нешто дека детево знае не знам до кој број да брои и буквите од азбуката ги знае сите демек на само 2 ипол години ? И зошто ,зошто тоа форсирање како да не ќе дојде ред да научи се во свое време сосема природно,ама како мораме да се споредуваме кој што знае и кое дете е најпаметно
Една од најголемите иронии во судирот на постари и помлади генерации или однос родител- дете е што кога овие ти делат лекции, треба да ги слушаш јер они се постари и знаат повеќе, јер искуството иде со годините, јер кога ќе дојдеш на нивни години ќе сфатиш ама... Све дур не ти се поебе психата по х години и тогаш ја вртат воденицата на нивна страна дека они толку знаеле, не знаеле за подобро, дека вие помладите треба да ја смирите топката, место да собирате гнев. Чеј сеа... знаеле повеќе, имале искуство или не знаеле? Повеќе знаат ама толку знаеле. Важи...
СДК дека сакам да работам од дома! Ми е животна желба! Да не црнчам по 8ч за некој си друг секој ден! Се надевам ќе си го испунам ова ветување еден ден Да не се брзам да вежбам пред работа секој ден, туку да си вежбам на мене кога поише ми одговара, како и одмор после тренинг а не на работа 8ч! Уше пострашно трета смена место одмор на мускулот јас као утепана трета сум отишла. Не се трпи веќе! И втора смена цел ден бре! Нит сум прошетала некаде,нит имам време за да си купам нешто, да испазарам нешто НИШТО! Дали спиење,дали тренинг и готвење или работа од 8 ебани саати! Добар знак е што веќе работам на тоа и во најбрз можен рок да се спасам АМИН!
Еднаш во воз во Норвешка ми приоѓа кондуктерот. Почнувам да ја ставам раката во џебот и ја држам картата. Чекам да ми ја побара. А тој ми вели: "Не можам да ги разберам патниците. Има празни седишта, а некои од нив стојат." Стоев и јас. Му велам: "Ќе се симнам за 3 станици. Затоа стојам". Се насмевна и си замина.
Јас лажам кога ќе ме прашат некое недолично прашање. По интересно ми е. Давај идеи што да им возвраќам на културен начин жити се. Пошто лажењето више не помага.
Какво прашање е ова? Ако те интересира -Не, сам свој газда си сум колку сакам и кога сакам за се сам си одлучуваш.
Има една тема на форумов кај шо може да се пишат мислења без други да го цитираат, се вика "Сакам да кажам... (без цитирања)", мирна глава за кревки души.
Па луѓето таму се тивки, мирни, скромни... Почитуваат закони, правила, културни се, внимаваат едни кон други. Сите се доживуваат себеси како еднакви со другите. Нема самопрогласени и самозамислени ѕвезди или некој да не почитува закон. Целиот систем функционира. Затоа јас и се изненадив што кондуктерот не ми побара карта. Јавниот простор е безбеден и функционален. Улици, тротоари, шопинг центри. супермаркети со селф-сервис каси... се функционира и има ред. Нема дерење, нема урлање, нема насилство, нема дивеење по улици... Шведска, Финска, Данска и Норвешка се најдобрите држави за девојки и жени и мајки. Секако се добри и за мажи.
И јас лажев, ми беше незгодно. Сега што ми дојде на ум - тоа. Зависи од прашањето и проблемот ама доста често кога започнува со ЗОШТО знам да одговорам за да прашаш и пак да не знаеш. Не пазам на култура со вакви амеби
Про тип за Хрватска, зборете на српски или хрватски, и ќе ви наплатат по обични цени, а не за туристи. Јес да мојот хрватски е скоро па савршен, али останатите вреди да пробате. Иначе, ми направија на едно место ладен нес у факинг блендер.
Си помислив вчера и денеска цел ден мислам.. во страв живеела којзнае колку време пријавувала, молела за помош и толку ли не се најде барем едне полицаец после сето ладнокрвно игнорирање дека би ја заштитил и малце да го заплаши копилето..