Овие настани во Скопје не чинат ни отприлика толку колку концертот на Дино Мерлин за кој дури и ограда од стадион урнаа. Ама избори се ближат и како овци ќе се гласа за тој што луѓето по „добро“ го памтат. А сите знаеме дека отсекогаш палело „леб и игри“. И ако сме веќе кај тоа да повеќе ќе ми одговараше таа пара во земјава да останеше па макар и кај пејач, отколку кај некој што не е од тука.
Па не знам за градоначалникот дали му треба да собира политички поени со пеачи од соседството. Секако има огромен број подржувачи
Цела држава се потегна на тој леб и игри настан. Нему не му треба можеби, ама на партијата да. Знаеш каков дефокус е од вистинските проблеми ова што зборуваме за настанот наместо за глупостите што се дешаваат додека ние зборуваме за глупостите ала Дино Мерлин. На пример М-Нав го уништија сите здружно, ама битно Дино Мерлин пееше и ние сите здружно патриотски се забавуваме. Ако нема пати за битни работи, има за Дино Мерлин.
На вакви настани има многу спонзори кои покриваат дел, плус кафичите што ставија маси на трибините си платија за тоа. Како и да е, во право си дека многу работи фалат во државата ама да не беше Мерлин и другите мислиш ќе се средеа? Јас мислам повише ќе има за во нивниот џеб
Затоа јас на никој освен на сестра ми не би дала пари. Мене дури една колешка ми се дрзна да ми бара пари затоа што била под кирија сакала да оди на одмор и кажав директно не позајмувам пари на никој.
Сум слушала од мажи сељаци како се чудат како ни е гинеколошки преглед незгоден оти нели ни брца гинекологот унутра со спекулум, со брисеви, сонда за ехо и тристапичкемајчине, па ваљда би требало да уживаме, џоа патлак да ни влегува. И уствари од ова сфаќаш еден така гадничок факт - дека они не само што немаат појма за женско тело, туку мислат дека гинеколошки преглед ни е исто ко секс, или обратно. Дека како гинекологот спекулумот што го става и ни е незгодно, така и овие го бутаат унутра без да ја опуштат партнерката, па затоа не гледаат разлика зошто при секс (треба да) уживаме, а на преглед не. И си викаш како овие имаат девојки, жени. Уште потрагично е што се дрзнуваат да зборат против абортус.
Превземено.... Имам малку пријатели, затоа што не можам да пијам кафе со некој пред кого морам да внимавам што зборувам. Инстант пријателства за трач-партии и по некој селфи не ме интересираат. Не умеам да се претварам дека ми се допаѓаш ако не можам да дишам во иста просторија со тебе. Не умеам да кријам емоции, какви и да се. Ме ужасува секоја форма на комуникација со некој со кого не можам да зборувам отворено и да му праќам свои мисли, песни што ги слушам во моментот и други „небулизи“. Значи, не се „дружам“, затоа што не се чувствувам пријатно во друштво на луѓе. Ретки се оние со кои се чувствувам слободно да бидам јас. Го презирам сè што е наметнато и исценирано. Особено „пријателствата“! Животот не е за глума, животот е за живеење. Ако не си тоа што си – тогаш не постоиш. А ако не постоиш, ти и јас немаме за што да разговараме!".
Секогаш треба да сме среќни и позитивни кога се осмелуваме на некој нов чекор во животот. Само со позитива се постигнува успех! Тоа сум го утврдила сама од себе! Да не сме скептици и негативци, бидејќи тогаш и стварно ќе сме безуспешни во животот и ќе сме на едно исто место цел живот. Само со позитива, верба во самиот себе и љубов кон нештото, спремни на победа! Сега кога ќе ми текне колку многу сум можела да постигнам во животот се каам што не сум почнала порано со ова, сега ќе бев понапред во бизнисот. Но! Никад не е доцна! Денес пак ми е ден за славење за мојот успех досега и сум пресреќна Изненадена сум сама од себе, каде бев и до каде стасав за месец ипол за да добијам честитки Но,само едно ќе кажам.Бев позитивна и среќна што почнав нешто ново (а започнав скроз сама без никакво знаење и помош ) и учам со желба и расположение. И гозби пред лап топ
Далеку од тоа дека не треба да има забава.. баш напротив треба да има дружење настани и тако то.. но не е во ред да плачиме како сме сиромашни а од друга страна се расфрламе со пари по балкански или странски звезди.. можеше да има забава да речиме од 10.000 евра наместо од 200.000. Е сега за Кочани и обидите да се мешаат работите.. Кочани е Problem made in Macedonia.. и е црна дамка во нашите животи.. сите треба да се прашаме како го дозволивме тоа..
Истите пари може да се дадат на децата за лекување и помош6на родителите на починатите ( знам дека не можи никој да им ги врати назад децата....)
На крај на денот животот не застана на 16.03.2025 туку продолжи понатаму. Она што треба да не интересира е како ние за кои животот продолжи да се избориме за да такви трагедии не се повторат повеќе.. Некои се помлади овдека некои постари но мора да почнеме да се занимаваме со ова прашање ако сакаме ние и нашите деца да не плаќаме скапи кирии во други држави, да не копаме канали и фарбаме фасади за туѓи бели дворови.
за жал какви случки имам видено од приватен живот. Пример починува некој роднина и да не даваат сите други роднини по пола од платата на семејството долг период? Или да не даваме? Не. Ептен ако има апел за донации или ти побара даваш, во спротивно секој тера свој живот а реално нешто би ни смениле 3000ден (или друга сума карикирам)месечно ако даваме сите на некој близок? Луѓето како индивидуи не помагаме/помагаат а не да чекаш општина, партија да ти помогне па
Има многу работи на што можеа да се потрошат.. еве пример можеше да се инвестираат во мерки кои ќе помогнат воздухот да биде чист. да се изгради фабрика за отпад по сите европски и светски стандарди и да немаме мака со диви депонии. да се инвестираат во центар за изгореници, да се набави опрема и да се обучи кадар. и милион други работи..